Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Помош: сијалица на инвертер

LambertGolden

Gaining Experience
4 декември 2019
192
80
Здраво дечки, неодамна купив плац каде што немам електрична енергија, па бидејќи имам батериски алат решив да купам 150watt инвертер и на него да ставам сијалица.
Проблемот е што инвертерот работи на 110V, а сега дознав дека тие имаат различни сијалици од нашите.
Еве линк од инвертерот: 18V ONE+ 150 Watt POWER SOURCE - RYOBI Tools
Како што кажав погоре идејата е да се врзе кабел на една фасонка со 110V влез кој веќе го нарачав(сликата со трите), да се приклучи на инвертерот, да се стави сијалица на фасонката и да си терам.
Што ќе се случи ако го направам сето ова погоре и го врзам на Е27 фасонка со наша сијалица, влезот да остане тој од 110V? 300052606_373886284916936_6007307166191040001_n.jpg 124.png
 

G4M3R

Practice makes perfect
26 јуни 2012
989
1.273
Обична сијалица ќе работи, но ќе свети доста послабо бидејќи напонот е преполовен.
 

LambertGolden

Gaining Experience
4 декември 2019
192
80
Обична сијалица ќе работи, но ќе свети доста послабо бидејќи напонот е преполовен.
Да нарачам сијалица за 110V од али ама кај ќе најдам фасонка за таа сијалица, на али се убив од гледање нигде нема или па не барам ко шо треба…
Мислењето е автоматски споено:

Ако се стави лед сијалица воопшто нема да светне.
Зошто?
 

G4M3R

Practice makes perfect
26 јуни 2012
989
1.273
Да нарачам сијалица за 110V од али ама кај ќе најдам фасонка за таа сијалица, на али се убив од гледање нигде нема или па не барам ко шо треба…
Мислењето е автоматски споено:


Зошто?
Пробај со обична дали ќе ти свети доволно, ако не тогаш нарачај.
Лед и оние неонските CFL нема да работат воопшто бидејќи имаат засебно напојување во нив. Кое не работи на понизок напон од предвидениот - 220V. Евентуално ако постои некоја што има поголем распон па да работи и на 110V.
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1.570
1.699
Освен волтажата и херцажата е различна, во ЕУ е 50 Hz, додека во УСА е 60 Hz. Но така едноставна направија како светло (обично) или некој грејач би требало да работат со смален интензитет.
Мислењето е автоматски споено:

Инаку и тука имаш инвертери на 220V, не сум загледал што цена се
 

Паланчански

Gaining Experience
18 август 2019
607
449
Обична сијалица ќе работи, но ќе свети доста послабо бидејќи напонот е преполовен.
Не послабо, туку скоро никако нема да работи. Само ќе жари. На преполовен напон снагата е само четвртина.
Здраво дечки, неодамна купив плац каде што немам електрична енергија, па бидејќи имам батериски алат решив да купам 150watt инвертер и на него да ставам сијалица.
Проблемот е што инвертерот работи на 110V, а сега дознав дека тие имаат различни сијалици од нашите.
Еве линк од инвертерот: 18V ONE+ 150 Watt POWER SOURCE - RYOBI Tools
Како што кажав погоре идејата е да се врзе кабел на една фасонка со 110V влез кој веќе го нарачав(сликата со трите), да се приклучи на инвертерот, да се стави сијалица на фасонката и да си терам.
Што ќе се случи ако го направам сето ова погоре и го врзам на Е27 фасонка со наша сијалица, влезот да остане тој од 110V?Погледнете го атачментот 116002Погледнете го атачментот 116003
Претпоставувам дека инвертерот го напојуваш од акумулатор. Побарај светилки на 12 волти. Нема да имаш загуби на инвертерот, а има ЛЕД светилки кои се доста економични.
 

Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.216
4.199
Скопје
hackitfree.github.io
Не послабо, туку скоро никако нема да работи. Само ќе жари. На преполовен напон снагата е само четвртина.

Претпоставувам дека инвертерот го напојуваш од акумулатор. Побарај светилки на 12 волти. Нема да имаш загуби на инвертерот, а има ЛЕД светилки кои се доста економични.
Сосе батерија му е инвертерот.

Ништо - само сијалица сосе фасонка за 110В.
220в џабе да пробаш - само ќе жари.
Пробај со обична дали ќе ти свети доволно, ако не тогаш нарачај.
Лед и оние неонските CFL нема да работат воопшто бидејќи имаат засебно напојување во нив. Кое не работи на понизок напон од предвидениот - 220V. Евентуално ако постои некоја што има поголем распон па да работи и на 110V.
Има шанси тие ЦФЛ да работат мислам - (имаат распон од 160в до 240в) само 110в ептен малку ќе дојде.
 

Vladimir Filevski

On your way to fame
17 февруари 2019
273
629
решив да купам 150watt инвертер и на него да ставам сијалица.
Проблемот е што инвертерот работи на 110V, а сега дознав дека тие имаат различни сијалици од нашите.

А зошто не си купил инвертер за 230V од истата фирма???

Cordless Battery Inverter | RYOBI | RY18BI150A-0

Продај го тој што го имаш (ако е возможно) и купи го овој што дава 230 V, ќе ти послужи и за други работи.
 

kolesk

On your way to fame
6 февруари 2016
442
585
Линкот не ми го отвара мене.
Не знам од кој град си, али, во Скопје, на канта пазар/бувљак имам купено инвертер/ор (не знам како е правилно), 300 денари го платив. Од 12 на 220 волти. Слична употреба како твојата, се користеше за 100 ватна сијалица. Плус има вентилаторче внатре, колку толку лади или одведува топлина.
Е сега, ако употребуваш лед сијалици, ќе можеш повеќе да прикачиш.
 

Паланчански

Gaining Experience
18 август 2019
607
449
Од кај е ова и која цена се движи?
Го најдов на Фејсбук. Повремено го сретнувам. 2300 денари, соларен панел, неколку кабелчиња (може да се полни телефон), четири светилки (ЛЕД 12 волти), велат дека може да се приклучи некој специјален телевизор (не е во комплетот), може да се полни и на струја... Јас го имам малку повеќе од една година, го користам по потреба, засега сум задоволен.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
47.127
Мислења
975.156
Членови
35.434
Најнов член
Ljupce Boshkov
На врв Дно