1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Помош со Joomla сајт

Дискусија во форумот 'HTML, CSS, JavaScript, XML базирани' започната од skullmonkey, 22 Јануари 2020.

  1. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,081
    3,219
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Имам проблем со брзина на вчитување на веб сајт. Не можам да детектирам што е проблемот. Сајтот е https://eurostandard.mk и направен е во Joomla 3. Дури и на https://developers.google.com/speed/pagespeed/insights/ не можам да го проверам зашто на 79-80% ми враќа Lighthouse returned error: NO_FCP. Something went wrong with recording the trace over your page load. Please run Lighthouse again. (NO_FCP)

    Пробано:
    - htaccess фајлот е тргнат но и така нема разлика
    - Пробано со инкогнито и прајвет таб исто не работи
    - Земен бекап од пред 15 дена кога работеше ок - нема разила

    - Хостиран е на МКХост. Од таму велат дека се е во ред со ресурсите и дека нема никаков проблем кај нив иако проблемот настана кога го зголемија пакетот на хостинг. Не сум сигурен дали денови пред тоа праеше проблем.

    - Успеав да го убрзам со плагини за оптимизација но тоа е ако секој ги помине бар еднаш страниците што е проблем. Кога се сурфа на нова подстрана се чека по 60 секунди.

    Дајте некој совет зашто од 9:00 сум на ПЦ и веќе немам идеи, а богами и морал.

    Фала!
     
  2. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    800
    709
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Имаш или споро квери или грешки во пхп кодот. Зависи на каков тип на сервер е хостиран, или пак типот на хостинг. Зашто не најмиш некој професионално да ти го среди проблемот, кога веќе се работи за комерцијална работа? Јас непамтам некоја банка нешто гратис да ми дала во животот.
     
  3. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,081
    3,219
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Не е гратис. Јас им го правев пред 7 години и им го одржувам. Сега ми се јави проблемов и заглавив.
     
  4. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    800
    709
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Индиректно ти бараш помош за нешто за што си платен, што е малку невкусно, особено што се работи за банка.
     
    TylerMkD, G4M3R, DonFrozex и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    436
    1,304
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    @skullmonkey мене сосема нормално ми ја отвара странава од странство. Провери да не е заразена директно во база, барај users, cookies. Или е заразена или има проблем со некој од Uplink провајдерите, мислам дека Телекабел и А1 (и сите останати што го користат тој аплинк) во моментов имаат проблем со одреден uplink.
     
    На skullmonkey му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,218
    1,269
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Исто и кај мене, значително добар респонс, прво вчитување 5 секунди.
    А1 30/1 пакет.
    2020-01-22 19_12_38-.png
     
    На skullmonkey му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mrce

    mrce
    Intern

    177
    27
    2 ноември 2009
    Немаш проблем со клиентските ресурси освен шо лодаш 2 пати jquery. Чекав 1.5 минути да ми ја отвори https://eurostandard.mk/mk/krediti/nenamenski/vidi-nenamenski

    Queued at 0
    Started at 1.79 ms
    Resource Scheduling DURATION
    Queueing 1.79 ms
    Connection Start DURATION
    Stalled 123.93 ms
    DNS Lookup 0
    Initial connection 121.79 ms
    SSL 63.18 ms
    Request/Response DURATION
    Request sent 0.21 ms
    Waiting (TTFB) 1.5 min
    Content Download 3.67 ms

    TTFB (Time to First Byte) ти е 1.5 минути, што значи дека прелистувачот чекал толку време да го добие првиот податок од серверот. Што значи треба да бараш во логовите, дали споро квери, дали процесорот ти рика ако си на shared хостинг, може правиш екстерни повици до други сервиси етц..
     
    На skullmonkey му/ѝ се допаѓа ова.
  8. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,081
    3,219
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Може да пробате некое подмени и да ми пишете како отвара? Насловната е ок дека е искеширана.

    Го сконтав тоа и јас, затоа и пишав. За процесорот не можам ништо да превземам, али да видам од логовите дали ќе сконтам нешто. Фала.

    btw, На кои логови мислиш? Joomla или на серверот?
     
  9. mrce

    mrce
    Intern

    177
    27
    2 ноември 2009
    На каков хостинг си? Ако си на ВПС/Дедикејтер може да зирнам.
     
    На skullmonkey му/ѝ се допаѓа ова.
  10. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,081
    3,219
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    На МКХост е, стандарден шерд хостинг.

    EDIT: Сега веќе ќеширањето од плагинот JotCache работи и голем дел од страните се отвараат инстант. Али прво мора еднаш да ја отворам.
     
    Последна промена: 22 Јануари 2020
  11. mrce

    mrce
    Intern

    177
    27
    2 ноември 2009
    Незнам дали имаш пристап до серверските логови на шерд хостинг. Треба да чепнеш во логовите на веб серверот (најверојатно апачи) и дб серверот.
     
