1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Помош при избор на ново возило, буџет 17-18К

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од Sephiroth, 20 Февруари 2019.

  1. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,493
    2,485
    14 Мај 2008
    Машко
    Дечки, имам една мака. Се утепав од шетање по салониве и не можам да си најдам кола по ќеф. Висок сум 188цм, тежок 110 кила, барам исклучиво 4 цилиндра бензин, 5 врати, по можност да не е џип, ама ако се мора..... Си направив табела во Excel со се што сум разгледувал досега. Барам помош и совет во одлуката од вас. Не е хитно, ама би сакал да си купам возило до крај на мај, па кога стигне-стигне. Фала!

    [​IMG]
     
    На draganamon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    684
    627
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Мој совет е да си земеш нешто на старо до 8-9000 евра имаш повеќе избор и нема да ти е криво ако некој ти ја гребне. Шкодата има слаба каросерија.
     
  3. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,649
    2,949
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Си размислил за toyota chr?
     
  4. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,493
    2,485
    14 Мај 2008
    Машко
    Желбата ми е да земам нова. CHR гледав, над буџет ми е.

    А како тоа Шкодата има слаба каросерија?
     
  5. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,649
    2,949
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Toyota auris, Mazda 3 Sedan, opel astra, мислам дека тие влагаат во буџетов. Не би знаел да ти кажам за шкодиве
     
  6. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    684
    627
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Оди кај било кој автолимар и распрашај се.
     
  7. kolesk

    kolesk
    Gaining Experience

    107
    89
    6 Февруари 2016
    Машко
    Оставете ги тие муабети од пред 20 години. Што не купите лади, тие мотори смрт немаат.
    Шкода октавиа со 1.5тси ако начекаш, пакуј. Ме изненади колата како целина.
     
    На Ron0n му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,837
    6,426
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Мојата фелиција од 1999 нема рѓа нигде. Тоа се 20 години скоро. Според тебе колку треба да трае каросеријата?
     
  9. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    684
    627
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    12 години има гаранција. Нека праша автолимар најубаво ќе му каже.
     
  10. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,837
    6,426
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Е што демак „знам ама не ви кажувам“

    Не те разбирам ако нешто критикуваш кажи што нечини.
     
    На Necromancer му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,493
    2,485
    14 Мај 2008
    Машко
    И јас не знам за што станува збор, не го разбирам Zippo. Инаку модерниве коли ги прават со поспецифична каросерија со таканаречени "crumple zones" каде што лимот е така направен за да се свитка правилно при сообраќајка и да го абсорбира максимумот од ударот наместо возачот. Браниците и крилата често знаат да бидат и од пластика заради полесна санација на штета. Ова не е само кај Октавијата, туку е случај кај секоја модерна кола.
     
    На mdeni и kolesk им се допаѓа ова.
  12. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,771
    1,258
    17 Август 2014
    Машко
    Seat leon? Ima akcija do taa cena so baras

    Sent from my SM-G960F using Tapatalk
     
  13. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    684
    627
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Каросеријата премногу е нежна премногу лесно се витка, како шевролетот е, изгледа лошо, при град огромни се шансите да има последици. Мене не ми се допаѓа.
     
  14. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,771
    1,258
    17 Август 2014
    Машко
    Незнам тоа, јас лани земав и сум презадоволен :)
     
  15. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    1,998
    3,281
    7 ноември 2014
    Машко
    Де бе, IT форум демек, еден не му пиша да направи табела во Google Sheets и да пушти линк, да апдејтираме со наши коментари - клауд соработка.

    Те молам само тргни го ова со „меки пластики“, поголема глупост при бирање на автомобил нема...ти кога ќе возиш или кога ќе те возат во неа ќе ги „пипаш“ пластиките постојано што ти е толку важно?

    Мислам со оваа глупост почнаа германскиве производители (може и да беа француските), па форсираат нешто што на никого не треба да му важно...крцкала пластиката кога ќе ја стиснеш под притисок, wow!
     
    На turbiny и draganamon им се допаѓа ова.
  16. kolesk

    kolesk
    Gaining Experience

    107
    89
    6 Февруари 2016
    Машко
    @TylerMkD би одбрал дачиа сандеро со камен тврди пластики што на секое дупче од нашиов убав и мазен асвалт се слуша крц,крц или би го одбрал кралот на мкд(голф) со меки пластики што ни крцка ни тропа, стегнато саглам?
    Што возиш сега ако не е тајна?
     
