1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Помош Околу Конфигурација До 55 000 Ден.

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од Slaave, 31 Декември 2011.

  1. Slaave

    Slaave
    Intern

    12
    7
    30 Декември 2011
    Здраво.
    Би сакал помош околу формирање на конфигурација која би ме чинела до 55 000 денари, без монитор вклучен во цената. Првичната употреба на компјутерот ќе биде за аудио/студиска продукција, што значи ми треба да биде тивок, бесшумен при работа. Но сепак би го користел и за "casual gaming".

    Исто така би сакал препорака за продавница од каде би ја купил конфигурацијава, бидејќи не можам да ја склопам сам, сакам да ги купам сите делови од едно место, и во предвид да се оние кои ги има често на лагер кај нас, бидејќи не сум од Скопје, а според големиот избор на продавници таму би сакал во еден ден да завршам работа кога ќе го купувам компјутерот.

    Според она што го имам разгледано на интернет би ги зел овие компоненти:

    Процесор - i7 2600K (или 2600) ~17 000
    Графичка картичка - HD6870 ~ 10 000 (за моја потреба, мислам best buy)
    HDD - ми треба барем 1.5ТВ (ако се прескапи би се задоволил и со 1TB, но да се вметне SSD во конфигурацијата)
    RAM - од 8-12GB (предлог)
    За останатите компоненти барам помош од вас.

    Фала.
     
  2. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,478
    25,528
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    1.Наместо 2600,земи си i5 2500к, заштедуваш околу 4000ден,а ќе имаш исто предобар процесор за твоите потреби.
    2. Графичката ти е солиден избор остани на неа.
    3.Епа зимај 1TB(WD blakc,Samsung) и SSD (64GB најмалце)
    4.Рамот е ефтин зимај 12 слободно.
    5.Матична јас би ти препорачал ASUS P8P67 DELUX.Ја има плочава и ќе ти кажам феноменален избор (очекувај за недела дена опширно ревју за истата).
    6.Кулер ако сакаш тивок ондак ноктуа д14 ќе ти биде повеќе од доволна.
    7.Напојување ешто квалтетоно како чифтек или кулер мастер на 600W
     
    На MasteR_#0 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Slaave

    Slaave
    Intern

    12
    7
    30 Декември 2011
    Bump.

    Компонентите што ги избрав до сега се следниве:

    CPU: i7 2600K + Hyper 212+ Cooler
    RAM: Kingston HyperX Genesis 8GB 1600MHz
    VGA: Sapphire ATI PCX HD 6870 1GB GDDR5
    HDD: 1TB Western Digital Caviar Black

    Е сега помош околу матичната плоча. Дали да земам некоја од поефтините P8Z68-V LX и P8P67 LE или некоја од поскапите P8Z68-V/GEN3, SABERTOOTH P67 и MAXIMUS IV GENE-Z?

    Инаку да се знае дека не сум гејмер, само повремено би играл некоја игра и планирам да го оверклокувам процесорот само, друго не знам дали би можел, но ако може, би. Дали вреди да давам пари за матична од околу 10 000 денари или да земам некоја од 5 500 до 6 000 денари? Дали има огромна разлика меѓу нив во конструкцијата и работата?

    Ако заштедам од матичната плоча дали да го купам Cooler Master Elite 430 Black куќиштето кое е поефтино или да додадам и да го купам Cooler Master Mystique?

    И за крај дали е добро и тивко Cooler Master Silent Pro 700W како напојување или да земам некое друго од CM?
     
  4. tomi

    tomi
    Guru

    9,816
    9,055
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Dali si izracunal kolku bi te fatilo ovaa konfiguracijata. Ja pominuvas cenata od 55.000 denari
     
  5. Slaave

    Slaave
    Intern

    12
    7
    30 Декември 2011
    Излегува околу 58 500, но бидејќи ќе плаќам во кеш од продавницата каде прашав ми понудија 5% попуст, значи вкупно 55 500.
     
