1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Помош со избор на солидно напојување

Дискусија во форумот 'Останато' започната од Zaree, 23 Јануари 2020.

  1. Zaree

    Zaree
    Intern

    18
    12
    7 Јули 2018
    Машко
    Кувариште
    Здраво дечки ми треба мала помош,а може и не е баш мала според мене :)
    имам компјутер склопено од анхоч т.е ми го склопија колку цсго да играм е сеа земав ryzen 3 2200g со 8 гига hyperx 2666mhz рам матична оваа ми е
    MB MSI A320M PRO-E AM4 DDR4 3200MHz OC SATA3 USB3.1 GBit LAN DVI/VGA
    купив денеска графичка asus gtx 670 2 gb од @toshex супер е графичкава туку имам проблем да ми дадете совет за напојувањево какво да земам дали со ова ќе тера ако ставам пин pci e 2х оти немам такви на напојувањето и некое скромно може и од форумов да понудите

    П.С нов сум не знам дали е правилно отворена темава корегирајте ме
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zaree

    Zaree
    Intern

    18
    12
    7 Јули 2018
    Машко
    Кувариште
    PSU 700W Matrix 20+4pin, 2xSATA, 8cm Fan, CE напојувањето е ова
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  3. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    341
    290
    21 Мај 2017
    Машко
    Во никој случај на тоа напојување немој да ја склопуваш конфигурацијата, ти треба напојување што ќе има барем 25 ампери @ 12 volt
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  4. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,307
    4,523
    18 Септември 2013
    Машко
    Да се надоврзам од синоќа ко шо му кажав на членот, моја препорака е да не се брза и да си го смени напојувањето. Ако има членови тука кои имаат некои добри понуди нека му пишат во ПП или јавно со понуди, пошо на ново се поскапи напојувањата а сите знаеме дека добро напојување си трае.

    Членот сака што побрзо да почне да игра игрици и мене ми е тоа јасно но ко што му кажав ако се брза и проба со тоа напојување со адаптери да тера барем некој период мое стравување е дека ќе му рикне напојувањето од оптеретеност а со тоа може ќе повлече и некој друг дел од системот.

    Но го советував да отвори тема и да праша за мислења и помош и од други членови. Се осеќам малце глупо шо не го прашав уопште за напојување кога сите други кои ме прашуваа за графичката од реклама 5 ги прашав прво тоа. Мислев дека пошто ме контактираше преку ИТ форумот си знае членот до толку и има проверено дека има конектори за графичка на напојувањето.

    Така шо и во мое име ве молам понудете му опции на дечкото бидејќи е ентузијаст и стварно фин момак, и почнува да разбира и сака да учи за компјутерите па да не направи грешка никогаш повеќе у оваа област и да стигне до солидни компоненти со помош на заедницава.
     
    На PC_GAMER и Zaree им се допаѓа ова.
  5. Anungunrama

    Anungunrama
    Intern

    55
    48
    5 Февруари 2019
    Машко
    Разгледај низ форумов опции прво, за добри цени имаш топ избор. У Анхоч исто да видиш, некоја 500-ка, 550-ка ќе ти врши работа од DeepCool за испод 50 е. Ја имам DeepCool 550 W на истата плоча и тера супер со RX 580. Не би зимал Gembird (не само напојувања, баш ништо од нив :D ). Од лично искуство неквалитетно напојување може да рикне прилично брзо па боље да си идеш минимум на DeepCool евентуално Cooler Master или што и да ти препорачаат други членови ;)
     
    Zaree, DaVoRkNe и на toshex им се допаѓа ова.
  6. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    540
    393
    26 Март 2016
    Relativno e znacenjeto na ova "solidno" napojuvanje (izvinete za kirilicata neam mak poddrska tuka). Ima solidni Bronze napojuvanja od solidni brendovi sho ke ti brkaat rabota. Za toj sistem 500ka ti e povekje od dovolno. Za mene solidno e NZXT napojuvanje Gold-certified ama mrsni se tie, ama prezadovolen sum od izgradbata i verbata deka ke me sluzi dolgi godini (se dodeka ne odlucam pojako da zeam radi jak processor i pojaka graficka). Da go pravev sega apgrejdot namesto naleto bi ti go ponudil za da zemam pomokno ama mrsno e i na staro toa napojuvanje.

    Krajna linija smetam deka e povazno brendot i izrabotkata namesto kolku vataza nudi. Bidejki so toj sistem ne veruvam ni do 250watt na max load da stignes. Ima lugje ke ti recat ubavo e da imas overhead (kao ekstra mokj bidejki napojuvanjata optimalno rabotat na 50 do 70 procenti load) pa da regulira temperaturi cuda. Toa mozebi bese taka vo minatoto, ama skoresnive izrabotki i brendovi se daleku podobro optimizirani vo dostavata na energija i kvalitetno gold i platinum napojuvanje so pomala vataza mozes da go sibas na pojak sistem.
     
    Последна промена: 23 Јануари 2020
    На Zaree му/ѝ се допаѓа ова.
  7. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    4,072
    3,721
    5 Декември 2009
    Машко
    @gOJDO @Pane24 може да имаат напојувања...

    Sent from my Mi 9T using Tapatalk
     
  8. Zaree

    Zaree
    Intern

    18
    12
    7 Јули 2018
    Машко
    Кувариште
    Тоаа го видовв ама нели е со еден pci e и тие шо ги видов у анхоч до 2к се со еден pci e има со два едно ефтино ама бош ми изгледа да е
     
  9. Zaree

    Zaree
    Intern

    18
    12
    7 Јули 2018
    Машко
    Кувариште
    Плус да не има врска со куќиштето големина ширина вамте тамте па и тоа да го мењавам па да пишам у групата дека подарувам конфигурација на крај краева
     
  10. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,307
    4,523
    18 Септември 2013
    Машко
    Какво и да земеш напојување секако ќе е ATX стандард, ко што е ова сеа шо го имаш. Големината на металната кутија на напојувањата е стандардизирана. Така шо не се секирај ќе ги то собира во куќиштето, само менувањето на напојување зависно од куќиште може да е малку работа дури средиш сите кабли и се тоа.

    За тоа од Анхоч шо си го гледал постар модел на DeepCool со само еден PCI-E конектор а пишува 580W ја ти велам дека не е реални 580W и затоа има само еден конектор или пак е некој постар модел.

    Подобро тие пари искористи ги и купи некое CoolerMaster на старо, или подобар модел DeepCool, Antec, Chieftec, Cougar, EVGA, FractalDesign... итн.

    Ако најдеш нешто шо ти е во ценовен ранг пиши ни тука точен модел и ќе ти кажеме дали е солидно.

    @Rikimaru дефиниција за соледно е да не е ѓубре ко кинескиве Хантол, Матрикс, Спајр, Делукс итн. Нему му е доволно било што шо е со реални 450-500W и можда 80+ сертификација.
     
  11. Zaree

    Zaree
    Intern

    18
    12
    7 Јули 2018
    Машко
    Кувариште
    Епа ајде некој до 1500 денари нека се јави ако има добро буџетов толку дозболува а богами и минусов на картичкава
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...