1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Помош! Поврзување Аудио/Видео сигнал од Компјутер на ТВ

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од Jedah, 12 Април 2019.

  1. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    869
    1,289
    6 ноември 2007
    Ок се работи за ваков сетап.
    1.jpg
    ТВ на една страна, компјутерот на друга страна.
    Има линија под паркет пуштено можам да тегнам кабли. Пуштив Ethernet кабел и од компјутер префрлам слика на ТВ со овие куралиња
    30m-hdmi-lan-extender-500x500.jpg
    Се е супер..... Ама не баш.
    Имено. Имам RX570 со DisplayPort x 2 / HDMI x 2 / DL-DVI-D
    Дисплеј порт користам за мониторот, што значи ми остануваат двата HDMI порта слободни за RJ45 конверторите.

    Проблемот е што:
    Eдниот HDMI порт ми пушта слика на ТВ која ја декларира како 1080p ама е премногу матна.
    Другиот HDMI порт ми пушта слика на ТВ која е стварно 1080p ама Radeon софтверот ми го води како DVI-D и не пушта звук преку тој порт!!!
    sds.jpg

    ТВ-то е 1080p кинеско ѓубре и со други карти нејќел да извади чист 1080p преку GPU HDMI <> TV HDMI

    Дали некој има идеја како да префрлам видео и аудио сигнал до ТВ-то без притоа да купувам друг телевизор? :)

    Еве ја имам неколку идеји

    Идеја 1. Source: GPU HDMI(DVI-D?) <> Destination : HDMI to VGA конвертер to ТV D-SUB и звукот aux to aux да се дупам да провинам 71eHqbtpW1L._SX425_.jpg кабел. Видео линкот ќе биде постојан, аудиото ќе го штекам по потреба. Затоа што во HDMI мод ТВ-то не прима сигнал преку AUX само кога е во PC mode aka VGA D-SUB, hence the converter

    Идеја 2. Source GPU HDMI(DVI-D) <> Destination :TV HDMI а аудио да стримам преку блутут трансмитер некој што ќе го качам на PC додека кај ТВ ќе ми стои cheap BT soundbar.

    Идеја 3. Некој паметен да ми понуди софтверско/хардверско решение :)
     
  2. freeman

    freeman
    Gaining Experience

    170
    168
    8 Март 2010
    Блутут слушалки :)
     
    Последна промена: 13 Април 2019
  3. efto

    efto
    Gaining Experience

    238
    179
    19 Април 2007
    Да пробаш со алаткава:
    Custom Resolution Utility (CRU)
    А дали со друг телевизор се случува истото, матна слика и нема звук? Позајми за проба.
     
    Последна промена: 13 Април 2019
  4. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,279
    3,107
    12 Јануари 2016
    Машко
    Деклариран е конвероторот дека пренесува и аудио?
    Или ако да, да не пренесува само стерео? Да пробаш во плеерот да наместиш излез за само два аудио канали?

    Пошто на Етернет имаш 8 конекции, а ХДМИ користи 19... На крај ако ништо друго не бива, извлечи и еден стерео аудио кабел и не се замарај. И онака репродукцијата на звукот ја прави евтин телевизор, не е дека имаш некоја „аудиофилска“ дилема. ;)

    [​IMG]
     
  5. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    869
    1,289
    6 ноември 2007
    Да RJ45 конверторот носи и слика и тон.
    На едниот HDMI порт од картата има целосен аудио/видео output, ама сликата е џврчки.
    Другиот HDMI порт што фактички ми го декларира како DVI-D сигнал и кај што добивам чист 1080p, тука е маката околу пренесувањето на звукот до ТВ.

    Ништо изгледа ќе земам од оние Тортемобиле звучницине. па ќе носам некако сигнал...

    @efto Ќе ѕирнам што е тоа. Немам простор за тестирања и тегнење други ТВ-а.
     
  6. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    3,936
    2,909
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Со 10 метарски кабел од дви-д на хдми на било кој тв немам ниеден проблем со матна слика . Почнуваќи од тие најјмизерните тв од тешката кинезарија.
    Сметам дека проблемот кај тебе претходно бил во кабелот што не пренесувал добар сигнал до тв.
     
  7. efto

    efto
    Gaining Experience

    238
    179
    19 Април 2007
    Убаво би било ако можеш да се снајдеш со некој помал ТВ, да видиме дали е проблемот на страната на кинезот или компјутерот. Или пробај со лаптоп со HDMI излез дали истото ќе се случува.
     
