1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

помош за враќање податоци од хард диск

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од maci, 28 oктомври 2014.

  1. maci

    maci
    On your way to fame

    2,885
    648
    2 Април 2008
    да ви ја опишам ситуацијата.
    на примарниот хард имаше две партиции.C беше премала а D преполна па земав друг диск за бекап.се од Д префрлив на максторот кој откажа пред малку.
    како да ги вратам податоците од максторот и дали може да ги повратам податоците од првиот и како?
    на првиот ја избришав Д партицијата и го направив со една партиција.
    1.си мислев да го форматирам првиот диск на друг пц па со некоја програма да пробам да вратам нешто.
    2.да пробам да го регенерирам и поправам бед сектори на максторот

    дајте проверени опции за спасување на податоците

    во приватна порака дајте ми крак за хд регенератор или друга слична програма

    [​IMG]
     
  2. maci

    maci
    On your way to fame

    2,885
    648
    2 Април 2008
    да беше некоја плавуша да прашуваше нешто околу зуењето на вентилаторот,како неможела да го слулша тој звук........ќе пишевте до сега 3 страни
     
    На itchychy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. itchychy

    itchychy
    Intern

    20
    41
    5 Јуни 2011
    Машко
    Не го форматирај, симни HirensbootCD има тон алатки за вадење податоци од форматиран или избришан диск. Мене GetDataBack ме има спасено доста пати
     
    На Alucard и maci им се допаѓа ова.
  4. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    941
    1,435
    6 ноември 2007
    При Quick Format податоците не се бришат него се нулираат тоа првите неколку системски сектори..Бинарниот запис од податоците 10010100101 си стои запишан така да имаш програми што прават 100% повраток зашто во суштина ништо и не е избришано.
    Меѓутоа во случајов имаш спојувано партиции а највероватно и вршено нов запис така да враќањето на податоците е малку веројатно.

    Можеби е подобро да ваѓаш од Максторот....
     
    На maci му/ѝ се допаѓа ова.
  5. borcep

    borcep
    Practice makes perfect

    865
    1,427
    12 Септември 2013
    Машко
    Ако не си презапишал податоци на дискот со C и D партиции, не форматирај пак. Пробај со Recuva за почеток, па после прејди на понапредни програми. Ќе разгледам подоцна од дома, сега сум на работа па баш и немам време.
     
    На maci му/ѝ се допаѓа ова.
  6. maci

    maci
    On your way to fame

    2,885
    648
    2 Април 2008
    да дообјаснам.
    на WD имаше две партиции Ц и Д.
    податоците беа на Д.
    го ставив MAXTOR и префрлив се на него.
    Д партицијата ја споив со Ц.сега на WD има една партиција.

    затоа и пишав имам две варјанти
    првата да пробам да извадам од WD(ќе пробам ова погоре со GDB и HirensbootCD)
    и втората да пробам да го спасам MAXTOROT и да пробам да ги извадам од него.

    ми е околу начинот и постапката за спасување.
     
  7. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,235
    1,349
    31 Јануари 2014
    Машко
    R-Studio е понапредната алатка, се покажала многу ефикасна во пар наврати каде други биле беспомошни, но бара повеќе време и читање.

    Пробај и на двата диска, мислaм полесно би било на оној со споената партиција. Ако ги имаш податоците и на двата диска и во меѓувреме не си ги полнел со друга содржина за да ги презапишеш мислам имаш добра шанса.

    Пред да правиш било што ти препорачувам да го клонираш дискот, со Drive Image од истава компанија или некој сличен, па на него да правиш scan.

    Удри detailed scan и тоа ти дава да гледаш додека пребарува дали наоѓа нешто. Ако препознаеш некој фајл стопирај, види дали го бива и после остај го колку што му треба време да прави детален scan или fast ако немаш потреба да ги гледаш фајловите додека ги пронаоѓа. Ако знаеш точно кој формат фајлови бараш можеш да ги селектираш само нив за дополнително пребарување.

    * НО за сето ова ти треба време, ако сакаш набрзина не ни пробувај R-studio

    некои линкови што ми помогнале:
    http://www.unformat-unerase.com/Unformat_Help/index.html
    http://www.r-tt.com/Articles/File_Recovery_Basics/
    http://www.r-tt.com/Articles/Recovering_Partitions_on_Damaged_Disk/index.shtml
    http://www.r-tt.com/Articles/Disk_Cloning_and_Mass_System_Deployment/index.shtml
    http://www.r-tt.com/Articles/External_Disk_Recovery/
    http://www.r-tt.com/Articles/Creating_Custom_File_Type_R-Studio/index.shtml
     
    На Costigan_Jr и maci им се допаѓа ова.
  8. maci

    maci
    On your way to fame

    2,885
    648
    2 Април 2008
    со Recuva ги наоѓа избришаните слики во Ц партицијата,мене ми треба Д.
    како да ги вратам од Д партицијата? да направам Д,па можеби ќе се излаже? :)
     
  9. borcep

    borcep
    Practice makes perfect

    865
    1,427
    12 Септември 2013
    Машко
    Не. Делува како штетата да е веќе направена. Имаш ПП.
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  10. maci

    maci
    On your way to fame

    2,885
    648
    2 Април 2008
    средив работа :)
    благодарам до borcep со кој стигнавме пред крајот со програмата Partition Recovery.

    и уште едно ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ до членот Nikola Sone
    кој ми помогна да ги извадам сите податоци од избришената патиција D.

    Програмата е R Studio.
     
    liljanan, borcep, Costigan_Jr и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...