1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Помош околу 3700X конфигурација

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од toshex, 24 oктомври 2019.

  1. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,162
    4,318
    18 Септември 2013
    Машко
    Здраво дечки, сакам да склопам BEST BANG FOR BUCK Ryzen 3700X конфигурација.

    Процесорот ќе го зимам од Нексио, и се надевам од нив да земам најголем дел од деловите доколку може да ги набават по компетитивни цени или пак соодветни заменски делови со исти перформанси.

    Ќе се користи примарно за видео едитинг (не мора да значи Adobe premiere може да биде у некој од другиве програми кои се пооптимизирани за повеќе јадра), работа у графички програми, енкодирање и стримање 1080п (у смисла capture video па стримање, а можда и стримање и играње на иста машина).

    Исто така мислам дека G-Skill Trident Z DDR4-3200MHz CL16-18-18-38 1.35V 32GB (4x8GB) е рамот со кој ќе идам за околу 10 илјади (но сепак отворен за совети по ова прашање) пошо делува ко добра цена за 32 гигабајти 3200 рам со CL16.

    Целта е максимум перформанси за буџет. Останатите компоненти кои ми требаат се:

    Најбитното: МАТИЧНА ПЛОЧА - неќам да фрлам којзнае колку пари, секако сакам b450 или x470, по можност поевтино но да биде соодветно за процесоров. толку. На интернет тоа што читам е дека MSI биле најдобри, но дека биосите им се мали па треба макс модели, дека Asrock имаат слаб VRM итн - и не знам веќе шо да верувам.

    Затоа се обраќам тука за помош пошо има членови (на пример @gOJDO веднаш паѓа на ум) кои имаат тестирано и се разбираат од прва рака.

    Графичка: Radeon 5700 vs 2060 Super (не ми треба RTX но видео енкодингот на Nvidia бил доста подобар у моментов - со тоа шо можда на AMD енкодерот софтверски ќе го средат у иднина). Мислам дека разликата у цена е за околу 2000 денари ако гледам по странициве за хардвер. Битно ми е да е добро ладена, не ми е гајле за која вади 1-5 фрејма повеќе од која, зависно до модел, кулер и фреквенции меѓу различни производители. Побитно од тоа ми е дури да биде по можност blacked out пошо сакам да направам колор тематика се да биде црно во компјутерот.

    Диск: ми треба само NVME околу 500 гига за на плочата, имам големи дискови со многу терабајти сториџ кои ќе ги префрлам во конфигурацијава

    Напојување: секако дека Gold или подобро, од добар OEM, максимум околу 600-650 вати, со тоа шо мислам дека 550 вати би било сосема доволно, а дури и 500 вати би завршило работа (потрошувачката на системот секако нема да е над 350-400 вати from the wall).

    Куќиште: сакам некое минималистичко, може да има прозорец од страна но сакам да биде добар баланс меѓу квалитет на изработка, цена и проток на воздух (неќам шаренила, многу светла и такви срања). Silencio S600 ми се свиѓа на изглед, макар читав дека наводно не се многу добри температурите во него.

    Кулер за процесор (можеби) - нешто као 212 black? Ако идам со колор тематика (која пак ќе кажам ќе е најблиску до црно на црно) тогаш би било убаво да е црн и кулерот. Ама ова е веќе опционално и може и да се користи и бокс кулерот за почеток.

    Нешто ако испуштив надополнете. Монитор и периферии за сега не разгледувам, но може и тоа да препорачате иако фокусот таму би било практичност и буџет.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  2. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,049
    1,619
    13 Јануари 2014
    Машко
    Од моиве (скромни) познавања, за плоча би ти ја препорачал ASUS Prime X470-Pro. Беља е што е бела, па можда нема да ти одговара поради бојата. Околу 10,500 беше во Сетек мислам, и не знам дали би можел да ја земеш од Нексио.

    За диск оди со Samsung EVO.

    Напојување ако добро памтам имаше EVGA во Нексио, G3 650W ќе ти заврши работа, 80+ Gold.

    За куќиште, NZXT H500i ти е одлично за се што бараш, минималистички дизајн, прозорец од страна, и има капак долу на делот со напојувањето за да не се гледа тоа и каблите кои излегуваат од него. Ги имаш во Нексио, и веројатно има и црно и бело.

    Ако нешто згрешив, се надевам ќе ме поправи некој од поискусните :)
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  3. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,162
    4,318
    18 Септември 2013
    Машко
    h500i го гледав ама некако претенки лимчиња ми делува изработката.