  6. tomi

    tomi
    Guru

    9,816
    9,055
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    55000 bez maticna napojuvanje i kukiste ili pravis muabet za se komplet. me interesira sto ponuda ti dale za 55.000 denari
     
  7. Slaave

    Slaave
    Intern

    12
    7
    30 Декември 2011
    i7 2600k (со CM Hyper 212 Plus cooler)
    P8Z68-V/Gen 3 или Sabertooth P67
    8GB DDR3 1600 MHz
    Sapphire ATI PCX HD 6870 1GB GDDR5
    1TB WD Caviar Black
    Cooler Master Silent Pro Modular 700W
    Cooler Master Elite 430 Case
    DVD-RW......

    Со попуст оваа конфигурација за 55 500 денари.
     
  8. tomi

    tomi
    Guru

    9,816
    9,055
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    o_O Само едно ке кажам ако е оваа цена браво за фирмава :)
     
  9. tomi

    tomi
    Guru

    9,816
    9,055
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    i7 2600k (со CM Hyper 212 Plus cooler) 16008+1687
    SABERTOOTH P67 - 8985
    Kingston HyperX Genesis 8GB 1600MHz - 3644
    Sapphire ATI PCX HD 6870 1GB GDDR5 - 10305
    1TB WD Caviar Black - 8533
    Cooler Master Silent Pro Modular 700W - 5699
    Cooler Master Elite 430 Case - 3871
    DVD-RW - 900

    Spored Dilerskiot cenovnikot od Set 22-12-2011 ovaa konfiguracija so izracunato DDV faka 59632denari kako sto ti kazav i vo pp ako ti ja nudat za 55.000 den zimaj ne se misli, mada sepak ne mi stima nesto ili ja gresam so cenive ili firmata napravila nekoja utka nemoze da se poeftini od dielrskite na set baska firma koja e isto diler i preprodava vo strumica
     
  10. Hatake Kakashi

    Hatake Kakashi
    Intern

    70
    20
    14 Декември 2011
    Машко
    Деновиве ќе купувам горе-долу многу слична конфигурација, комплет со монитор, за 58500. Место i7 имам i5-2500k(6000 поефтин), помалку хард(5000 поефтин), ама мониторот и матичната се +10000(+2000 матичната и 8000 мониторот) така да горе долу со цената е многу слична конфигурацијата. Иста графичка, ист рам, исто напојување, слично куќиште, ист кулер за процесор. Така да, цените се тие, реални. Прашај во ДДком за оваа конфигурација колку ќе ти дадат попуст за плаќање во готово. Инаку добар совет ти даде калчо, за промена на процесорот. На таа тема можеш да прочепкаш и по нет, со тоа што ќе се водиш од твоите потреби, т.е. за што би го користел процесорот и до кој степен.
    Башка со таа заштеда ќе додадеш SSD, барем 64 гига.
     
  11. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,516
    14 Мај 2008
    Машко
    Грешка да не имаш кај процесорот, 2500К да не ти нудат? Оти со 2600К малку нереална излегува ценава (освен ако не си рекетар и фирмава ти дужи пари)
     
    На tomi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,056
    1,649
    30 Мај 2010
    За куќиштето и напојувањето не се мисли ич.
    Напојувањето е претивко, а воедно и вентилаторот на куќиштето.
    За матичната јас сум среќен корисник на Sabertooth P67 :D
     
  13. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,111
    4,818
    8 Април 2011
    Машко
    Дилерска цена на i7 2600K во SET е 14930 денари а не 16008,али изгледа различни "Дилерски" цени нудат на фирмиве :)
     
  14. tomi

    tomi
    Guru

    9,816
    9,055
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    cenovnikot e bez vkalkuliran ddv a i e malce postar sea treba veke da ima nov i da ja vidam cenata, da sekoja firma ima razlicni ceni no razlikata ne e golema
     

Сподели

Вчитување...