• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Помош и препорака за процесор

  • Ја почнал/а темата
  • #1

m3nka

Intern
15 септември 2008
120
3
Вака сеа...Неодамна си купив нов компјутер и не сум задоволна баш.Сецка на некои игри што мислам дека нема потреба од тоа.Ќе ја пишам конфигурацијата:
CPU: Intel (R) Pentium (R) D CPU 3000 Mhz 4Mb cash
RAM: 2 Gb DDR2 800 Mhz
VGA: GeForce 8600 GT 1 Gb DDR2
HDD:250 Gb
MB:ASUS P5V-X SE

Сега сакам процесорот да го заменам со DualCore 2.4 GHz, 1Mb cash
Незнам дали проблемот ми е до процесорот и дали е подобро да земам DualCore :isplashen:
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
хммм што знам и тој ти е некако поспор
за компјутер core 2 duo, core 2 quart или ако немаш толку пари core duo и тоа за c2d мин да ти е 2.5 за cd уште повеќе
рам е ок али ако имаш пари стави уште 2 гига
рамот е евтин
графичка ти е добра
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,840
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Вака сеа...Неодамна си купив нов компјутер и не сум задоволна баш.Сецка на некои игри што мислам дека нема потреба од тоа.
Иако си го земал нов компјутерот, деловите се антика и со слаби перформанси.

Ќе ја пишам конфигурацијата:
CPU: Intel (R) Pentium (R) D CPU 3000 Mhz 4Mb cash
RAM: 2 Gb DDR2 800 Mhz
VGA: GeForce 8600 GT 1 Gb DDR2
HDD:250 Gb
MB:ASUS P5V-X SE
Предпоставувам дека процесорот е двојадрен, штом има 4MB L2. Во принцип и едно јадрениот и двојадрениот се батак, но ако е еднојадрен менувај го обавезно.
Што се однесува до графичката, треба да брка работа за игрици од 2006-та или постари. За новите игри воопшто не е доволна.

Сега сакам процесорот да го заменам со DualCore 2.4 GHz, 1Mb cash
Незнам дали проблемот ми е до процесорот и дали е подобро да земам DualCore :isplashen:
Јас на твое место би мењал комплет: плоча, процесор и графичка и би додал уште 2GB RAM. Но ако си ограничен со буџет и ако компјутерот ти е за играње тогаш смени ја прво графичката, а потоа процесорот. Кажи која сума ја имаш на располагање, па ќе ти предложиме нешто најисплатливо во тие граници.


хммм што знам и тој ти е некако поспор
Било кој Pentium Dualcore e побрз од неговиот процесор.

за компјутер core 2 duo, core 2 quart или ако немаш толку пари core duo и тоа за c2d мин да ти е 2.5
C2Q не работи на неговата плоча. За графичката картичка која ја има, многу е и C2D на 1.5GHz.

графичка ти е добра
Добра му е за играње Кантер или WOW. Но ниту една модерна 3D игрица не е можно да ја игра нормално со таа графичка картичка. Не за џабе се поплакува чоекот.
 

gorgigangsta

Intern
8 октомври 2008
20
0
Ми стои дека процесорот е стварно застарен но сепак само со менување на процесорот нема да се осети некоја разлика, па затоа со графичката тој би одел комплет. А инаку рамот е одличен
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

m3nka

Intern
15 септември 2008
120
3
Епа значи процесор да барам мин. core2Duo 2.5 Gh, а за графичка незнам каква да купам. Па ако може да предложите некоја графичка што ќе може да ми ја подржи матичната. Фала однапред
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
Било кој Pentium Dualcore e побрз од неговиот процесор.
да да

C2Q не работи на неговата плоча. За графичката картичка која ја има, многу е и C2D на 1.5GHz.
.
после го видов тоа