    10к е премногу за плоча искрено

    за напојувања nzxt моделите од нексио се подобри од evga моделите кои ги има на лагер ама пак се малце скапи и тие и тие за тоа шо го нудат

    повеќе барам алтернативни опции шо не се од овие брендови :)

    corsair можеле да донесат нексио иако цените и на нив се малку посолени отколку во соседството

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,073
    12,644
    23 Јануари 2008
    Манга
    У понеделник се враќам, па ќе ти дадам конкретна понуда со предлог конфигурација. Дали мора сите делови да се нови или во игра се и половни?
     
    Последна промена: 24 oктомври 2019
  5. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,162
    4,318
    18 Септември 2013
    Машко
  6. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,365
    3,074
    24 Септември 2012
    Наместо 32гб рам, сосем доволно ќе се 16гб, верувам, тоа лесно се дотура ако толку тргне работата.

    И матична нема потреба од форсаж со пари.

    А и графичка зависно од потребите може да е побуџетна освен ако планираш да гејмаш ептен. За продуктивити јас би одел на 1050ти лично.

    Е сега за процесор, ако се може јас би набрцал се во 3900X зошто мене таму би ми се добила најголемата разлика. И тоа во комбинација со D15 кулер. Ич.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Deksa

    Deksa
    Gaining Experience

    337
    242
    9 Февруари 2012
    Машко
    @toshex јас многу гледав плочи пред да купам и 2 ми оставија голем впечаток според квалитет, ривјуа и опции:
    Asus е најквалитетен бренд за матични според тоа што го прочитав, AsRock веднаш по нив, па Gigabyte па MSI би ги ставил последни :)

    Помалата верзија:
    ASUS TUF B450M-PLUS GAMING

    Поголемата верзија:
    ASUS TUF B450-PLUS GAMING

    Плочава е со голем опсег за клокање на рам, добро изолирани и квалитетни кондензатори со премиум ладење и добра регулација на струја.
    Еве нешто повеќе за TUF:
    Why TUF | THE ULTIMATE FORCE

    За Trident РАМовите лично мислам дека не вредат за парите, ама ако некој има што е поупатен нека каже.
    Имаш други серии на G-skill со добри вредности за упола цена.

    Напојување сум фан на Cooler Master Vanguard серијата (мислам дека се подобри од Corsair) но не ми се допаѓа што каблите не им се плетени во споредба со пример Corsair.

    Диск дефинитвно Samsung EVO.

    Кулер:
    GAMMAXX 400 blue DEEPCOOL- CPU Air Coolers
     
    На prichina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,162
    4,318
    18 Септември 2013
    Машко
    Солидни совети ама не идам над 3700х пошо стварно неам до толку потреба.

    Графичка да сакам да има малце простор за позахтевни игри и графици у иднина малце.

    Рам 32 затоа шо до сеа сум со 16 гига и за графичкиве програми кои ги користи девојка ми на wacom таблет и цртање у 8к стварно треба рам. Искрено дури и 64 гигс би ми се нашле ама тоа би било баш оверкил.

    Сепак сакам нешо накај буџет и бест бај. За матична и јас мислам фо кај 6К макс. Преку сила 7к.

    ЕДИТ:

    За асус и јас викам најарни ама за б450 buildzoid и останати викаат дека МСИ се најдобри... и тука ми е дилемата иначе овие ASROCK се супер на цена а и ова ТУФ Асусов сјајно изгледа...

    А и прашањето за биос поддршка ич не сум у тек која плоча како е.

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
    Последна промена: 24 oктомври 2019
  9. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,073
    12,644
    23 Јануари 2008
    Манга
    3900x не се наоѓа и ако се најде е прескап.
    Матиична боље x370 отколку b450 за парите, asus или asrock.
    Рам би идел на 2х16gb DDR4-3200 CL16
    Екстра кулер е непотребен луксуз
    2060 super да не е само msi ventus
     
    На toshex и Deksa им се допаѓа ова.
  10. Deksa

    Deksa
    Gaining Experience

    337
    242
    9 Февруари 2012
    Машко
    @gOJDO е во право разликата во цена до Х370 е минорна, а е подобар избор

    ASUS PRIME X370-PRO
     
    На toshex и gOJDO им се допаѓа ова.
  11. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,073
    12,644
    23 Јануари 2008
    Манга
    Таа е подобар избор од било која b450 шо може да се купи за тие пари, па и повеќе.
     
    На toshex и Deksa им се допаѓа ова.
  12. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,162
    4,318
    18 Септември 2013
    Машко
    интересно. х370 уопште немав земено предвид. ќе разгледам баш

    едит: а не се 400 серијата сите као подолгорочно поддржани со апдејти? или исто му иде б450 или х370 од тој аспект?

