• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Помош во врска со инсталирање навигација за Android

  • Ја почнал/а темата
  • #1

The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
1,111
452
Не најдов друго соодветно место да отворам нова тема па ќе напишам овде.

Пред едно 3-4 години кога бевме за Германија, мислам тогаш отидовме со онаа навигацијата што ја имавме купено, на посебен таблет. И не однесе, се тоа супер. Арно ама тачот на тој навигационен таблет тиња. Мора нонстоп да е уклучен на полнач, а еве сега последно мислам дека и на цело се заеба навигацијата на тој уред. Постара верзија, мапите постари исто така, буквално тогаш плативме во мобилара да ни ги надградат мапите.

Е сега кога стигнавме таму, кај еден пријател на моите он ни симна навигација на телефон, понова и подобра. И после тоа се си работеше супер.

Неколку години потоа, пуштам еден ден навигацијата самата по себе пројави некаков проблем, најверојатно со резолуцијата, и се расипа.

После тоа барав јас на интернет, една најдов и ја симнав на новиот телефон ама и таа после едно време пројави некаков проблем со фајловите. И од тогаш се изнервирав и откажав. Секако каде и да одиме по странство навигација ни треба, па затоа потоа почнав пак да барам. Мислам минатата година беше некаде Април - Мај, пишав во тој другиот македонски GSM форум. Ми прати еден бугарин се тоа убаво, некако ми објасни, ама после бидна ова со коронава, неможевме да отидеме никаде надвор од државата и реално не ни имаше потреба за навигација да се симнува. И еве сега во план е да се оди за грчка наскоро, па гледав пак да видам да ја симнам таа ама тој бугаринот си ги тргнал фајловите.

Од претходно гледав еден друг странски форум чинам GPS форум се викаше, таму најдов една убава, нова навигација, буквално ги има сите фајлови, (гледав од тоа што ми препорача тој бугаринот), ама па има милион теми таму за различни навигации, милион работи, а и не е објаснето убаво.

Симнав една iGo Primo Nextgen Palestine, успеав апликацијата да ја симнам. Прво пробав на SD картица (така и пишуваше во фајлот), ама не се пушти во опште. Ја префрлив на внатрешна меморија, па се пушти до негде ама се изгаси. Очигледно, бидејки ги немам останатите фајлови симнато. Со самите првични фајлови што ги симнав дојдоа и некои други ZIP фајлови, освен apk. фајлот од самата апликација, а на самата тема во тој форум имаше напишано дека нешто друго треба да се симне за фајловите, што е уште по - збунувачко.

Па, ако има некој што се разбира од ова, слободно нека ми пише во приватна порака малку да ми појасни, ќе пратам се што треба (знам дека овде не смее да се праќа линкови, фајлови, и слично), па да пробам еднаш за секогаш да симнам асално навигација на телефонот и да не се замарам.

На GSM македонскиот форум не ни има во опште толку активност таму, не ни вреди да се замарам и да прашувам. Кој сака да ми помогне во врска со ова, слободно нека ми пише во приватна порака.

Да се снајдам со ова навигацијава, на тие што им треба помош со симнување фајлови би им помогнал.
 
ivsss

V.I.P
16 февруари 2012
336
669
Мапите на Microsoft (што мислам дека се најдобрите мапи за навигациски системи) се користат во HERE WeGo, бесплатна апликација за Андроид.

Мапи симнуваш за секој континент/земја што ти е потребна, се надградуваат редовно.
Имам поминато преку 100К километри со навигацијава и сум немал никакви проблеми.

Поздрав,
Ивс.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
1,111
452
Знам за тие, ама некако јас и моите сме врзани со iGo некако, и од 1,000 други причини едноставно не се замарам со други навигации. Што е до мене не е проблем и нешто друго да пробам, ама веќе не ми се експериментира. Заради тоа и барам помош од оние по - искусните да ми помогне некој да средам.

Пишете ми во приватна порака тие што се разбирате со iGo, ќе ви пратам од каде и како па да се среди ова да не се замарам со проблеми.
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4,621
5,206
Јас лично од како google maps се појавија на пазарот, веќе друга навигација не ставив на телефонот.
Инаку гугл знае многу да те испоусере по уличките и со вртеници и еден куп заебанции, па затоа е добро пред да се тргне на пат, да се прегледа детално патеката по која ке бидеш воден и да се зачува...
Мапите се симнуваат инстант и стојат во телефонот. Така да не ти треба ништо друго од навигација.
 
