1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Помош: Проблем со графичка

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од Abkanis, 17 Јули 2019.

Тагови:
  1. Abkanis

    Abkanis
    Intern

    16
    4
    22 Септември 2016
    Машко
    Здраво друштво. Веќе неколку месеци се мачам со графичката, ја пратив и на сервис ама после некое време пак се јави истиот проблем, па реков да се обратам тука за совет/помош.

    Графичката е купена пред година и еден месец, уште е под гаранција, добро сочувана без никаков оверклок (пробав еднаш ама немаше никаков бенефит па вратив се на сток). Температурите се во нормала дури гејмам, 35-40c idle, 70-75 load. На матичната имам лед индикатор што покажува дали има некаков проблем со BOOT/RAM/CPU/VGA, сијаличето за VGA свети црвено. Графичката вади некој чуден звук кога покажува премногу FPS (над 200 обично) и еден од вентилаторите (левиот) исто така крцка при вртење.

    Расчитав на интернет и пробав да најдам шо значи тоа, пробав се што имаа препорачано ама ништо не помогна, проблемот ќе се средеше ама пак се појавува после некое време.

    Долу ќе прикачам две видеа и слика да знаете одприлика со шо се справувам. Графичката е Gigabyte GTX 1060 G1 Gaming 6GB. Благодарам однапред за помошта.

    Видео 1
    Видео 2
     

    Прикачени датотеки:

  2. Steam.

    Steam.
    On your way to fame

    668
    594
    31 Мај 2011
    coil whine e, носи им ја назад и барај си замена, они нека ја трпат
     
    На Astro и Abkanis им се допаѓа ова.
  3. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,554
    11,292
    23 Јануари 2008
    Манга
    Не спаѓа во дефект. Нормална работа е.
     
    На G4M3R и Abkanis им се допаѓа ова.
  4. Abkanis

    Abkanis
    Intern

    16
    4
    22 Септември 2016
    Машко
    Да, не спаѓа во дефект. Повеќе сум загрижен за вентилаторот, зошто би крцкал и зошто свети VGA лед диодата на матичната. Гледав баш едно видео на ЈуТјуб имаше ист проблем типот, графичката мислам беше 1070 ама исто од Gigabyte Gaming G1, најверојатно нешто сериски е ова со вентилаторот.

    Им ја пратив на сервис, утре ќе ја проверат, ќе им ги пуштам и овие работи па нека видат шо е проблемот.
     
  5. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    448
    349
    26 Јуни 2012
    Машко
    За вентилаторот имаш право да бараш да го заменат штом не е во ред. А можеби и кабелче некое фаќа на него па ќе го средат.
    За калемите што испуштаат звук на 200fps неверувам да направат нешто. Гето модови се да ги заливаш со лак или силикон за да не вибрираат :).
     
  6. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,554
    11,292
    23 Јануари 2008
    Манга
    Ни вентилаторите не се под гаранција, потрошен материјал се
     
  7. Can4sta

    Can4sta
    Gaining Experience

    312
    337
    19 Јануари 2008
    Сигурно графичката е купена во СЕТ, можам да претпоставам. :tease:
     
    На Ceco му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    143
    166
    3 Јануари 2019
    Машко
    Сет не носат производи од Gigabayte. Мислам дека имаат само од ASUS. Ваљда од Анхоч.
     
  9. Abkanis

    Abkanis
    Intern

    16
    4
    22 Септември 2016
    Машко
    Ја тестирале графичката и откриле дека при загревање почнале да се појавуваат сите овие проблеми. Изгледа не можеле да ја поправат, па ќе прателе нова. Може да се заклучи темата, фала на помошта.
     
  10. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,372
    919
    8 Декември 2009
    Задолжително провери колку новата е уствари нова.
     
    На Abkanis му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abkanis

    Abkanis
    Intern

    16
    4
    22 Септември 2016
    Машко
    Графичката пристигна после скоро месец дена, ама има еден проблем, не е G1 Gaming. Значи заменета е со Windforce OC, а и вака од прв поглед ми гледа како да е outlet. Кутијата е изгнасена, налепницата (жолтата) на целофанот каде што е сместена графичката ја нема, залепена е со обичен лепак.

    Во моментов не им работи сервисот ама утре имам план да им звонам обавезно, да видам зошто ја замениле баш со Windforce без прво да се консултираат со мене. Еве ќе почекам и мислење од вас, како вие би постапиле да бевте на мое место.
     
  12. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,266
    2,300
    9 Февруари 2011
    Очигледно чекале некој да им врати некоја 1060-ка (најверојатно надградба со доплата), дошла windforce и ти ја дале тебе.

    Јас лично не гледам проблем со тоа и не би имал ништо против, се додека гаранцијата од претходната графичка се пренесе на оваа.

    Edit: сега гледам, windforce e поефтина и со пониски клокови. Можда да им побараш компензација за разликата (некое усб или контролер или маус или барај си да ти најдат G1 или ти да си доплатиш до некоја боља).
     
    Последна промена: 20 Август 2019

Сподели

Вчитување...