  17. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    1,998
    3,281
    7 ноември 2014
    Машко
    Mitsubishi Lancer, каде што пластиките под притисок крцкаат. Во ниеден момент не би доплатил 1000 еур+ за пластики што не крцкаат, што е поентата...

    Делот со тропа не го разбирам, сакаш да кажеш дека на нерамен асфалт тропаат пластики?!
     
  18. draganamon

    draganamon
    Gaining Experience

    307
    421
    24 Јануари 2016
    Машко
    Freelancer
    Интересна тема. И јас го имам истиот проблем (физички пропорции и потребата од просторност во кабината vs. перформанси и мотор).

    Дали ги погледна Fiat ?
    Tipo и 500X, моментално се на продажба и имаат нешто на лагер.
    Tipo 5 Врати - Fiat Makedonija
    500X city look - Fiat Makedonija
    Бев на тест возење на Tipo, ми се бендиса. Битно е да напоменам дека сега возам Fiat Stilo, можеби и тоа има удел.
    Игнорирај го продавачот во Fiat, едноставно човекот не е за таму (може го примиле со врски).

    Vitara-та не е 'џип', но ми личи како best buy во моментов !!!
    Го погледна Мitsubishi Аsx ? https://www.mitsubishimotors.mk/asx/#!section-cc

    Инаку, јас размислувам дали да инвестирам сега, или да присоберам уште некоја паричка и да одам накај Ford Mondeo или Tоyоta C-HR, или ако ми појде во животот Rav4.
     
  19. zipi123

    zipi123
    Gaining Experience

    377
    315
    14 Јануари 2016
    Машко
    Golf 7 1.5 tsi za 16.999evra go gledav na bilbord kaj zeleno pazarce, gratis letni gumi so bandazi mislam.
    sto se odnesuva do mene ja bi zemal stara a8 d3 3.7/4.2 quattro ili a6/c6 3.0tdi/tfsi quatto, cenite se dvizat od prilika 7-8k evra, so ostatokot od pari, servisi registarcii i gorivo.
     
  20. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,493
    2,485
    14 Мај 2008
    Машко
    @TylerMkD Во право си за пластиките, не се пресуден фактор :D Сепак е убаво да се имаат.

    @zipi123 Тој Гољф мислам дека е со 1.0, а не со 1.5

    Фиат и Митсубиши јок! Фиат не се на нивоу, а Митсубиши ми делуваат некако мртво на пазар, освен ASX со тромав атмосферец, немаат ништо друго
     
  21. kristijan_m75

    kristijan_m75
    Gaining Experience

    472
    329
    22 Март 2016
    Машко
    Skoda Oktavia

    Sent from my SM-N950F using Tapatalk
     
  22. smole

    smole
    Unstoppable

    2,925
    3,275
    18 Април 2007
    Знам дека Гољф не ти е по мерак, јас би ти препорачал барем да го пробаш. Завршната изработка му е топ, блутутот топ работи (не е андроид ауто), озвучењето е супер.

    Пред година дена се зимаше 1.6 тди со ок опрема за 18ина иљади евра, нешто помалку кошташе 1.0 кој го возев на тест, не е мега спор ама сака стискање и бучен е малце пошто има 3 цилиндри.
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  23. toplel

    toplel
    On your way to fame

    552
    550
    18 Август 2016
    Машко
    Си разгледал Мазда 3 со Skyactiv-G 1.5i по салониве? Колата е одлична во тој ценовен ранг, а имат и доста работи како стандард за цена од прилика ~18k. Имаш и конфигуратор на официјалната страница.

    Со среќа да го возиш кое возило да се одлучиш. Ново си е ново. :)
     
    На shooter му/ѝ се допаѓа ова.
  24. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    516
    312
    2 Март 2010
    Машко
    Corolla Sedan 2019 | Toyota Авто Центар

    Пространа е, модерна, со доста опрема. Помини, разгледај, мислам дека ќе ти фати око.

    Edit: Сеа го погледнав целиот скриншот, најверојатно си бил во Тојота пред да го донесат новиот модел. Инаку Сузукито мислам дека нај би ти одговарало.
     
    Последна промена: 2 Април 2019
  25. Speedster

    Speedster
    Gaining Experience

    364
    353
    1 Јануари 2016
    Машко
    Само исто не заборајвај да прашаш и цена на сервис на секое од наведените возила .
    ( Под сервис мислам за филтри , уље и попратни морални раб за додека колата ти е под гаранција )
    Исто да збориш и колку се за понатака резервните делови ...
    И најбитно гледај кое возило колку има гаранција ( што спага исто под таа гаранција многу битно )
     

Сподели

Вчитување...