  12. dddragan

    dddragan
    Gaining Experience

    212
    221
    12 Август 2014
    Машко
    Колку глуп муабет, алал. Според логикава, stackoverflow не треба да постои.
     
    artweb, tupacan и на Aowek им се допаѓа ова.
  13. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,218
    1,269
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Неколку рандом пејџови
    Хартии од вредност
    2020-01-22 19_51_01-Window.png
    Интернет банка
    2020-01-22 19_51_41-Window.png
    Сите наменски кредити
    2020-01-22 19_54_36-Window.png
    АТМ локации
    2020-01-22 19_57_06-Window.png

    Вака навидум све изгледа ок, но гугл многу слабо ја рангира странава
    PageSpeed Insights
     
    На skullmonkey му/ѝ се допаѓа ова.
  14. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,763
    3,213
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Не е глуп муабет. Квази девелопери со драг н дроп шо прават веб страни и на најмали глупости заглавуваат, еве погоре пример. Како се нафаќа некој да направи нешто а после при системски проблем да не знае да го поправи (а проблемот е тривијален, лесен за решавање) е далеку од ок.

    Онтопик: провери во Network табот скриптите како и за колку време ги вчитува. Така ќе имаш идеја кај е проблемот.

    Инсталирање плагини за оптимизација (во твојот случај) не само шо е непотребно, туку и опасно.
     
    На DonFrozex и SmartGuru им се допаѓа ова.
  15. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,081
    3,219
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Полека бе дечки, побарав помош како и на секој друг форум у светов. Немојте одма на боксови и клоци. Еве со ваков конкретен проблем првпат се среќавам. Како да научам ако не прашам.

    Инаку цел ден буљам во Network табот и нема ништо конкретно за да се фатам за него... барем јас не го гледам.

    Освен ова кое ми кажува дека минута време му треба на сајтот да се вчита. После тоа сајтот веднаш се појавува.
    Screenshot_8.png
     
    coNNectMKD, skopje_mkd и на Zippo им се допаѓа ова.
  16. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,763
    3,213
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Имаш еден чекбокс Preserve log. Штиклирај го. На црвеното копче исчисти го цел лог, и после еден рефреш. Така ќе ти зачува цел лог, нема да ти се избриши, и ќе видиш која скрипта се вчитува најдолго. Рефреширај со F5, а не со Crtl + F5.
     
    На DonFrozex и Zippo им се допаѓа ова.
  17. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,081
    3,219
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Фала ти.
    Работата е што нема проблематична скрипта. Се се по 100-200мс.
    Ова е најголемиот проблем:
    upload_2020-1-22_20-27-50.png

    upload_2020-1-22_20-28-17.png

    upload_2020-1-22_20-28-54.png
     
  18. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,763
    3,213
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Ова е бекендот. Имаш менувано нешто во бекендот шо вчитува нешто, некое квери или некаков ресурс? Би тргнал, на staging (ako има versioning страната) делот, да дебагирам едно по едно шо лоудира. Ако не, ќе мораш касно навечер ко има малку сообраќај, и квери по квери. То шо ќе го исклучиш а се убрза страната, то е проблем .

    Сумњам на скапо квери (неоптимизирано или премногу ресурси бара) или некаде прај риквест и тој е спор. Треба да се види бекендот.

    Вака мислам дека нема да најдиме шо е пошто немаме пристап, а јас би бил внимателен на кој би дал пристап да види шо е проблемот.
     
    DonFrozex, Zippo и на skullmonkey им се допаѓа ова.
  19. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,081
    3,219
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Игла у сено... ме курчи дека немаше проблем до пред недела дена, а од тогаш ништо не е менувано.
    У секој случај, фала ти.
     
  20. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,763
    3,213
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Види то шо досега вчитуваш едно по едно во бекендот колку време му треба да вчита. Претпоставувам вчитуваш слики нешто шо сега споро ги чита од некаде. Пробај така
     
    На skullmonkey му/ѝ се допаѓа ова.
  21. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,081
    3,219
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Ова независно за која потстрана се работи? На почетната и на потстраните има комплетно различни елементи.
     
  22. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,763
    3,213
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    На почетната, па после ќе дебагираш на останатите
     
    На skullmonkey му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    800
    709
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Ако имаш пристап провери ги логовите за MySQL, Apache и PHP. Во MySQL имаш активирање на slow query log кој ќе се генерира секогаш кога некое квери ќе трае повеќе од времето наведено во long_query_time. Apache ќе ти даде преглед на 5xx и 4xx грешки кои ќе ти кажат ако има некоја интерна грешка, a PHP ќе ти каже дека некоја функција фали во PHP верзијата. Ако е cPanel ондак најверојатно се изместиле некои од вредностите кои биле зададени во претходниот пакет (конфигурација), променета е PHP верзијата или фали PHP екстензија.

    Кеширањето само го митигира проблемот.
     
    На spiritBreaker и skullmonkey им се допаѓа ова.
  24. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,763
    3,213
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    башка, ако е cpanel, подолу во опциите имаше едно Errors, како големо коцкасто копче, и голем дел од грешките ги дава таму. види и ако можиш да си уклучиш SSH пристап, па ако можиш, ондак е лесно да ги видиш логовите (apache, php) и да најдиш кај му е маката
     
    На Zippo и skullmonkey им се допаѓа ова.
  25. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,115
    599
    12 Април 2017
    Машко
    Јас искрено би ти препорачал да ја ре-изработиш во WordPress. Многу полесно се решаваат проблеми, најчесто со еден Google Search.

    Иначе моментално кај мене не го отвара сајтот. (Со и без ВПН)
     
    На Aowek му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. MilanS87
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    1,228
  2. vlatkorun
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    780
  3. daceee90
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    538
  4. smole
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    576
  5. Кристијан Про
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    1,053
Вчитување...

Сподели

Вчитување...