1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Поправка на матична Gigabyte P67A-D3-B3

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од Woofer, 17 Мај 2019.

  1. Woofer

    Woofer
    Gaining Experience

    146
    119
    19 Јуни 2008
    Steam:
    STEAM_0:0:20218154
    Здраво дечки,

    Дали би можеле да ми предложите сервис/лице кое би можело да ја погледне или сервисира Gigabyte P67A-D3-B3.

    Матичната визуелно нема никакво оштетувања/надуени кондензатори.
    Едноставно, при подигање, се гаси за 2 секунди без никакви beep кодови.

    Поздрав,
     
  2. krema

    krema
    Professor

    8,588
    8,318
    24 Јуни 2009
    Машко
    Дали е пробано со ресетирање на биос или со флеш на најнов биос?
     
  3. Woofer

    Woofer
    Gaining Experience

    146
    119
    19 Јуни 2008
    Steam:
    STEAM_0:0:20218154
    Не можам да стигнам до тој дел затоа што се гаси после 2 секунди.
    Пробано е CMOS ресет само.
     
  4. krema

    krema
    Professor

    8,588
    8,318
    24 Јуни 2009
    Машко
    Може свашта да биде, напојување, рам, нелегнат убаво процесор и.т.н.

    Исто да се проба и со репрограмирање на биосот.
     
    На niagacrp и Banjifiko им се допаѓа ова.
  5. Banjifiko

    Banjifiko
    Unstoppable

    2,817
    3,836
    28 oктомври 2008
    Таа плоча има DualBIOS, т.е. има 2 BIOS чипа на плочата и доколку крашне главниот BIOS, автоматски ќе си прави рековери. Затоа јас прво би одел со друго напојување, потоа со рам, па на крај, како последна опција хардверко репрограмирање на биосот.
     
    Astro, niagacrp и на SiPy` им се допаѓа ова.
  6. kirems

    kirems
    Intern

    28
    11
    28 Април 2015
    Машко
    Сум имал слични проблеми како твојот. Провери прво дали е се убаво уклучено, провери ја матичната дали лежи убаво на стендофојте, и трето провери по каблите да не е некаде некој подоголен да чепка на куќиште негде или на самото напојување. Од кај шо излегват каблите ако имаш отварано, можи да е штипнат.
     
  7. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,087
    10,357
    23 Јануари 2008
    Манга
    Може да биде се и сешто. Голема веројатност е да е чипсетот, а тоа практично значи дека е за у канта. Како се појавија симптомите? и дали пред тоа најнормално си функционирала?
     

Сподели

Вчитување...