Piedpiper

Gaining Experience
26 август 2019
164
177
Имаш на замунда, Sygic навигација кракната која работи на TomTom мапи. Лесно се инсталира, само се генерираат државите кои ги сакаш да ги имаш и фолдерите copy-paste во тел.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
1,111
452
Ве разбирам се тоа, ама како што реков некако сме врзани со оваа iGo навигација а и реално веќе нејќам да се замарам со други навигации.

Значи навигацијата е најдена, симата е како apk. фајл, но проблемот е што има 300 различни други фајлови што требаат, има во ZIP фајлови, и што ли незнам. Проблемот не ми е што ја симнав, туку постапката на инсталирање потребни фајлови, мапи, и уште што ли не, е тоа ми е мене проблем. Заради тоа и барам помош во врска со оваа навигација.

Ако не е проблем, ќе пратам овде линк па нека проба некој да ја симне, со се мапите и да може да се префрли на Micro SD картица. Или пак може и на приватна порака да ми пишете.

Што е до мене, јас би симнал и некоја друга навигација. Google Maps се имаат доста унапредено, ама проблеми си има и тоа исто така. Едноставно навикнати сме веќе на iGO и нејќеме да се замараме, особено моите нејќат.
 
TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
2,625
4,417
TylerMkD's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 3700X
Motherboard
MSI B450 Tomahawk Max
Storage
Samsung 970 Pro NVMe 500GB + Samsung 850 Evo 120GB + EVO 860 250GB
PSU
Cooler Master Silent Pro M2 620W
RAM
Kingston HyperX Fury Black 2 x 16GB
Video card
Asus ROG Strix RTX 3080 O10G
Case
NZXT H500
Mouse
Razer Deathadder
Keyboard
Steelseries Apex M750
Audio
Sony WCH-700
Monitor
Dell U2414H
OS
Win 10 Pro
Јас не знам што си запнал со некоја безвезна навигација која многу ретко се користи. Here We Go е одлична и бесплатна.

Ова е како да прашаш совет за телефон, ама да се навикнати твоите на Nokia и да мора Nokia да биде место нешто поасално. Батали го iGO, кај другиве навигации ти е „пали-вози“. Не збориме тука за нов програмски јазик да научите, него само нов (и веројатно подобар) интерфејс кој за 5 минути ќе го разберете.
 
petkotrajko

Gaining Experience
16 јуни 2017
207
154
Ве разбирам се тоа, ама како што реков некако сме врзани со оваа iGo навигација а и реално веќе нејќам да се замарам со други навигации.

Значи навигацијата е најдена, симата е како apk. фајл, но проблемот е што има 300 различни други фајлови што требаат, има во ZIP фајлови, и што ли незнам. Проблемот не ми е што ја симнав, туку постапката на инсталирање потребни фајлови, мапи, и уште што ли не, е тоа ми е мене проблем. Заради тоа и барам помош во врска со оваа навигација.

Ако не е проблем, ќе пратам овде линк па нека проба некој да ја симне, со се мапите и да може да се префрли на Micro SD картица. Или пак може и на приватна порака да ми пишете.

Што е до мене, јас би симнал и некоја друга навигација. Google Maps се имаат доста унапредено, ама проблеми си има и тоа исто така. Едноставно навикнати сме веќе на iGO и нејќеме да се замараме, особено моите нејќат.
Ами шо не си клајш аЈго...
Шотуку не драпаш тука? ;)

Испратено од телефоно.
 
Avid

Guru
21 јануари 2009
5,811
9,238
Скопје
Google Maps се имаат доста унапредено
Па не доста, ама така по малце. Реално ја уште не сум задоволен од Google Maps и строго продолжувам да си користам iGo.

Него, некој да ми објасни зошто 80% се Македонци у ривјуана?
 
Enquito

Practice makes perfect
8 август 2017
1,667
1,020
Па не доста, ама така по малце. Реално ја уште не сум задоволен од Google Maps и строго продолжувам да си користам iGo.

Него, некој да ми објасни зошто 80% се Македонци у ривјуана?
Само Американци се кај мене, можеби регионот ти е наместен на МК, кај мене е УСА регион. Screenshot_2021-07-06-19-52-55-087_com.android.vending.jpg
 
Gaston

Unstoppable
9 февруари 2011
1,634
2,882
Gaston's setup  
Audio
AR

TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
2,625
4,417
TylerMkD's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 3700X
Motherboard
MSI B450 Tomahawk Max
Storage
Samsung 970 Pro NVMe 500GB + Samsung 850 Evo 120GB + EVO 860 250GB
PSU
Cooler Master Silent Pro M2 620W
RAM
Kingston HyperX Fury Black 2 x 16GB
Video card
Asus ROG Strix RTX 3080 O10G
Case
NZXT H500
Mouse
Razer Deathadder
Keyboard
Steelseries Apex M750
Audio
Sony WCH-700
Monitor
Dell U2414H
OS
Win 10 Pro

Piedpiper

Gaining Experience
26 август 2019
164
177
Кај се мести тоа побогу?
Во Play Store во Settings, General, Accounts and device preferences, Country and Profiles. Ако си бил во друга земја изминатиот период ќе излезе тука за да ја смениш. Се менува земја еднаш годишно.
 
