1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Попустот во нашите продавници

Дискусија во форумот 'Останато' започната од Enforcer_, 4 ноември 2014.

  1. Enforcer_

    Enforcer_
    Practice makes perfect

    949
    1,042
    26 Декември 2012
    Темава ја започнувам инспириран од темата на Тоше.Некои работи не ми се јасни. На пример која е логиката на попустите од стил "за плаќање во готово имате 5% попуст" ? Кој е факторот за попуст кога и да ги платам со картичка/кредитна банката инстант ги префрла средствата на сметка и уште другиот ден може да се подигнат?

    Пред да се прават вакви финти,дали ги споредувате цените во другите продавници за истиот производ?

    Дали цело време барате попуст? Мене ми нема логика тоа... работам на такво место со што луѓено цело време се однесуваат ко зомбиња ПОПУУУУУСТТТ ИМАТЕ ПОПУУУУУУСТ??? Тоа е лош тренд што го започнаа некои фирми...секој ден даваат попуст, а не ми е јасно зошто и каков е тој попуст? Или ќе ти дигне цена 1 000ден и ќе ти спушти после 500ден, и ете го попустот. Дали би ризикувале да земете потенцијално оштетен/фаличен производ за 1 000/2 000 "попуст" што ќе го добиете.Толку ли нашиов народ не може да согледа и да процени? Или како беше, дур има овци ќе има волна.

    За поголема количина или е надмината одредена поголема сума океј е да се побара попуст, ама за секој производ и се и сешто ми нема логика. КОЈ Е ТОЈ ПОВОД И КЛУЧЕН ФАКТОР ШТО ИМ ПЕРЕ МОЗОК НА ЛУЃЕВО? И океј е да се има распродажба и такви работи.....ама земете пример до сега со попустите што сме ги имале... КАРФУР мандарини акција,со големина на орев,и сите зелени 15ден поевтини од пазарче каде што се баш мандарини, народ трча се тепа ќе јаде ѓубре за 15ден поевтино.... Техно маркет распродажба коа праеше блек фрајдеј 90% од тоа што им беше на попуст или беше рефрбишд или го немаа на лагер....

    Сакам да чујам ваше мислење, нека ме просветли некој
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,323
    3,719
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    5% попуст за кеш? Според условите на давателите на платежни картички НЕ смеат да пишат за плаќање со картичка плус 6% па затоа пишуваат обратно - попуст за кеш е 5%.
     
  3. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,194
    1,231
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Мое мислење е како што што е напишано погоре, качуваат 1000, симнуваат 500 или пак тие попусти што ги даваат на производите од 5,10,20%... е намалување од добивката што ја имаат а не од целата сума на производот. Да речеме патики, продавачот ги купил, 1000мкд, а ги продава 2000мкд, со 10% попуст, ќе бидат 1900мкд, а не 1800мкд...
     
  4. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,451
    1,886
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Тие попусти 5% до 10%, од секогаш биле добар маркетинг. Колку што јас знам, обично се даваат на поголеми суми и плаќање во ќеш (значи пари на рака, а не со платежни картици).

    Но, еве пример, јас не успеав да извлечам 5% попуст од Анхоч за сума од ~55.000 мкд. Пошто не сум од Скопје, прашав по телефон дали за компонентите кои сакам да ги земам за таа сума, би имал 5% попуст ако платам во ќеш. Дадичката на телефонот ми рече дека не може, 5% попуст за кеш имале само на нивните Анхоч системи.
     
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,323
    3,719
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    ОК, и тогаш плати ѝ со картица. :)
     
  6. borcep

    borcep
    Practice makes perfect

    802
    1,316
    12 Септември 2013
    Машко
    Попуст не барам во принцип. Барам најповолна цена по одбрани места, си го купувам и тоа е тоа. Ако немам пари да го купам, нема одлуката да ми ја смени 500-1000ден поефтино. Под одбрани места не мислам на АМЦ и нивни слични фалични деривати. Таму не помислувам ни по гратис да појдам.
     
  7. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,551
    3,467
    11 Декември 2008
    Машко
    Тоа се тие зборови што го привлекуваат просечниот македонски купувач

    ГОООЛЕЕЕЕЕМ ПОПУСТ, АКЦИЈА, РАСПРОДАЖБА

    Пример еден другар пред некој ден исто зема 32 инчен ТВ од АМЦ, рече дека видел на фејсбук дека имало АКЦИЈА некоја.
     
    На The_Man му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,451
    1,886
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Ноуп. Ги земавме компонентите преку дилер од кој добивме некои -7% од малопродажните цени.
    Сите среќни.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  9. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,339
    25,744
    4 Септември 2008
    Oваа тема нема место на It форум. Ако некој е член на It форум, и незнае кој уред што нуди, т.е. да истражи добро пред да купи, (која ревизија е, што е сменето и што не) фирмите се најмалиот проблем, самиот член/купувач е далеку поголем. Едноставно едуциран софтверџија/хардвераш, не се фаќа на такви финти, оваа тема е за оние ликови кои купуваат преку FB.
     
    На borcep му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,463
    1,641
    25 Март 2013
    Машко
    За волја на вистината, во амц навистина имаше попуст и тоа е обично кога си ги чистат залихите пример лг г2 мини навистина беше 10 800 денари. Слично намалување имаше и во анхоч на истиот телефон од 13000 на 11 600 денари.
     
  11. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,323
    3,719
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Попустите во продавниците немаат врска со Македонија и Македонците. У цел свет е исто.

    На пример - http://en.wikipedia.org/wiki/Anchoring
     
  12. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,551
    3,467
    11 Декември 2008
    Машко
    Па и не е попуст тоа, туку обично паѓање на цените, добиле нова пратка по пониска цена нормално е и тие да направат апдјет на цената.

    Или реална цена колку би требало да биде од старт, а не ќе видат не им оди продажба пошто ставиле 50% маржа.
     
  13. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,847
    2,433
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Така е и за тие од скопје што прашуваат во живо во продавница. Незнам зашто се шири на форумов дека на сите конфигурации со плаќање во кеш се добива 5% попуст во Анхоч? Тоа за обичните смртници не важи. Важи само за нивните готови конфигурации но не и за склопени по свој избор.
     
    Последна промена: 4 ноември 2014
    На tupacan му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Borsa

    Borsa
    On your way to fame

    919
    638
    10 oктомври 2011
    Машко
    Машински дизајн
    Зaр вo МК некoј дaвa пoпуст?
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  15. krema

    krema
    Professor

    9,492
    9,195
    24 Јуни 2009
    Машко
    Никој,
    прво ќе ги набилдат цените, а потоа дават 3% или 5% попуст :D
     
  16. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,712
    2,007
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel, Java, JavaScript
    [​IMG]

    4 денари :oh:
     
    На Necromancer, tupacan, The_Man и уште 4 други им се допаѓа ова.
  17. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,333
    5,249
    24 Март 2009
    Машко
    Ова е доказ дека не ги билдаат цените прво туку навистина ги намалуваат. :D
     
    На kirildimeski и olikomerc им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...