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
  13. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    536
    572
    15 Септември 2012
    Машко
    Мое размислување базирано на само едно скорашно искуство:
    MSI b450 Tomahawk Max во анхоч ја имаше за 110 евра (процесорите од Ryzеn 3 серијата работат директно без менување софтвер - ставаш процесор, вентилатор да го дува, вклучуваш во струја и работи машкото)
    Рам меморијата ја имаш добра одбрано, имаш и алтернатива RipjawsV 3600MHz за нијанса (10евра) поевтино, истата количина на рам. Само прво провери кои чипови се внатре
    Нексио и не е баш најевтиниот продавач во градов. Да не испадне после две-три години како и познатиот многу фален продавач на мобилни телефони...
    NVME од Samsung ама моделот 970 EVO PLUS... само EVO е сата диск на М.2 штекер. Би ти препорачал и еден поголем 860 EVO 2.5" ССД... 1Т, 2Т, колку ти трпи буџетот - за филмовите побрзо да ги гледаш, еб*ш механички дискови, бавни се. Немој да се зае*еш со оние QVO дискови... исто како хард дискови се... само поскапи.
    Тенекии за куќиште имаш и во премиум_точка_ком_точка_мк за иљадарка. Е, да, Ова денешниве се стварно тенекии од куќишта - не го притискај лимот - лесно се деформира и гребе. Кај сите продавачи.
    А за куќишта со џамче да му спомнам цела фамилија на тој што ги измисли... Тоа џамот е преполн со отисоци од телесни флуиди, секрети и масти и се останато што не се чисти.

    Кабел менаџмент... нова мода. Демек на старите компјутери што имаа клопчиња кабли над меморијата, ладењето им беше лошо... Ако подлегнуваш на тој моден тренд, да ти дадам преепорака , пред да ги уштекаш тоа каблите со менаџерот заедно, троа загреј ги со ув ламПа, или на радијатор, термо пеЧка, или што имаш потопло по дома... Полесно ќе се менаџираат и помалку ќе имаш нервоза. Знаеш мора загревање пред секоја работа, па и оваа....

    Пред некој ден поминав во Сетек во ГТЦ и имаа изложено цела полица со x570 плочи, не ми беа од интерес, па не им обрнав внимание.

    Размисли за компјутеруниверзе од џерманија. Пред месец дена кога размислував за ПеЦе, конфигурацијата од кај нив со сите максимални претпоставени царини ми излегуваше за 200 евра поевтина од овде... ем башка од тоа џерманијата ќе нарачаш икс570 плоча за исти или слични пари со ова што се продава кај нас (генерациски постаро), поголеми ссд, графичката ќе фучи, напојувањето може да си го одбереш од 200 модели од второ место (сребрена медаља), можеш и од прво место (златна медаља), па и со олимписки рекорд (платинаста плоча), немора да е бронзано (трето место)...

    Не заборавај вентилатори. Многу вентилатори ти требаат и многу шрафчиња за нив. Кај нас е т'нок изборот, во џерманијата нема што нема... немачка немаштија...

    Мислам дека бев разбирлив. Малку јас пишував, малку виново ми го матеше паметов, ама во глобала: ако ние не им ги исчистиме полиците со технолошки заостаната стока на локалниве продавачи по цени како што биле кога се произведени, оти на стрвниве продавачи не им текнува да намалат цени за да исчистат полиците и да донесат последна генерација техника, тогаш нема кој. Човече уште продаваат икс370 плоча, две генерации стара??? Па на таа плоча од чекање муштерија по полици, кондензаторите и станале барутана... Нека не се љути предлагачот, јас коментирам што воопшто тоа се продава кај нас...

    Нарачај од џерманија, ти не си технолошки неписмен па да те е**т локални препродавачи (лешинари), за свои пари купи си го најдоброто. Ем башка поевтино ќе поминеш.

    Че одам да спијам

    Пред да си легнам. Совет од мој пријател кој таму во тоа белиот свет предава на учениците знаење за составување на компјутери. Он кажува: на компјутер најчесто рикнува матична плоча. Затоа кога купуваш делови, ти ќе бидеш паметен и ќе си купиш две матични плочи, па за две три години кога ќе ти рикне плочата, едноставно ја менуваш за втората и тераш уште толку време...

    Не ми се спијаТ.

    Умре форумов. Кога дојде време ја да јадам лајна овде, стварно е умрен.
     
