помош при избор на лаптоп

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од Propali_Provincijalac, 20 Март 2018.

  1. Propali_Provincijalac

    Propali_Provincijalac
    Intern

    16
    4
    6 Март 2017
    Машко
    Здраво дечки.
    Сакам да земам нов лаптоп, имам буџет од 16-18 000 . Знам дека ова не е буџет за одличен лаптоп, сепак целта ми е да направам best buy за парите ако се земат превид цена, перфроманси, марка и сл.

    Имам одредено познавање од комјутери, сепак хардверот, т.е типот на процесори не ми ги владеам добро. Па би замолил за помош. Еве неколку модели мегу кои се мислам па ако имате искуство или совет споделете.

    1. Техномаркет - HP 250 G6 i3-6006U 4GB/500GB/HD520/DVDRW/15.6" LED/TPM/3Cell/DOS

    2. https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=2_24&product_id=226300

    3.Anhoch PC Market Online - Notebook Lenovo 110-15 A6-7310/4GB/500GB/15.6" HD LED/DVD-RW/Black/Win10

    4. Техномаркет - HP 250 G4 T6N61EA

    Лаптопот ке биде користен за мултимедиа, сурфање, работа со табели и повремено ваљда некоја за некоја постара верзија на PES :D
    Исто така мултитаскинг без голем лаг е голем плус.
     
  2. mihovkris

    mihovkris
    Gaining Experience

    348
    234
    1 Јуни 2016
    Последниот една генерација постар, ама бар има графика, што може ќе ти се најде некогаш и за повеќе од ПЕС.
    Јас би тој. Со АМД лошо стојам така да не знам за нив.
     
    На Propali_Provincijalac му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SiPy`

    SiPy`
    Unstoppable

    1,660
    2,759
    23 Јуни 2015
    Машко
    Касиерка без лак
  4. Astro

    Astro
    Guru

    4,987
    6,320
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Во овој твој случај, од наведените модели изборот е лесен, нема двоумење. Првиот од техномаркет HP 250 G6 е тоа што ти треба. Со тек на време ќе ставиш SSD, + 8Gb RAM и ќе ставиш кадичка за хард дискот да го спремиш како секундарен или пак ќе го ставиш во USB кутија ако ти треба DVD-RW драјвот.

    Кога ќе го земаш, обавезно го уклучуваш во салон да провериш дали има мртви пиксели. Таа класа на ефтини лаптопи често имаат мртви пиксели а агаранцијата не покрива ако има еден или неколку докај 10-15 мртви пиксели, зависи каде и како. Ако има макар и еден мртов пиксел им кажуваш не го земам, дајте друго или одам во Анхоч/Техномаркет.

    Го имам истиот хардвер (со 12Gb RAM + M2 SSD) на него работам виртуализација со една или две гостински машини без никаков роблем. Таа i3-ка е одличен процесор и малку струја троши.
     
    На Jovan2389 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Propali_Provincijalac

    Propali_Provincijalac
    Intern

    16
    4
    6 Март 2017
    Машко
    Благодарам за одговорите @mihovkris ,@SiPy` ,@Astro .

    Интересно, сите ми дадовте различен одговор, па уште сум помалку збунет. :D Овој од 20К засега е надвор од домет.

    Инаку, планирам да го надградам со плус 4ГБ рам после година дена, така да од тој аспект можеби е подобро да го земам тој со I3-5005U процесорот пошо има 2ГБ графика?
     
  6. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    567
    1,069
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Не се различни одговорите, Техномаркет колку што знам е на Анхоч. Лаптопот од Техномаркет е ист со првиот лаптоп што ти го посочи Sipy од Анхоч, а и вториот што ти го посочи Sipy е ист, само што има плус 4 гига рам.

    И јас би ти педложил да го земиш тој од Техномаркет/Анхоч со 4 гига рам, па понатаму да го надградиш со уште 4/8 гига рам, а уште попаметно е да го надградиш и со ССД.