дуде зависи за што ти е комп и колку буџет имаш

јас би ти препорачал цело куќиште да го дадеш некаде и да си доплатиш за нова конфигурација
 

gorgigangsta

Intern
8 октомври 2008
20
0
Па види, точно која не може да се каже но оваа матичната е ASUS, па логично е и графичката да обрне на таа марка, но не мора тоа многу да значи. Може и да остане истата само малку надоградена, ако сега е 8600 да биде 8800 или дури и повеќе. Не сакам да навлегувам во информации затоа што не сум сигурен и би можел да упатам некоја погрешна варијанта.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

m3nka

Intern
15 септември 2008
120
3
Епа сега за сега планирам да сменам само процесор. Па понатаму да видам за графичка. И каков процесор да сменам за оваа конфигурација?Без разлика за доплата.Што би било најсоодветно за оваа конфигурација
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Но ниту една модерна 3D игрица не е можно да ја игра нормално со таа графичка картичка. Не за џабе се поплакува чоекот.
Дефенитивно се сложувам со тебе за се` во постот. Единствено горе цитираново малце ме збуни.. Знам дека не е нај солидна но..
И јас ја имам истата, па во моментов играм: Pes, fifa 2008, Call of Duty 4: Modern Warfare, Need for Speed: ProStreet , и уште некои вака посолидни игрички, па немам никаков проблем.. Знам дека солидноста нема да трае уште многу долго, бидејки секој ден се` поново излегува, но барем за сега ми е во ред.
 

dashbog

Gaining Experience
24 јуни 2008
162
128
Пред се треба да кажеш каква ти е замислата. Дали сакаш да правиш замена за деловите или да купуваш нови. Сакаш совети ама треба да кажеш и со каков буџет располагаш и за што ке ти користи компјутерот. А за совет сите тука ке ти кажат да си земеш некој C2Q и некоја 260 или 4870 и што ти знам уште што не и кога ке добиеш некоја сума од 1000 евра за 2-3 дела да не се чудиш што те снашло.
Мој совет ти е да не менуваш ништо и нема да потрошиш ни денар. :))
 
  • Ја почнал/а темата
  • #13

m3nka

Intern
15 септември 2008
120
3
Значи планирам само да го сменам процесорт. Па Ваш предлог за оваа конфигурација кој процесор би бил најсоодветен
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,078
27,210
kalco.ru
Си требала по на време да се распрашаш пред да го купиш....сега веќе ќе трупаш само пари +
иначе минимум C2Q ако сакаш да почустувваш разлика и графичка нешто 9600GT
 
  • Ја почнал/а темата
  • #15

m3nka

Intern
15 септември 2008
120
3
Епа C2Q да земам нема да ми подржи матичната.Значи графичка останува не менувам. Само барам процесор кој што ќе е C2D за замена за овој сега и не знам колку би се движела доплатата за C2D некаде 2.5 Mhz и дали вреди да се смени процесорот
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,078
27,210
kalco.ru
Па C2D на 2.5 од прилика околу 4500-5000 ама не е точна цена неам ценовник во моментов до мене али толку се движат ако неи помалце
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17

m3nka

Intern
15 септември 2008
120
3
Единствено јас утре да тркнам да прашам за доплата и ќе ви го пишам моделот на процесорот.Па дадете мислење дали вреди да не зафркнам по 2 пат :p Позз и фала многу :bravo:
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
193
Си требала по на време да се распрашаш пред да го купиш....сега веќе ќе трупаш само пари +
иначе минимум C2Q ако сакаш да почустувваш разлика и графичка нешто 9600GT
Доста со тој C2Q, кој ве научил само скапи делови да постирате? Прост пример, C2D E8400 го тепа солидно во перформанси C2Q Q6600. Зашто? Бидејќи, C2D има поголема фреквенција, поголем FSB 1333, за разлика од именуваниот C2Q кој има 2.4GHZ, 1066 FSB. И сега се прашуваме дека по логиката на нештата, едниот процесор има 2 јадра, другиот 4 јадра, па испага дека уствари тој со 4 јадра е појак така? Епа многу малку игри се оптимизирани да работат на 4 јадра што одприлика значи дека за џабе имаме 2 јадра +. Сега повеќето програми се развиваат да ги искористуваат сите јадра на C2Q. Некој би споредил дека има појак C2Q од C2D во тој поглед што јас го објаснив горе на пример Q9450, меѓутоа доколку не планирате да правите bruteforce или обилно да рендерирате графика или пак не планирате да држите топ конфигурација без да ја смените за 5 години, тој процесор не е исплатлива инвестиција. За крај кажал само дека по приоритетно е да се смени процесорот, отколку графичката. ПС мислење за процесор ми е од Е8000, до Е8500, цените се движат блиску, меѓутоа бидејќи матичната не ти ги поддржува, би ти предложил Е6700 или Е4700. Инаку си требала да земеш графичка со 8600 GT 256/512 DDR3 наместо 8600GT со 1GB DDR2 RAM.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Core 2 Duo 8200
Core 2 Duo 7200
Pentium Dual Core E 5200