Avid

Guru
21 јануари 2009
5,811
9,238
Скопје
Во Play Store во Settings, General, Accounts and device preferences, Country and Profiles. Ако си бил во друга земја изминатиот период ќе излезе тука за да ја смениш. Се менува земја еднаш годишно.
Тоа го немам чепкано, Македонија си стои.
Но побогу зошто таа поставка таму би имала влијание на reviews... мислам, океј, пишува тука "you may see content based on your IP" но тотално ми нема логика ова да ми дава ривјус само од Македонци...
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,331
28,687
kalco.ru
Нема тоа значење, ревјуа ти влече од јазик на телефонот. Ако ти е на мекдонски ти ги дава македонски ревјуа. Мене во Country and Profiles ми стои македонија, ама пошто телефонот ми е на руски прикажува само руски ревјуа...
 
Avid

Guru
21 јануари 2009
5,811
9,238
Скопје
ревјуа ти влече од јазик на телефонот. Ако ти е на мекдонски ти ги дава македонски ревјуа.
Грешка си.
А и со цел памет мислиш дека јазикот на телефонот ми е на македонски? :D
Англиски ми е... иначе по default кај reviews е ставено "relevant" и ете, Гугл мисли дека relevant ќе бидат само од Македонци...
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,331
28,687
kalco.ru
Сеа ме заитересира, бев убеден дека е до јазикот. Иста апликација отворена преку телефон и преку лаптоп. Закачени на иста ИП адреса.

Првата е од телефон каде јазик е ставен на руски, а втората е од лаптоп со англиски јазик.
Screenshot_20210707-141917_Google Play Store.jpg
Screenshot_1.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avid

Avid

Guru
21 јануари 2009
5,811
9,238
Скопје
Сеа ме заитересира, бев убеден дека е до јазикот. Иста апликација отворена преку телефон и преку лаптоп. Закачени на иста ИП адреса.

Првата е од телефон каде јазик е ставен на руски, а втората е од лаптоп со англиски јазик.
Погледнете го атачментот 102326
Погледнете го атачментот 102327
Чекај сеа и јас се замислив малку.
Од телефон ми ги дава на англиски (ја уствари цело време на компјутер ги проверував) а на компјутер ми ги дава на македонски.
Ама стој!
На компјутер, со акаунтот што ми е логиран на Хром (истиот е и на телефон) е на англиски.
Ама мене Хром не ми е дифолт! Ја Фајрфокс го користам повеќе (со него ги отворав ривјуата) а со Фајрфокс кога ќе го отворам логиран сум со друг акаунт!
За да бидат нештата уште поинтересни, јазикот на другиов акаунт што е врзан на Фајрфокс е на англиски! А ривјуата ги дава македонските!
 
Но тоа не е се........
 
Misko6000

On your way to fame
5 април 2015
917
834
Ве разбирам се тоа, ама како што реков некако сме врзани со оваа iGo навигација а и реално веќе нејќам да се замарам со други навигации.

Значи навигацијата е најдена, симата е како apk. фајл, но проблемот е што има 300 различни други фајлови што требаат, има во ZIP фајлови, и што ли незнам. Проблемот не ми е што ја симнав, туку постапката на инсталирање потребни фајлови, мапи, и уште што ли не, е тоа ми е мене проблем. Заради тоа и барам помош во врска со оваа навигација.

Ако не е проблем, ќе пратам овде линк па нека проба некој да ја симне, со се мапите и да може да се префрли на Micro SD картица. Или пак може и на приватна порака да ми пишете.

Што е до мене, јас би симнал и некоја друга навигација. Google Maps се имаат доста унапредено, ама проблеми си има и тоа исто така. Едноставно навикнати сме веќе на iGO и нејќеме да се замараме, особено моите нејќат.
Стави си iGo Luna го има на многу форуми, изгледа и функционира одлично.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,737
Мислења
856,439
Членови
29,742
Најнов член
MilanTrajkovski1
На врв Дно