    Тој со петта генерација процесор е застарен, плус ДДР3 рам... графичката пречкртај ја, графичка во лаптоп од тој ценовен ранг е ветер во магла. Графичката во процесорот е појака :)
     
    Последна промена: 20 Март 2018
    Astro, draganamon и на Propali_Provincijalac им се допаѓа ова.
  7. Astro

    Astro
    Guru

    4,987
    6,320
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Тачно. Таа графичка зошто уопште ја ставаат е тотална мистерија за мене, нема никаков бенефит, само троши поиѓше струја, грее и ги комплицира драјверите.
     
  8. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    567
    1,069
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    За расход им била, во последен момент се премислиле и не ја фрлиле :)
     
    На DonFrozex му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,478
    4,407
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    На Трајче Дрварчето му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Astro

    Astro
    Guru

    4,987
    6,320
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    На местото на оптичкиот драјв што има? Ако е само капаче може да се извади и да се стави кадичка.... ваљда
     
  11. BlueBaron

    BlueBaron
    Gaining Experience

    147
    96
    19 Јануари 2016
    Машко
    Студент
    Незнам колку можам да бидам напомош, имам лаптоп од прилично сличен ценовен ранг и спецификации и можам некако од лично искуство да ти кажам. Ако веќе даваш толку пари, процесор не гледај под i3! (aka Pentium) Е сега ако немаш намера да играш претерано тешки игри, тогаш гледај ги овие со i3 6-та генерација. За игри како ПЕС и интегрираната графичка ќе ти заврши работа.


    На денешен ден обавезно 8ГБ рам така да можеш да ги надоградиш овие со 4ГБ ама мислам дека ја губиш гаранцијата на тој начин. За секојдневие на Windows 10 и fast-boot enabled, искрено и не ти треба SSD. Чувај пари и купи SSD ако поевтинат и доколку почне да заебава постоечкиот хард диск на тие лаптопи.


    Е сега лаптоп не е само до спецификации! Така да послушај ми го зборот и прошетај по салоните и разгледај ги тие лаптопи на лице место. Види кој повеќе ти бендисува, кој дизајн ти е подобар, големина, форма, тачпедот, тастатурата, кој ти лежи на рака др. Па така полесно ќе одлучиш за кој ти би идел лично. Ако ти е компјутер, ќе му смениш маус и тастатура, ова она, и толку работа, ама лаптоп, тие ќе ти останат до крај и ако на почеток не ти се допаѓа, немој да мислиш дека ќе се навикнеш. Еве лаптопот мој , иако супер работи, има мана во тастатурата. Не дека е лоша, супер е, ама и тој како скоро секој Леново, има заебан layout, ова не го приметив на почеток, и до ден денес ме нервира до тој степен што ми иде да го продадам (или скршам). Пошто го користам за програмирање, и нонстоп типкам на него, преголем фрустрација е. (Левиот шифт е мал, ентерот е мал, десниот шифт е десно од стрелките така да секогаш наместо шифт стискам up arrow и др, види на сликата).

    https://www.notebookcheck.net/filea...ovo_Ideapad_510_15ISK_3_von_15_38e78350fa.jpg



    И уште нешто како додаток, незнам зошто повеќето викаат дека овие АМД R4-R5 графички се тапа и подобри се интегрираните! Ако тоа го кажуваат од лично искуство ок, неможам против тоа. Како што напоменав и јас имам таков сличен лаптоп (Lenovo, i3 6006u, 8GB RAM, R5 M430 2GB). Тоа што го погодиле точно е дека да, повеќе батерија црпи графичката. Оваа M430 е скоро иста како таа M330-ката, и можам слободно да кажам дека има разлика кога некоја игра ми е на интегрирана и кога на графичка поготово на FullHD(1080p), забележително е. А уште фактот што ако користиш интегрирана, ќе ти црпи видео меморија од главната рам картичка, што ако ти остане на 4ГБ РАМ и играш игри, ќе наидеш на проблеми. А уште и фактот што некој игри нема ни да ти се уклучат и ќе ти даваат ерори од типот (Low Video Ram). Ако им спомнеш графичка, одма мислат на тоа таа графичка да ти ги тера игрите на константи 30FPS, High Settings, 1080p од типот на 1050+ или RX460+. Можда разликата не некој игри ќе ти биде +5 FPS, од Low на Medium settings, ама како што напоменав и овие разлики се забележителни.
     