И графичката ти е тараба :ua:. Доплати барем за 9600 GT. Кога - тогаш и тоа ќе дојде на ред.
Доплати за уште 2 GB RAM.
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
193
Core 2 Duo 8200
Core 2 Duo 7200
Pentium Dual Core E 5200

И графичката ти е тараба :ua:. Доплати барем за 9600 GT. Кога - тогаш и тоа ќе дојде на ред.
Доплати за уште 2 GB RAM.
Е8200 отпаѓа бидејќи матичната поддржува 1066 MHz FSB. BTW, кажи ни го буџетот со кој располагаш, па ке ти предложиме упграде :))
 
Уф бе која е таа фирма што тутнува вакви антички делови во нови конфигурации?:plachko2:

- Плочата од што е стара неможам ни да ја најдам на сајтот на Асус за да видам што процесор поддржува. VIA PT890 чипсет е ако ен се лажам. Значи ако сакаш да менуваш процесор, ке треба да фрлиш пари и за нова плоча.

- Графичката е во ред за играње на игри постари од 2006та со резолуција 1024х768 на медиум сетинзи.

Е сега гледам дека сакаш игри да играш, така да ако сакаш нешто асално ке треба да смениш процесор, плоча, графичка и напајање(ако графичката си побара појако). Во кратки црти те советувам да си купиш скроз нов компјутер, со оглед на тоа колку се евтини куќиштата/хардовите/режачите/рамот деноиве(да не ги рециклираш со новите делови). Продај го стариов комплет и купи си нов. И другпат не купувај компјутер доколку не си добро информирана за моменталната ситуација со хардверот. За ова може да ти помогнат другари што се разбираат, ние на форумот, или сама да си читнеш по сајтови како www.anandtech.com www.tomshardware.com и слично.
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,840
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Па види, точно која не може да се каже но оваа матичната е ASUS, па логично е и графичката да обрне на таа марка, но не мора тоа многу да значи.
Брендовите на графичката и матичната немаат никаква врска и не постои логика која ќе ги поврзе. Иронично, сум имал проблем со Asus матична плоча и Asus графичка картичка: Asus M2N и Asus EN7300GT 512MB gDDR3. Графичката не се будеше на тој модел на матична плоча и на M2N-E, а функционираше на сите останати плочи. Исто така, на таа матичната плоча функционираат сите други графички картички кои ги имам пробано до сега: Inno3D 6600GT, Inno3D 8800GT, Asus EN8800GTS 512MB, Asus EN8500GT 512MB gDDR2 и Inno3D 7300GT 512MB gDDR3.

Може и да остане истата само малку надоградена, ако сега е 8600 да биде 8800 или дури и повеќе.
Разлика во перформанси од 8600 до 8800 е огромна, 8800 е три пати побрза.

Дефенитивно се сложувам со тебе за се` во постот. Единствено горе цитираново малце ме збуни.. Знам дека не е нај солидна но..
И јас ја имам истата, па во моментов играм: Pes, fifa 2008, Call of Duty 4: Modern Warfare, Need for Speed: ProStreet , и уште некои вака посолидни игрички, па немам никаков проблем.. Знам дека солидноста нема да трае уште многу долго, бидејки секој ден се` поново излегува, но барем за сега ми е во ред.
Дискутабилно е тоа, зависи според кои критериуми го дефинираш игриво. Имаше еден дечко на форумов што тврдеше дека супер му идат игриците на high со интегрирана графика Intel 945G. :LOL: За мене критериуми за добра игривост се: min 25FPS, avg 60FPS, high detail, 1280x960 или повисока резолуција.

Пред повеќе од година дена, на една од машините имав 8600GT 512MB gDDR3. Воопшто не беш доволна за играњена на модерна игрица како Crysis, STALKER, Lost Planet и т.н. со медиум сетинзи на 1280x1024(таа му е нативна резолуција на мониторот Asus 19" LCD).