    Последна промена: 25 oктомври 2019
    На Avid, Rukfash, smole и уште 2 други им се допаѓа ова.
  14. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,162
    4,318
    18 Септември 2013
    Машко
    Фала на препораките. Јасно ми е за се тоа и знам дека можам и до соседство да идам за да купам ама ми треба локална гаранција и фактура од локални продавници, така шо затоа сакам се што можам да купам директно од продавница тука.

    За NVME гледав ама многу ми се чини се 10К за ево од 512 гига. Плус шо нема на залиха ко шо гледам ни у сетек ни у анхоч.

    Компјутеров нема да е за гледање филмови си имам и лаптоп и уште еден компјутер за тие ствари, овој е примарно за работа и за складирање.

    Има за упола цена од 970 EVO NVME дисковиве овие две опции:

    - HP EX900
    - SAMSUNG PM981

    И читам рецензии и пишува дека се доста океј. Пред се мене NVME ми е ради да не бутам кабли до обични SATA дискови ама од тоа шо гледам под Windows 10 ова HP драјвчево е импресивно.

    Ипак ко шо кажав не пратам дискови, рам и остало веќе некое време ама не ми делува дека е кој знае колку различно дали еден од овие два или ево. Гледам дури и тоа шо HP дисков нема DRAM туку би користел од самиот рам, дури и тоа не прави некоја разлика... така шо би се сведело на дали сакам црн NVMe драјв, или пак комплетен со DRAM ама зелен самсунг модел хахах.

    Битните податоци ќе се на механички дискови, у повеќе копии на повеќе драјвови, како и на онлајн сториџ така шо не е битно NVME драјвот да е најдобар на свет, туку да е колку толку побрз од САТА3 драјв и да не зафаќа кабли и простор.
     
  15. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    536
    572
    15 Септември 2012
    Машко
    Не ти треба фактура од локална продавница. Ти треба друг сметководител, поискусен.
    НВМЕ во анхоч земав ЕВО+ 500МБ за 8000 денари. Ете ти 2000 денари заштеда.
    Па рече на почетокот дека ќе работиш видео едитинг. Како, на слепо? Нема да го гледаш материјалот?
    ССД со или без драм? Не си погледнал подобро. Баш за видео едитинг на поголеми фајлови.

    Ај да продолжиме утре со дискусија, Траминецов почна да збори
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  16. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,162
    4,318
    18 Септември 2013
    Машко
    Да али го немаат на лагер у анхоч, а и овој шо е зелениов OEM самсунг драјв со DRAM е 2000 поевтин и од евото (а нема којзнае колкава разлика у перформанси сигурно).

    DRAMless со Windows 10 May 2019 апдејт зимаат 512 мега рам од системскиот рам и се понашаат туку-речи исто као овие со DRAM драјвови, па ете ти уште 1500-2000 заштеда.

    Како и да е, ко шо кажа треба и вентилатори и се, а се трудам да го направам се ова за најблиску до 1000 евра шо може. Секако ќе иде над 1000 ама неќам да иде блиску до 2000.
     
  17. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,482
    1,675
    25 Март 2013
    Машко
    @toshex

    За матична, мој предлог ти е b450 од околу 100 евра од Асус>Гигабајт>MSI (во тој редослед). Немаш потреба од повеќе со тоа што како што верувам знаеш побарај им од местото кај што ќе ја купиш матичната да и го апдејтуваат за да не се замараш.

    Рамот ти е супер со тоа што ако можеш да најдеш поефтин со исти спецификации (2x16gb 3200 cl16) од GSkill и Corsair оди со тој бидејќи многу малку ќе ти менува моделот за перформанси, а може да има битна разлика у цена.

    За графичка ако не се брзаш АМД ќе извади нови во наредниот месец, ама може да фати и два+ месеца да ги донесат.

    Диск: Буџет варијантата ти е XPG SX8200 Pro (NVme e), или про варијанта со Самсунг 970ките, но поскапа цена.

    Кулер: како што си кажа, пробај со сток и со куќиштето како ќе ти функционира, а после ако ти треба или Cooler master 212 black или Гамаксот
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,073
    12,644
    23 Јануари 2008
    Манга
    Pm981 го има истиот nand и контролер од 970 evo. Во реалност нема никој да забележи разлика меѓу 970 evo/pm981 и 960 evo plus. Разликата меѓу pm981 и 970 evo во цена не е 2:1 туку 1.3:1. Секако pm981 се исплати повеќе.
     