  8. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    869
    1,289
    6 ноември 2007
    Superior Technology e тоа, не е заебанција.

    Еве преку едниот HDMI 1080p без звук
    good.jpg

    Еве преку другиот HDMI 1080p со звук
    bad.jpg

    Еве и 100% crop
    1080p HDMI со звук.
    100% crop 2.jpg
    1080p HDMI(DVI-D) без звук
    100% crop 1.jpg

    Џврчките се евидентни.
     
  9. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,464
    1,524
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Земи си долг HDMI кабел и решен проблем.
    За секој случај пробај и со нормален ТВ од дневна/другар/другарка :)
     
    На TylerMkD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DareDevil

    DareDevil
    Gaining Experience

    218
    195
    25 Април 2011
    Со портот кој ти дава матна слика провери во Radeon Settings смени scaling, сум имал претходно сличен проблем.
    Каков кабел имаш пуштено? Се што е под категорија 6 со овие екстендери знае да прави проблем, посебно ако немаат додатно напојување.
    Што содржина сакаш да пушташ на телевизор филмови, игри или нешто друго?
     
  11. Vladekosa

    Vladekosa
    Intern

    31
    6
    24 Февруари 2017
    Машко
    Ако хдми кабелот е подолг од 5м ке изгубиш на квалитет на сликата
     
  12. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,279
    3,107
    12 Јануари 2016
    Машко
    Јас со години користам 8 метри HDMI кабел, без никакво губење на квалитетот на сликата. Лесно е докажливо со пуштање на исто видео преку HDMI кабел од 1 метар (од лаптоп на пример).

    Со HDMI кабел дигитален е преносот, или има приказ и приказот е како што треба, или нема приказ. Меѓуфаза се дигитални артефакти кои изгледаат како коцки со различна содржина (ми се случило со оштетен HDMI кабел), ама тоа го рачунам како губење на слика.

    Ако мислеше на проблеми како матност, губење фокус, итн, тоа кај пренос на аналогни видео сигнали.
     
    Oktar, efto и на architect им се допаѓа ова.
  13. efto

    efto
    Gaining Experience

    238
    179
    19 Април 2007
    @Lokvan Имам HDMI кабел 7 метри од АВ рисивер до проектор што оди преку плафонот скриен во црево. Знаеше да се изгуби сигналот кога вклучував сијалица, кога вклучуваше компресорот од климата и слични ситуации кога се менуваше напонот. Ова го решив со феритно јадро (ferrite core) . Понекогаш доволно е на кабелот да се направи една јамка околу јадрото, ама повеќе е подобро. Јас успеав две јамки да направам, толку простор имаше. Од тогаш не сум имал никаков проблем со губење на сигнал.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,840
    1,093
    5 oктомври 2007
    Машко
    Имам моментално кабел од 10м без никаква загуба на квалитет. На претходната конфигурација на намештај беше околу 22м и имаше дропови и пикселизација од време навреме, кои се решија со 2 кабли од 10м и еден појачувач измеѓу. Така да 5м за хдми е гола вода. Освен ако изворот на сигналот не е ептен ќумур некој.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
  15. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,802
    6,351
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Јас го имам Xbox One S до PC монитор 18 метра, пренесува.

    Једино што можам да сугерирам е да не се користи CAT6 кабел затоа што поголема отпорност имаат жиците, со стандарден UTP Cat5e сум достигнал 35 метра, со Cat6 околу 10.

    Да не ве буни тоа што некој се 2хRJ45 а некои вакви со еден кабел. Овие со еден кабел имаат TX и RX (означени се). TX иде во излез (графичка), RX во Монитор/ТВ.

    Тие со два кабли се двонасочни, тоа е разликата. Имам цела мрежа исплетено дома со нив.

    Не е точно. Профи опрема од типот на Sony камери доаѓаат со 20м HDMI кабел во кутија.
     
    На Lokvan и Vladekosa им се допаѓа ова.
  16. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,279
    3,107
    12 Јануари 2016
    Машко
    Одличен совет друже.


    Уште еден добар совет. Пошто повеќето од нас автоматски би се залетале на CAT6 без да помислиме прво да измериме отпорност на кабелот. Пошто CAT6 e со повеќе твистови (повеќе реална должина) може да има поголема отпорност, но вообичаено има и подобар шилдинг а некаде и тоа може да биде фактор.

    Мислам дека ќе има разлики од кабел до кабел, и најпаметно е да се измери или да се проба. Како што си направил ти.
     

Сподели

Вчитување...