Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Предлог Помош за склопување PC

Vard

Intern
23 мај 2024
5
2
Здраво дечки, одлучив прв пат да склопам PC, до сега користев само лаптопи и за gaming и за работа, последниве 3-4 дена пробав да научам нешто околу хардвер што како оди но сепак ќе ми треба помош од поискусни да не зезнам нешто околу деловите кој планирам да ги купам.

PC-то во моментот ќе се користи за работа т.е за веб програмирање и FHD gaming на AAA single player игри, додека во блиска иднина за 4k gaming ( не ми смета и на medium да е не мора high/ultra ) а ни ray tracing не би користел.

Не ми треба јака графичка/процесор оти сеуште ќе го користам FHD мониторот додека да испадне новата серија на NVIDIA па планирам да купам 4k монитор, нов процесор и графичка, имајќи го ова во предвид би сакал помош во изборот на останатите делови кој би биле добри и не би морал да ги менувам, бидејќи графичката/процесорот планирам да ги продадам не сакам на старо да купувам за при продавање да имаат гаранција и да бидам сигурен дека тој што ќе ги купи нема да има проблеми со нив.

Во моментот ова е листата на делови кој би ги купил ( ако може да се заштеди на некој дел слободно пишете :LOL: ):

Графичка - Производ - Нексио
Процесор - CPU AMD RYZEN 5 7500F, Six Core, 5,0GHz 39MB s.AM5, 100-000000597, Tray ⋆ IT.mk
Матична - https://www.anhoch.com/products/mb-...z-oc-sata3-3x-m2-usb32-25gbit-lan-dphdmi-1264
РАМ - https://www.anhoch.com/products/dimm-32gb-ddr5-6400mhz-kingston-fury-renegade-cl32-2x16gb-8400
ССД - https://www.anhoch.com/products/ssd-m2-samsung-nvme-990-pro-1tb-pcie-40-x4-7946
Напојување - https://www.anhoch.com/products/psu-750w-msi-mag-a750gf-white-80-plus-gold-modular-1262

Изгледот на PC-то не ми е битен.
Моментално буџет 75000+-.

Кога ќе испадне новата серија NVIDIA би купил графичка од таа серија или евентуално би купил 4070 Ti Super.

Куќиште и вентилатори / водно ладење уште не сум нашол оти не знам ни што да барам :LOL:. Ако имате сугестија што да земам ве молам пишете ептен ќе ми помогнете.

Се мислам дали да одам и со матична / процесор AMD до сега не сум користел ама ми стои дека полесно ќе е за upgrade кога би купувал нов процесор, ќе треба да видам поубаво разлики со Intel и дали би имал некој проблем со AMD.

Бидејќи сум complete newbie секој совет би ми помогнал многу.
 
kikomir

Gaining Experience
30 јуни 2015
143
170
Според мене генерално е ок. Единствено што би сменил е напојувањето и би земал некое BeQuiet! или Seasonic (има во Нексио) како докажано добри, а и бонус имаат 5 години гаранција.

За графичката, ако апсолутно мораш да купиш нова некористена ондак тоа е тоа... ама ако би прифатил и користена, сигурен сум дека Pane24 или Gojdo (членови на форумот) можат да те снабдат со многу повеќе за парите.
 
thrw

Gaining Experience
3 декември 2021
619
492
Планот е добар ама препродажбата на процесорот ќе ти биде тешка малку. Графичката карта ако се појави уште една криза со недостаток на графички ќе ти излезе во прилог. Дури и да нема, пак ќе се продаде за некои 18000-12000 денари ама треба да бидеш доста упорен со тоа. Ако купуваш и чекаш од 5000-та серија на графички карти, би ти преопрачал напојување со поголем капацитет, како што оди минимум 850 ама најповолно 1000.

Земи си евтин ладилник на воздух за тој процесор „Arctic Freezer 34, Pearless assassin...“, ама кога ќе го смениш ќе треба со поголем радијатор. За куќиште земи си нешто од клоновите на „Lian Li о11 Evo“.
 
Куќиште - Куќиште за компјутер LIAN-LI O11 Dynamic EVO, бело
Ладилник - ARCTIC Freezer 34 eSports DUO Intel/AMD, ACFRE00060A, Black/Red
Напојување - Производ - Нексио

Ќе отиде малку над буџетот ама со додавање / измени на овие делови би ми фалело нешто друго или може да се комплетира build-ot ?
 
no_retreat

On your way to fame
22 јануари 2011
493
981
Деловите што планираш да ги замениш/продадеш купи ги половни по можност со преостаната гаранција. Кога ќе ги менуваш/продаваш ќе изгубиш многу помал % на пари во процесот
 
Vard

Intern
23 мај 2024
5
2
Деловите што планираш да ги замениш/продадеш купи ги половни по можност со преостаната гаранција. Кога ќе ги менуваш/продаваш ќе изгубиш многу помал % на пари во процесот

Разгледав по форумов и ми се смени малку мислењето за купување на старо, доколку излезе некоја добра понуда веројатно графичката половна ќе биде
 
Baltatzar

Intern
21 декември 2014
25
11
Скопје
Baltatzar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 7 7800X3D, NZXT T120 RGB
Motherboard
Gigabyte B650 GAMING X AX
Storage
SAMSUNG 980 PRO SSD 1TB PCIe 4.0 NVMe
PSU
CoolerMaster MWE Gold 750 80 Plus Gold
RAM
Kingston HyperX Fury Beast 32GB (2x16GB) DDR5-6000 CL36 EXPO Whit
Video card
SAPPHIRE Radeon Pure RX 7800 XT 16GB 256bit GAMING OC
Case
be quiet! Pure Base 500 DX White
Mouse
Glorious Model O Wireless
Keyboard
Keychron K8 Pro
Audio
beyerdynamic DT 770 PRO 80 ohm +FiiO KA11 DAC
Monitor
Gigaybyte G27Q Gaming Monitor 2k 144hz 1ms
OS
Win 11
а да му пишеш на @gOJDO да те накити со делови?
 
JasSum

Unstoppable
8 мај 2007
2.139
2.460
срце ми се наполни, решил некој прв компјутер да склопи :)
@gOJDO помогни му на дечково, прифаќа сугестии што е супер индикатор за добар член на форум.
@Vard добре дојде на форумов, гојдо е супер човек и не е гојдо, така да консултирај се со него, сигурно ќе ти даде интересна понуда.
 
Thanks for the warm welcome :)
 
Нови мислења

Последни Теми

Онлајн администрација

Статистика

Теми
47.111
Мислења
974.658
Членови
35.410
Најнов член
Teodora2005
На врв Дно