1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Помош со верификација на amazon seller account

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од Fatal1ty_, 30 ноември 2019.

  1. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,417
    25,095
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Поздрав дечки,
    Веќе месец дена се обидувам да ја верифкувам мојата амазон сметка (за продавачи) но неуспешно. Статус му е Your account has been deactivated.
    Поврзан е со пејонир на кој ми направија успешна транскација во двата правци (ми земаа и ми вратија пари на неа 0.12 долари). Порака што ја добивам е:

    Ок документ на англиски јазик,
    Им пишав на а1 да ми пратат фактура на англиски јазик и ми ја пратија,
    Ја прикачив на амазон и истат пројде
    Screenshot

    Но сеуште е деактивиран.
    На техничка поддршка не добивам одговор. Имам два тикета отворено но без одговор што е она што теба да го направам за да ми до реактивираат акаунтот... ја се сомневам на болдираното од цитатот...

    Некој да има искуство со ова...
     
  2. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,282
    6,394
    27 Март 2014
    Не не сакаат како држава. Просто е. Со криминоген народ не сакаат да си имаат работа.
     
    На Pane-G му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,417
    25,095
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Па зошто тогаш не има во листата кога креираме акаунт, нај легално, ми одобрија и пасош и се, адреса на живеење...дури и како македонија не има без префикси...
     
  4. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,282
    6,394
    27 Март 2014
    И на Пејпал не има, па пак не можеме легално да примаме пари. ✌
     
  5. Blaxus

    Blaxus
    Intern

    3
    1
    8 ноември 2016
    Машко
    Ист проблем имав коа пробав да продавам дигитални ствари на Амазон. После еден месец инстант верификација коа напраив нов акаунт со бугарски пасош. До државата е 100% (не велам дека нема шанси да ти го одобрат).
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,417
    25,095
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    И што да напраам? Немам бугарски документи.
    Зарем ниеден македонец нема успеано да верифкува акаунт на амазон со наши документи?
     
  7. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,282
    6,394
    27 Март 2014
    Ништо неможе да направиш. Ти кажав. Никој не сака да си има работа со криминогена нација.
     
  8. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,417
    25,095
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Не ми помагаш брат, не може не е решение
    Сигурно некој успеал....
     
    DrMTR, Ragnar и на Oktar им се допаѓа ова.
  9. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,358
    3,049
    4 Септември 2008
    Пробај ѕвони на support, мислам дека така има поголеми шанси да завршиш работа.
     
    DonFrozex, goran_oh и на Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  10. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,417
    25,095
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    update
    Ситуацијата ескалираше.
    По телефонскиот разговор со поддршката на амазон добив информација дека фактура од а1 не била официјална туку некој земал ја отворил ја превел и ми ја пратил. Им реков дека ќе ја проверам ситуацијат.
    Од корисничката поддршка на а1 добив одговор дека не издаваат фактури на друг јаик освен на македонски.
    Пото повторно се слушнав со техничката поддршка на амазнон и им ја објаснив ситуацијата. Ми рекоа дека ќе отворат тикет во мое име до соодветниот оддел и дека во рок од 24часа ќе добијам одговор што понатака.

    Ќе споделам следен update кога ќе добијам информација што да направам.

    Поздрав.

    P.S два позива кон амазон (~ 12min ) ме чинеа 643ден. (чисто да си имате како информација).
     
    На gOJDO, Astraion, DrMTR и уште 4 други им се допаѓа ова.
  11. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,358
    3,049
    4 Септември 2008
    eBay support може да се ѕвони бесплатно преку Skype, провери и кај овие дали е исто. Исто е и за PayPal, бесплатно преку Skype.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,417
    25,095
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Не проверив ќе проверам подоцна.
     
  13. DeJaVu

    DeJaVu
    On your way to fame

    541
    666
    21 ноември 2010
    Машко
    И да немаат варијанта преку скајп, болје земи си 5$ кредит на скајп(или некој друг воип провајдер) да можеш на фиксни/мобилни да вртиш.Смешни се цените на тој начин, некои 2 центи е минута за америка.

    Едит
    Skype Credit | Pay-as-you-go calling and SMS internationally | Skype
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    922
    463
    5 Јуни 2007
    Машко
  15. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,354
    9,840
    23 oктомври 2012
    Машко
    Ја им титкам и чекам они да се јават :D :D :D Шала на страна, 2-3 пати кога сум имал некој проблем, они ми се јавувале.
     
    На olikomerc и causevd им се допаѓа ова.
  16. efto

    efto
    Gaining Experience

    278
    230
    19 Април 2007
    Прифаќаат сметка преведена и заверена од овластен преведувач? Прашај, кога веќе нема други решенија.
     
    Последна промена: 3 Декември 2019 во 15:53
  17. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,417
    25,095
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ја добив истата шаблон порака. И секој пат ја добивам истата, без конкретно образложение дали може преведена и заверена од судски преведувач со печат и потпис, ни што е конретниот проблем.
    Почињам да губам надеж дека ќе успеам некако да го средам...
     
  18. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    753
    805
    9 Декември 2015
    Машко
    Досадувај им по телефон пак. Вака со мејлови и пораки не може да се разбереш. Инаку може не си ни требал да се замараш со барање на англиски копија од фактура. Прати ја директно на кирилица кој знае дали гледаат :)
     
    На Pane-G му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,417
    25,095
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ќе пробам преки скајп да ги контактирам за поефтино.

    Ќе споделам што одговор сум добил
     
    На Ragnar му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,417
    25,095
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    UPDATE #2

    Конечно мрднавав од мртва точка. По вчерашниот разговор преку телефон добив некоја конкретна информација, а тоа е дека не се профаќаат сметки од мобилен оператор,туку само piped or natural gas, electricity, piped water, or internet service, па затоа ми била блокирана сметката. Покрај тоа треба да приложам валидна кредитка картичка заедно со документот.

    НО! проблемот е во тоа што немам друга сметка од погоре спомнатите на мое име.
    Затоа следно што ќе направам е прфрлање на сметка за струја на мое име па потоа ќе си ја пробам среќата повторно.
     
    Маша, bxxxn, Ragnar и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    753
    805
    9 Декември 2015
    Машко
    Ако личните документи ти се на иста адреса можеби нема да е проблем. Ама подобро префрли некоја сметка на твое име, само не заборавај дека после ти ќе бидеш лично одговорен за плаќање на таа сметка :)
     
  22. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,282
    6,394
    27 Март 2014
    Побараа крвна група, извештај од отоларинголог и седиментација ма црвени крвни зрнца ?
     
  23. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,038
    1,158
    11 Март 2011
    Колку што знам сметки се префрлаат во централата на ЕВН во ново Лисиче, ќе треба да одат и стариот и новит корисник, старите сметки да се подмирени, да се приложи некаков договор за купопродажба (при промена на сопственост). Може полесно ќе пројдеш но мој предлот вклучи интернет од некој без месечен договор и приложи сметка.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  24. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,947
    2,186
    19 Јули 2013
    Не треба договор за купопродажба, а во случајов и нема. Мене ми бараа изјави заверени на нотар дека стариот се откажува а новиот се нафаќа да биде носител на сметката.

    @Fatal1ty_ Пробај со водовод, таму е многу поедноставно пренесувањето на корисник. Во меѓувреме пробај со сметка на иста адреса и со исто презиме, ако ти се такви сметките.
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  25. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,132
    12,647
    23 Јануари 2008
    Манга
    Треба да оди само новиот плаќач со документ за сопственост(имотен лист или поседовен лист или купо-продажен договор заверен на нотар) или документ за закуп(договор заверен на нотар).
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...