1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Помош за избор на телевизор????

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од red dragon, 15 Мај 2014.

  1. red dragon

    red dragon
    Intern

    45
    9
    28 Јуни 2013
    Машко
    Некој совет за купување на телевизор ЛЕД,ЛЦД или плазма што е најдобро да се земе буџетот е до 20 000 - 22 000 денари. Што значат херците-Hz кај телевизорите гледам има 50,100,200,400,600 Hz???? Ако некој се разбира може да предложи и некој линк? фала
     
  2. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,028
    1,541
    25 Јануари 2008
    Машко
    за твојот буџет мислам дека ти треба ова
     
  3. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,468
    12,643
    2 Август 2012
    Машко
    Баρај плазма од познат бρенд за тие паρи. Со тој буџет нема да најдеш LCD со доволно голема дијагонала и добρа опρеменост. Пρво ρазгледај па после ќе пρавиме муабет за хеρци.
     
    На Velix му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    За што планираш да го користиш телевизорот?
    Да не испадне глупаво прашањето, но некој членови имаатј свои конкретни намени.
    Колкава големина?
    За парите, со кои располагаш би ти го препорачал следново:
    http://www.amc.com.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID=41369&i=93&l=MK&q=&SupplierArticleID=&Action=A
    Плазмата не е фул хд, но сеедно по мое мислење.
    За рестото пари ке си купиш WD TV Live медиа плеер и телевизорот ке ти биде смарт.
    За оваа комбинација добиваш перфектна слика.
    Ако сакаш да одиш на ЛЦД ондак имаш еден куп избор, но квалитетот на сликата ке биде далеку различен...
     
  5. Velix

    Velix
    Intern

    283
    22
    9 Март 2014
    Машко
    Земи си плазма LG или Samsung. Мислам дека овие се доста квалитетни. Јас користам LG па твоја е одлуката. :D
     
  6. Velix

    Velix
    Intern

    283
    22
    9 Март 2014
    Машко
    Еве разгледав малку на сет и за тие пари би ти понудил да земеш нешто ваково. Сепак ти најдобро оди до сет или до друго место како АМЦ... и распрашајсе таму тие ќе ти понудат. :D
     
  7. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,719
    2,015
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel, Java, JavaScript
    Контраст, херци џиџи-миџи ти се само маркетиншки трик.

    -Зошто?
    - Затоа што ти го рекламираат максималниот број на херци (број на освежувања на сликата во една секунда) но не вадеуваат на која резолуција го псотигнува тоа.
    - Затоа што не се користи унифицара мерка за контраст, туку лупаат своја рандм бројкта итн итн...

    20 000 - 22 000 се многу бош цена, кога би земал за мене би земал HITACHI 40HXC06 - 18 000 42" (повеке инфорамции можеш да прочиташ тука се работи за истиот телевизор само различна димензија) или Panasonic TX L32 ххх (како овој само 32 инча околу 26 000 беше зимоска).

    Проверено добри телевизори, со IPS панел, тоа значи дека и кога ке ги гледаш од страна, деградацијата на боја ке биде многу помала а и многу по природни бои за разлиак од оние со TN панел.

    Исто добра опција е и плазма, скоро на форумов прочитав дека имало во АМЦ за 19 000 ама не би ти препорачал нешто непреоверено.

    "Едит: Ги прескокнав предлозите, сале веке ја навел палзмата"

    Никако распрашување на лице место!!!

    Подобро отвори интернет и прашај на форум, на овој или на било кој друг, одколку на лице место затоа што:
    - Голем дел од продавачите се недовлно стручни да не речам дудуци пошто немаат појма од ИТ, незнаат фундаментални работи околу телевизорите.
    - меѓу продавачите има натпревар поточно вработениот што ке успее да продаде (да убеди) најмногу муштерии да купат од одредениот бренд добива некоја награда....
    - На неуку купувачи им форсираат модели кои што ги имаат на залиха во поголеми количини, нормално само за да се ослободат од истите пошто најверојатно тие модели не се best beng for the bucks па оние малце поедуцираните свесно ги одбегнуваат па ајде некако мора да се подвалат...

    Ова се информации добиени од вработен во една наша фирма за бела техника.

    На лице место се оди само со тефтерче и да ги запишеш сите модели што ги имаат на алгер затоа што он-лајн ценовниците ретко кога се навремено ажуриран. Потоа од запишаното пребаруваш на итнернет (форуми) и со одбираш модел.
     
