Да скршнеме малце од досадното секојдневие на Сетеци и Анхочи и да позборуваме за некои поранешни времиња, кога имаше и други гиганти и надежни компании и да споделиме приказни и искуства за истите.
Ми текнува време околу 2002 кога НИКО беа буквално најснабдени и најдобри, имаа една тесна (воз) продавница на 11ти октомври и седиште со кул layout на Булевар Македонија (во училките позади рампа) во едно ко барака/подрум место.
Исто така да не ги заборавиме АМЦ компјутери, кои имаа дефинитивно фантастично уредена продавница на Булевар Климент Охридски (кај книжарата матица). Во ерата на АМД Атлон и Пентиум 4 процесори, во време кога куќиштата беа екстравагантни и hot-rod инспирирано (пример XASER 3):
Кога матичните почнаа да стануваат луди и името Fatal1ty беше синоним за перформанси:
И кога best bang for buck графички беа Нвидиа 6600 ГТ а моделите на Gainward и Leadtek беа меѓу најдобрите и ги имаше на лагер во НИКО:
Се сеќавам дека имаше повеќе ентузијазам за кул и bleeding edge делови по македонските ИТ продавници/компании. Можеби тоа дека имаше и саем на компјутери помагаше.
Се ова можеше да се види на лице место изложено кај нив во продавници и салони. И иако сум бил тинејџер без ни од далеку приближно пари за некои од компонентиве, секогаш можеше да им се восхитувам или да најдам некој да ми објасни за нивните најкул производи.
И секако да позборуваме и за други компании, и нашите искуства со нив ко ТДК, Мебиус... како и зошто и како успеаја од гиганти некои од компанииве веќе да не постојат?
ЕДИТ: И секако да сподели некој фотографии ако има од продавнициве, од саеми, од делови/конфигурации од тоа време... ехеее.

Последна промена: