1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Помош околу конфигурација

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од zoraxe, 6 ноември 2008.

  1. zoraxe

    zoraxe
    Intern

    30
    0
    6 ноември 2008
    Ми треба мала помош околу составување на конфигурација. :)
    Бидејќи имам ограничен фонд (околу 300 евра без монитор), знам однапред дека нема многу големи можности за менување, но ве молам да ми кажете дали ова што јас сум го составил е ОК, т.е. дали деловите се компатибилни меѓу себе и дали целата конфигурација вреди за тие пари (околу 16500).
    Знам дека некој ќе каже чувај ги парите, тргни ги на страна па кога ќе собереш повеќе пари тогаш купи нешто подобро, ама не можам да чекам :rolleyes:.

    Благодарам однапред и секоја сугестија е добредојдена

    Case ATX L8081-B34 500W
    MB MSI K9N NEO-F V3
    CPU AMD AM2 5200 DUALCORE Box
    RAM DDR2 2 x 1GB/800 Kingmax
    Vga MSI N9400GT-MD512H
    HDD 250GB ExcelStor SATA2 7200rpm 8MB
     
  2. loris

    loris
    Gaining Experience

    624
    53
    7 Мај 2007
    Машко
    Програмер
    Многу битна работа е да кажеш за што ќе ја користиш конфигурацијата, дали за играње, сурфање, едитирање видео аудио, програмирање. Се разбира ако јасно ги имаш дефинирано работите за што ќе го користиш. Инаку вака конфигурација не е лоша за тие пари, ама исто така и не е нешто посебно.
     
  3. PilGriM

    PilGriM
    Gaining Experience

    1,508
    439
    18 oктомври 2008
    Машко
    Developer
    Za tie pari konfiguracijata si e odlicna - za tie pari.

    Delovite se kompatibilni, standardni, nema da imas nikakov problem.
     
  4. zoraxe

    zoraxe
    Intern

    30
    0
    6 ноември 2008
    Вака значи, помалце сурфање, играње на некоја игра (главно постари), гледање филмчиња, музика итн. Нема да програмирам, нема да едитирам филмови или музика...
    Знам дека за вакви работи можеби и не ми треба многу јак компјутер, ама... може ке сакам некогаш (ако имам време) да поиграм и Need for speed. :D
    Поентата ми беше дали вреди за тие пари и дали за истата сума може да се земе нешто подобро?
    Инаку ми имаат кажано дека хард дискот од марката ExcelStore не е баш најдобар и дека подобро да си земам Western Digital, Hitachi или Samsung. Што мислите за тоа?
     
  5. zoraxe

    zoraxe
    Intern

    30
    0
    6 ноември 2008
    ОК, фала пуно.
     
  6. loris

    loris
    Gaining Experience

    624
    53
    7 Мај 2007
    Машко
    Програмер
    Убаво ти кажале моја препорака за хард само Western Digital (или како што ги викаат Wild Wild West), инаку за твоите потреби конфигурацијата ти е одлична, нема да имаш никаков проблем со NFS ама со постарите верзии значи Most Wanted ќе ја работи одлично.
     
  7. AMD_fan

    AMD_fan
    Certified IT Addict

    3,646
    137
    10 ноември 2007
    Машко
    Што се однесува до хард дискот, покрај Western Digital, јас би ти препорачал Samsung и Maxtor да ги сметаш како опција.
     
  8. Fortran

    Fortran
    Intern

    26
    0
    22 oктомври 2008
    abe fino sve ama za grafickata da razmislis malku za slicna cena imas ati 3650 ili malku da doplatis 1000-1500den za barem 9500gt koi se pobrzi (ne se kuznee sto de ama bolji se).
     
  9. zoraxe

    zoraxe
    Intern

    30
    0
    6 ноември 2008
    Ke razmislam za doplata, mada kako sto vekje kazav, ogranicen sum so pari :(

    Plus, ako vekje zemam ati 3650, toa ke znaci deka delovite treba da gi zemam posebno i nekoj da mi ja sklopi celata konfiguracija. :ermm:
     
  10. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,516
    14 Мај 2008
    Машко
    Јас можам да ти завршам работа за тоа, од купување делови (од различни фирми, можеш да си избереш што сакаш), па се до склапање на ПЦ-то и инсталација на софтвер.
     
  11. 386ka

    386ka
    Gaining Experience

    2,360
    189
    22 Декември 2007
    Би те прашал што планираш понатаму да правиш со компјутерот, дали ќе планираш да го унапредуваш или одново цела конфигурација?
     
  12. StenmarC

    StenmarC
    Intern

    716
    13
    16 Април 2007
    Јас па до сега сум немал никаков проблем со ExcelStor. Дури и јас сум среќен корисник на една 250ка.
    Земи некоја појака графичка
     
  13. zoraxe

    zoraxe
    Intern

    30
    0
    6 ноември 2008
    Утре треба да се видам со еден комшија, кој може да ми помогне околу поевтина набавка на делови од различни места и оклу склопувањето и инсталацијата на софтвер. Но сепак благодарам на понудата. Ако не можам да се договорам со него, ке те имам во предвид. Инаку колку би чинела твојата услуга, ти да купуваш, ти да склапаш, инсталираш итн., јас само да ти кажам што делови сакам? И како иде тоа со гаранцијата кога некој ти склапа конфигурација?

    Па мислам дека во блиска иднина нема да го надоградувам, а после може да биде касно за тоа, па да морам да земам скроз нова конфигурација.

    Веќе почнав да размислувам да земам MSI N9500GT-MD512H, наместо 9400.

    Инаку ми кажаа дека матичната плоча веќе има една графичка и дека оваа би била плус (значи две?) и дека не ми е потребно да ставам уште една, пошто само „запален гејмер“ би барал такво нешто? А, што мислите на тоа?

    Фала многу на коментарите, можам да кажам дека ми се многу корисни.
     
  14. maci

    maci
    On your way to fame

    2,873
    633
    2 Април 2008
    ako ne si gejmer,neznam integrirana graficka dali ke gi vrsi rabota?
    jas na primer ne sum ich po igrite,pa bi odel so int. vga.
     
  15. StenmarC

    StenmarC
    Intern

    716
    13
    16 Април 2007
  16. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,516
    14 Мај 2008
    Машко
    Не се секирај, ке се договориме за услугата. У секој случај нема многу да платиш плус, може и ич нема да платиш. Со гаранцијата иде многу просто, не добиваш пломба на ПЦ-то, и секој дел си има индивидуална гаранција.
     
  17. 386ka

    386ka
    Gaining Experience

    2,360
    189
    22 Декември 2007
    Да нема интегрирана графичка. И немора да си запален гејмер за да ти е малку интегрирана графичка. Земи си Nvidia 9500GT или ATI 3870, како добри гафички. Доколку не надоградуваш повеќе, би одел на варијанта на некој помоќен процесор од АМД како 6000+ и тоа Windsor јадро не Brisbane (Windsor има поголема кеш меморија), бидејќи им паднаа многу цените, и во споредба со Интел во тој поглед и матичните им се нешто поевтини. Доволни ти се 2 GB RAM за сега, 4GB би препорачал за тие што ќе имаат 64 битен ОС. Никако значи НИКАКО, немојте да ставате 3x1GB RAM модули бидејќи освен тоа што ќе имате 3 GB RAM, меморијата нема да работи во DualChannel модус со што значително се намалуваат перформансите на меморијата. Можеш некое квалитетно напојување да си земеш. Другото е ок. БТЊ, за хард диск нема никаква референца да се водиш. Некои викаат дека WD се подобри, меѓутоа се' се сведува на тоа каков ХДД ти се паднал... Поздрав! :bravo:
     
  18. zoraxe

    zoraxe
    Intern

    30
    0
    6 ноември 2008
    Фала на појаснувањето StenmarC. :bravo:
    И јас ја гледав плочата на истиот сајт уште на почеток, и истотака мислев дека нема интегрирана графичка, но поради тоа што сум нуб, викам ај да прашам некој постручен. Фала уште еднаш.

