• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Помош за задачи од Mendo C++

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Madrox94

Intern
4 март 2021
2
0
Здраво како нов ученик и почетник во светот на програмирањето се спремам за малку покомпетивен дел во светот на Мендо,решив две но закочив на трите потешки,дали може некој од вас да ме упати или барем ако ги имате решавано да ми пратите решенија за да повежбам малку од нив. (Ke бидат прикачени како слики во атачмент) Благодарам на сите однапред.
 

Атачменти

  • 58 KB Прегледи: 61
  • 55.6 KB Прегледи: 61
  • 59.4 KB Прегледи: 48

teokitan

Gaining Experience
11 октомври 2017
141
77
Задача "платформа: прво ниво": ако ја реши демо ниво, ќе можеш да ја решиш оваа. Хинтот е треба N пати да ги свртиш сите (бидејќи секогаш е најисплатливо да земеш било кое, а редоследот не е битен).

Задача "транспорт на вакцини": Dijkstra's алгоритам пушташ два пати - еднаш на сите патишта, еднаш само на тие со снег

Задача "светилките на дедо мраз": сегментно дрво (дата структура со брзи апдејти на одредена позиција и брзи queries за сума на одреден range) ама со lazy propagation (за да се овозможи апдејти на цел range одеднаш). Не е препорачливо ако си почетник.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Madrox94

Intern
4 март 2021
2
0
Благодарам за оделеното време,како апла почетник доста од твоите зборови кои имаш наведено не ми се баш познати :D
Но секако ке разгледам околу тоа што ми спомна.Благодарам пак.Поздрав
 

teokitan

Gaining Experience
11 октомври 2017
141
77
како апла почетник доста од твоите зборови кои имаш наведено не ми се баш познати
Фокусирај се на поедноставните задачи, да речеме до четвртата од училишниот (или која и да беше платформа прво ниво). Обиди се со ад-хок задачите (задачи со решенија специфични за таа задача, обично овие задачи се полесните), осигурај се дека го владееш програмскиот јазик, па подоцна почни со изучување алгоритми. Дури и Dijkstra алгоритмот за наоѓање најкраток пат е на прилично повисоко ниво што нема логика да се изучува пред овие други работи.

Сепак, како што кажав, откако убаво ќе можеш да ракуваш со јазикот и едноставните задачи, почни со „Алгоритми“ секцијата на мендо, има одлични објаснувања.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,524
Мислења
845,951
Членови
29,319
Најнов член
Busaco
На врв Дно