    На toshex и Arabian им се допаѓа ова.
  19. Mario.Bog

    Mario.Bog
    Gaining Experience

    873
    441
    15 Декември 2013
    Машко
    Според мене ако идеш веќе со 3700x, земи си x370/x470. Best bang for the buck матична е Asrock X470 Master Sli, 8500 денари е малопродажна цена во Нексио, доколку некој може да ти заврши работа за дилерска цена ќе дојде нешто под 8к и ти влегува во ценовен ранг. Би ти препорачал на ваква конфигурација да не штедиш на матична, така да и 8500 за ваква матична не е многу, кога ќе видиш дека конкурентни матични се барем 1500-2000 денари поскапи. Околу рамот чим е за работа обавезно со 32гб, ако можеш и 64гб стави и мирна глава. Знам како е кога немаш доволно рам, кога работев во Fx3x пц-то имаше 32гб рам, ама на поголеми кадри цел рам ми беше кеширан и имаше потреба од повеќе. :)
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  20. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,162
    4,318
    18 Септември 2013
    Машко
    Фала ти баш ќе разгледам за таа матична и у шраво си со оглед на ценоте на х370 кои им се од турско и со оглед кои б450 модели ги има и колку бараат фирмиве за набавка на томахак дефинитивно не е вон избор. За рам ќе проверам 2х16 гига тогаш за да може да додадам уше толку у иднина.
    Благодарност и до @gOJDO за советиве (не знам од моб. како мултицитат) за дискот и за се останато.

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
    На gOJDO и Mario.Bog им се допаѓа ова.
  21. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,162
    4,318
    18 Септември 2013
    Машко
    Дечки конфигурацијата е финализирана, фала на сите за помошта до сега - единствено се двоумам околу матичната - истата е избрана (од тоа шо има на лагер во продавниците):

    ASROCK B450 Steel Legend

    Е сеа ко шо кажав читав дека сите плочи пред X570 освен тие на MSI наводно имаат катастрофа VRM и според овој chart би требало да е сосема океј плочава:

    https://i.redd.it/v41vtfrvxkk31.png

    Но некако чудно ASROCK B450 pro4 плочата наводно е боља за 8 јадрени процесори.

    Ппрашањето ми е дали PBO се смета за оверклок и дали плочава е доволна за 3700X со PBO?

    Пошо би сакал да е enabled, и мислам дека со stock кулерот и двата вентилатори во NZXT H510 во дефолтна конфигурација (назад и горе во exhaust mode) дека ќе има доволно проток...

    Ама сепак од тоа шо читам по редит и останати форуми луѓево многу се напнати околу VRM температури и оверклокинг (не знам каков оверклокинг, и стрес тестови) и као сите плочи шо не се MSI 4ХХ серија или пак X570 ги хејтаат коа се работи за 3700 и нагоре процесори... help?
     
  22. StefAngel

    StefAngel
    On your way to fame

    1,391
    884
    28 ноември 2015
    Машко
    Имам msi b450 tomahawk 2700x со пбо иде 4.3 на две јадра. Ако правам мануелен оверклок 4.2 гхз на 1.35 волти. Со пбо се добива подобар сингл кор.
     
  23. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    733
    788
    7 Февруари 2013
    Машко
    Студент, Информатика
    B450 Steel Legend во Нексио ја има и која и е цената? Во план ми е многи слична конфигурација да склопам наредниов месец.

    H510i, Kraken, Z RGB за побрзо да работат игрите секако :) па плочиве стеел легенд серија ми се допаќаат многу, лало евтина варијанта спрема Асус Прајм бели

    Испратено од SM-N960F преку IT.mk форум апликација
     
  24. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,925
    5,835
    21 Јануари 2009
    b матична за 6
    x матична за 7
    крај
    најлошата x матична е боље од b па колку сакаш читај на нет, какво сака нека е врмто и колку сакаш гледај го бушавиов кој веќе не е бушав изглеа
    upload_2019-10-26_20-2-46.png
     
    На gOJDO и steelseries им се допаѓа ова.
  25. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,162
    4,318
    18 Септември 2013
    Машко
    ама нема разлика меѓу повеќето х и б од иста серија у врм секција... бар колку шо глеав.

    како и да е било која х серија значи ќе биде боље???

    ЕДИТ: Според графиков шо го линкував од редит (видете погоре за линк) X серијата на Asrock е исти к** како и steel legend. Не знам зашо ама само PRO4 моделот е као демек подобар, ама таа пак е полоша на сите други features како пример аудио и се тоа.

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација

    Ја имаат демек по нарачка, или на лагер не знам точно, нешто испод 7000 му иде.

    Не знам шо значат тие бројки (дали се добри или лоши) ама сите ја фалат томахаукот како најдобра опција од B450.
     
    Последна промена: 26 oктомври 2019

Сподели

Вчитување...