    Фала и на останатите за добронамерните сугестии. :):bravo:

    Инаку, за процесорот ова успеав да го најдам. Има две верзии на истиот...

    „стара“ : AMD Athlon 64 X2 5200+ 2.7GHz 1MB AM2

    http://www.itsvet.com/proizvod/amd-athlon-64-x2-5200+-2.7ghz-1mb-am2/comp_comp_cpu/47/268

    „нова“ : AMD Athlon 64 X2 5200+ 2.6GHz 2MB Box AM2
    http://www.itsvet.com/proizvod/amd-athlon-64-x2-5200+-2.6ghz-2mb-box-am2/comp_comp_cpu/47/200

    Некои дуќани ја имаат старата, а некои новата верзија...Која е подобра? Изгледа сепак новата е подобра, иако и двете имаат Windsor јадро.
     
  19. maci

    maci
    On your way to fame

    2,873
    633
    2 Април 2008
    koja cena gi najde? i kolku e razlika vo cenata?
     
  20. zoraxe

    zoraxe
    Intern

    30
    0
    6 ноември 2008
    CPU AMD AM2 5200 DUALCORE Box (2,6 GHz;2MB Cashe) 3620 ден. во Нико Компјутери
    CPU AMD AM2 5200 DUALCORE Box (2,6 GHz;2MB Cashe) 3790 ден. во ФорНет
    CPU AMD AM2 5200 DUALCORE (не е Box) (2,7 GHz;1MB Cashe) 3540 ден. во Анхоч
     
  21. maci

    maci
    On your way to fame

    2,873
    633
    2 Април 2008
    A dilerski za kolku moze da se najde,ajde dileri?
     
  22. zoraxe

    zoraxe
    Intern

    30
    0
    6 ноември 2008
    Ајде сега нови коментари за нова конфигурација, се заедно ми излегува околу 18.000 денари (бесплатна монтажа и инсталација):

    матична плоча MB J&W IG31-CF s775 FSB1333 DDR2800 C2D CrossFire  
    процесор CPU Core Duo E5200 2.5Ghz 2MB 800MHz + кулер за процесор
    меморија DIMM 2 x 1GB DDR2 / 800 Kingston
    графичка Galaxy PCX GeForce 9500GT 512MB DDR2    
    хард диск 250GB Excelstor SATA 2                       
    куќиште ATX Midi Tower P4 CCC-P4-ML1 w/o PSU
    напојување PSU 330W Gembird PSU9B,Real Power,PFC,Temp.Control 
     
  23. Vlatzki

    Vlatzki
    Gaining Experience

    1,258
    296
    1 Мај 2008
    Земи си појако напајање, некаде 450-500 вати, оваа конфигурација ќе ти го цица напајањето од 330 вати.
     
  24. 386ka

    386ka
    Gaining Experience

    2,360
    189
    22 Декември 2007
    Не ти препорачувам да земеш CrossFire матична за тие пари бидејќи и да ставиш две АТИ графички, таа матична нема да го искористува нивниот целосен потенцијал. Исто така, доколку веќе земаш XFire матична, стави си АТИ графичка, ти ја препорачувам 3870 поевтини варијанти ти се 3850 или 3650. Рамот би ти бил доволен сега за сега, а за хард дискот не ти се мешам :p. Гледај да земеш некое помоќно но квалитетно напојување, размисли помеѓу ова и ова напојување.
    П.С.
    НЕМОЈ ДА СИ СЕ ЗАФРКНАЛ ДА КУПИШ DELUX НАПОЈУВАЊЕ, ЗНАЧИ ИЗБЕГНУВАЈ!
     
  25. zoraxe

    zoraxe
    Intern

    30
    0
    6 ноември 2008
    Еве што најдов за графичката:

    Во врска со напојувањето, на графичката и е потребно минимум 400W напојување, со 12V на 26А.

    Не сум сигурен дали и ова ќе заврши работи бидејќи има 12V ама на 20A.

    Да не сум грешка нешто?Исправете ме ако грешам.
    Најверојатно ќе треба да се зeме она второто напојување што го кажа 386ka.
     

Сподели

Вчитување...