1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Помош околу лемење и која жичка е која...

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од xenon, 15 Април 2013.

  1. xenon

    xenon
    Guru

    3,877
    9,615
    15 Јануари 2011
    Машко
    На страна глупиот наслов на темава, ми треба мала помош.

    На сликава е дел (другиот дел го откорнав и фрлив) од Corsair H100 (нема гајле, работеше и без тоа, тоа беше контролор и сплитер за 4 додатни вентилатори).

    [​IMG]
    На трите точки беа поврзани 3 жички кои завршуваат со женски 3 пински конектор за напојување на вентилатор. Проблем е што пред да се скинат, 3те жички сите беа иста боја (црна) и незнам која каде оди... логички, GND (таа нај-десно) ќе биде Црната жица, VCC (средната) e Црвената а жолтата нема ни потреба да ја лемам...
    Кога сме на темава, за да го залемам ова (не сум лемел до сега) .. треба екстра калај да ставам или да го искористам оној од претходниот лем? Ептен пипаво ова, 1 милиметар разлика има меѓу контактите...

    Најмногу ме буни жолтата/црвената, пред да се скине кабелот мислам видов дека црната се врзува за најдесниот лем, ама кабелот беше чудно свиткан па мислам црвената да не оди наместо на средина (под VCC) - на левата страна. односно Црвена-Жолта-Црна.
     
  2. masterficx

    masterficx
    Gaining Experience

    1,381
    350
    5 Јули 2009
    GND = маса - црна жица
    VCC = напон - црвена жица
    FG = број на вртежи - жолта жица

    Пред да ги спојуваш контактите на плочката со жиците мораш малку калај да ставиш на врвот од жиците. Ова е важно за да не се јавуваат проблеми потоа.

    А инаку можеш да го залемиш или со додавање на флукс на претходните лемови на плочката, или да употребиш мнооогу малку калај ( тој во себе содржи флукс ). Или пак скроз да ги исчистиш контактите со пумпица за лемење и потоа да ставиш малку калај па да ги споиш претходно калаисаните жици со контактите.
     
    На Brutalic и xenon им се допаѓа ова.
  3. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    406
    300
    26 Јуни 2012
    Машко
    Точно е како што си ги означил,а и на самата плочка ти пишува GND-минус и VCC-плус.
     
    На xenon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. xenon

    xenon
    Guru

    3,877
    9,615
    15 Јануари 2011
    Машко
    Фала друштво - инаку ќе има некоја штета ако утнам и ги врзам FG-VCC (напон и број на вртежи) ?
     
  5. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    406
    300
    26 Јуни 2012
    Машко
    Мислам дека е можно да го расцветаш интегралчето,ама не сум баш сигурен.:)
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Enforcer_

    Enforcer_
    Practice makes perfect

    951
    1,042
    26 Декември 2012
    А што сакаш да направиш ако не е тајна?
     
  7. 386ka

    386ka
    Gaining Experience

    2,360
    189
    22 Декември 2007
    Веројатно е да го уништиш. :)
    Патем, полека со леткумот, ќе ти треба време ако не си лемел до сега.. само трпеливо, и помага ако имаш некој друг ти го држи (вентилаторот :D).
     
    На masterficx му/ѝ се допаѓа ова.
  8. xenon

    xenon
    Guru

    3,877
    9,615
    15 Јануари 2011
    Машко
    Ок е средив, залемив, пуштив - мислам дека врти пумпата.

    Капнав восок (ми изгледаше логично, веза неам што се користи за изолација во вакви случаеви) за да ги фиксирам жиците за да нема допир.

    Ако бев сеа прва електро средно ќе ми дадеа сигурно 2јче до 3плус макс - ама битно е работи :)

    За тие што не се запознаени, водната пумпа кај Corsair H100 на 12V малку е бучна, па препорачливо е кој може да ја врзе на fan-controller или да стави диода за да го смали напонот накај 11в за да не се слуша. При неколку вади-стави наврати на крај го скинав пипавото кабелче па затоа морав сега ново да лемам.
     
    386ka, G4M3R и на omegaRED им се допаѓа ова.
  9. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,184
    3,492
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    По новиве стандарди како ги оценуваат децава денес, ќе те предложеа за претседател на клас, 5-ка заклучена на крај на година, и стипендија за следната година.
     
    На xenon, 386ka, gligor и уште 4 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...