  12. Astro

    Astro
    Guru

    4,987
    6,320
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Гаранција не се губи ако надградиш РАМ или ССД, особено ако тоа го правиш во нивни сервис.
    Добро што @BlueBaron спомна, гледај лаптопот да има панели одоздола кои се отвараат па добиваш пристап до РАМ / Хард диск. Зошто има и такви глупави лаптопи да мораш да го расклопиш цел во делови за да надградиш РАМ меморија. Е тука има шанси да зезнеш нешто и да изгубиш гаранција, ама иначе гаранцијата не се губи.
     
  13. BlueBaron

    BlueBaron
    Gaining Experience

    147
    96
    19 Јануари 2016
    Машко
    Студент
    Знам кога јас сакав да купам, само не памтам во кој салон и продавница, и знам дека АСУС беше лаптопот, ми рекоа дека гаранцијата важи само за деловите кои се веќе вградени во тој лаптоп. При нивна замена за кои било други (РАМ/ХДД упгрејд), макар и во нивните официјални сервиси, гаранцијата се губи. Е сега можда ме излажале, можда ова важи само за АСУС лаптоп, ама најсигурно е баткава пред да купи лаптоп самиот да се распраша дали може да се надогради и дали се губи гаранција.
     
  14. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    567
    1,069
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Пред неколку години се јавувам во сервисот на Анхоч:

    - Добар ден, имам лаптоп купен од кај вас и е сеуште под гаранција. Сакам ССД да му ставам, дали да го донесам или сам да му ставам... секако не сакам да ја изгубам гаранцијата.

    - Ех, штом знајш што е ССД, менувај сам, ама да си го чуваш хард дискот, што и да се случи, треба да е комплетен како што е наведено во гаранцијата...

    Тоа за Анхоч, за другите не знам, ама не би требало да прават проблем... додуша кој да ги знај, секакви рачки ќе најдат за да не признаат гаранција :)
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,478
    4,407
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Лиена пластика е. Може со пиличка....
     
  16. BlueBaron

    BlueBaron
    Gaining Experience

    147
    96
    19 Јануари 2016
    Машко
    Студент
    Ех камо сите така како Анхоч да беа. Сега ми текна, ова ми се случи за ASUS лаптоп во салон на Нептун поточно Нептун Сити Мал. Ми дојде смешно ама тоа е. Затоа реков најдобро е сам он да праша пред да купи лаптоп од било кој салон дали може да се смени РАМ, макар и во нивен сервис.
     
  17. Astro

    Astro
    Guru

    4,987
    6,320
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Пааааа, чим има expansion slot за RAM :) значи може, тоест треба да се догради и со тоа ќе се добие dual channel.
     
  18. Propali_Provincijalac

    Propali_Provincijalac
    Intern

    16
    4
    6 Март 2017
    Машко
    Благодарам за одговорите дечки.
    Конечен избор сеуште не падна, ама барем ме насочивте.
     
  19. RobertTodoroski

    RobertTodoroski
    Intern

    1
    0
    3 Април 2018
    Машко
    Најбитно да не се заебиш со процесорот, гледај да е и3-и5 понова генерација, во никој случај не се залетувај по модели со n-процесори!
    РАМ и ССД се докупува и покасно, а дедикејтед графичките на моделите до кај 25-30000ден се многу слаби така да не ги земај во предвид.
    И прашај дали има +1 слот за рам во спротивно барај уште од старт да ја заменат 4ката со 8ка (+1500ден отприлика).
     
  20. gego

    gego
    Gaining Experience

    230
    208
    6 Декември 2009
    Машко
    Телекомуникациски Техничар
    Пошто темава е соодветна со прашањето, исто, кој би бил подобар дил од овие три лаптопи, исти според цена и компоненти, освен оној на HP:

    -https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&product_id=228036
    -https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=2_160_235&product_id=227347
    -HP Pavilion 15-CB050 GAMING

    За потребите за работа во Фотошоп, АУТОКАД, па зашто да не и по некоја игра. Би го сумирал секој аспект на производот, изработка, ергономија, приказ на бои, конфор , издржливост на батерија, ладење итн. Да не скокне некој и да рече, еј па i7700HQ е подобар процесор, зимај го НР-то.
    Благодарам однапред за вашите мислења!
     

Сподели