    Govinda, Скоти и на Razor-mk им се допаѓа ова.
  8. vane44

    vane44
    Баниран/a

    1,417
    774
    26 ноември 2010
    Мајсторе сакаш да кажеш дека плазмата ќе има поубава слика од фул ХД лед на LG?
    мој предлог е да потсобере уште 2-3К и да си го земе овој
    http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=173&product_id=206070
     
  9. red dragon

    red dragon
    Intern

    45
    9
    28 Јуни 2013
    Машко
    @Sale Sk Телевизорот kе се користи во домашни услови со Макс тв пакет претежно за фудбал,серии,вести и некој филм преку екстерен хард диск или усб ако може да се гледа.
     
  10. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Во секој поглед, во секое време и на секое место.

    Плазмата е вистинскиот избор за тебе.
    Поздрав
     
    kirev, nikigo и на dramallama им се допаѓа ова.
  11. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,468
    12,643
    2 Август 2012
    Машко
    Flegma велит....

    Плазма над LCD
    1. Супериорен контраст
    2. Супериорна црна
    3. Спорт сцени, акција - приказ на сето тоа без замачкување и сецкање.
    4. Само LCD-иња кои се 2000+ евра и кои имаат локално затемнување (local dimming) можат да се мерат со квалитетот на сликата од плазма телевизор.
    5. За спорт - исмислена (пробај да гледаш фудбал во стандардна дефиниција на LCD, гледај и плачи)
    LCD над плазма
    1. Помала потрошувачка (imho денешните плазми трошат незначително повеќе над LCD со иста дијагонала)
    2. Нема незгоден отсај од околните предмети односно светлина.
    Опременоста со фичери зависи од брендот а не од технологијата. Дали ќе има интернет, зезалици, сензори за светлина и сето тоа - од брендот.
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,440
    3,162
    24 Септември 2012
    Значи нема ништо во кое LCD е над плазма, со други зборови.
     
  13. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,468
    12,643
    2 Август 2012
    Машко
    Во последно време односно со моменталните цени нема.

    На пример во АМЦ има LG плазма (додуша не е Full HD) која чини 19.000, има 42" и својата слика прави LCD-ињата да седнат и да се опијанат од мака.
     
    tomaso, SaleSk и на mdeni им се допаѓа ова.
  14. pinky

    pinky
    Gaining Experience

    520
    418
    23 Мај 2009
    Не знам дали приметивте, плазмата што ја предлагате има резолуција 1024 х 768.
     
  15. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,063
    2,307
    19 Јули 2013
    Какво е ова замачкување и сецкање? Само јас ли не можам да го приметам или незнам да го препознаам?
     
    На vlatko175 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR
    Баниран/a

    2,632
    1,359
    14 Јули 2009
    Какво е ова замачкување и сецкање? Само јас ли не можам да го приметам или незнам да го препознаам?[/quote]

    Треба да имаш очи како терминатор за да приметиш такво нешто нај често се приметува на фудбал гледање на лцд 50 херцен
     
  17. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,468
    12,643
    2 Август 2012
    Машко
    Гледај фудбал на плазма, вρати се дома и гледај на LCD и уκлучи се повтоρно во диκусијава.
     
  18. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,518
    14 Мај 2008
    Машко
    А мислиш дека телевизијата на 3мах фура со FullHD резолуција? Таман ќе биде за тоа што ќе гледа Red Dragon.
     
  19. pinky

    pinky
    Gaining Experience

    520
    418
    23 Мај 2009
    Не е муабетот за бројот на пиксели, туку која е поентата да купиш телевизор со 4:3 резолуција, кога целата содржина е 16:9?
    И да има телевизорот некој начин на скалирање во 16:9, тоа пак би изгледало вештачко.
     
  20. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    @pinki да не се збуни нешто?
     
  21. Velix

    Velix
    Intern

    283
    22
    9 Март 2014
    Машко
    Да може да значи. Повеќе од продавачите сакат да земат повеќе пари или нешто друго па на крај и ќе те заебат. Потполно си во право другар. Ете така значи @red dragon чекај овде да ти пишат. Ќе видиш ќе има многу понуди. Одбери и зимај си го. Така најдобро за тебе. Не ги слушај тие таму. И мене така ме заебаа еднаш кога го купив компјутерот ми ставија XP. Го прашав зошто да не става 7-ца вели дека не бил добар така нешто во таа мисла. :D
     
  22. pinky

    pinky
    Gaining Experience

    520
    418
    23 Мај 2009
    Во врска со?
     
  23. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Кој продава плазма 4:3?
     
  24. pinky

    pinky
    Gaining Experience

    520
    418
    23 Мај 2009
    Телевизорот е 16:9 формат, а резолуцијата е 4:3, т.е. пикселите се правоаголни.
    http://www.lg.com/uk/tvs/lg-42PN450B > Technical specifications > Display
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  25. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Навистина не ми е јасно што зборуваш.
    Извини ама не можам да те разберам каква врска има пикселот со форматот на панелот. Ако не ти е проблем објасни ми, навистина не ми е јасно.
     

Сподели

Вчитување...