Си требала по на време да се распрашаш пред да го купиш....сега веќе ќе трупаш само пари +
Токму така.

иначе минимум C2Q ако сакаш да почустувваш разлика и графичка нешто 9600GT
Едно е што не работи C2Q на таа плоча, а друго е што нема да има никаква полза од C2Q наспроти C2D. 386ка, убаво го сублимираше тоа:
Доста со тој C2Q, кој ве научил само скапи делови да постирате? Прост пример, C2D E8400 го тепа солидно во перформанси C2Q Q6600. Зашто? Бидејќи, C2D има поголема фреквенција, поголем FSB 1333, за разлика од именуваниот C2Q кој има 2.4GHZ, 1066 FSB. И сега се прашуваме дека по логиката на нештата, едниот процесор има 2 јадра, другиот 4 јадра, па испага дека уствари тој со 4 јадра е појак така? Епа многу малку игри се оптимизирани да работат на 4 јадра што одприлика значи дека за џабе имаме 2 јадра +.
Со овој дел од постот на 386ка не се согласувам:
Значи планирам само да го сменам процесорт. Па Ваш предлог за оваа конфигурација кој процесор би бил најсоодветен
За да може некој да ти препорача нешто конкретно, како што пишав погоре, треба да го знае буџетот. За таа конфигурација нај соодветен е Core2 Duo E7200 2.53GHz 45nm 3MB L2 FSB-1066, но ако не ја смениш графичката карта нема да остеиш никаква разлика.

За игрици многу подобра инвестиција е графичка карта. Со промена на процесорот ќе добиеш од 0 до 20% подобри перформанси во игрите, а со промена на графичката карта ќе добиеш до 1000% подобрување. Се разбира, во зависност од тоа каков процесор и/или каква графичка ќе ставиш и во зависност од игрицата(т.е. тесните грла на хардверот за таа игрица). Со промена и на графичката и на процесорот ќе добиеш уште поголеми подобрувања.

Затоа, уште еднаш ќе повторам, кажи ни го буџетот со кој располагаш и ќе ти предложиме најисплатлива(перформанси/цена) комбинација.
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
193
Со овој дел од постот на 386ка не се согласувам:
За играње, кај горенаведената конфигурација, графичката карта е многу потесно грло одошто е процесорот. За да почуствува разлика најпрво ќе мора да стави помоќна графичка.
Мислам дека и тоа е дискутабилно. На пример кај мене, кога играм battlefield 2 на мултиплеер сам ми постигнува ок фрејмрејт не се гледа сецкнање и слично на 1440x900 највисоки детали (освен АА, тогаш почнува слајд-шоуто :))) на тараба процесор и графичка (AMD 4000+ X2 клок на 2350GHz значи приближен процесор, 8500GT 1GB DDR2), меѓутоа кога ке ставам ботови, одма се осеќа разлика и почнува да засецкува. Значи во игри каде има развиена физика, и процесорот е доста важен.(сигурно го знаеш тоа)
@m3nka, Значи зависи која ја игра играш, не само кога е направена или каква графика има. Меѓутоа и таа графичка не и бега многу на мојава, затоа да ни го кажеш буџетот, ќе биде најдобро.
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,840
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Мислам дека и тоа е дискутабилно.
Па не се согласувам дека е дискутабилно за конкретниов случај. И процесорот и графичката картичка се слаби, но за било која 3D игрица излезена во последниве 5 погдини, процесорот има многу поголеми потенцијални пеформанси од графичката картичка, т.е. во најголем број случаи процесорот ја чека графичката картичка да заврши со рендерирање за да може да испрати нови фрејмови.

На пример кај мене, кога играм battlefield 2 на мултиплеер сам ми постигнува ок фрејмрејт не се гледа сецкнање и слично на 1440x900 највисоки детали (освен АА, тогаш почнува слајд-шоуто :))) на тараба процесор и графичка (AMD 4000+ X2 клок на 2350GHz значи приближен процесор, 8500GT 1GB DDR2), меѓутоа кога ке ставам ботови, одма се осеќа разлика и почнува да засецкува.
Примерот воопшто не е компетентен. Прво, ботови во BF2 не постојат. За таа цел се инсталира друг софтвер, од друг производител, кој зема премногу ресурси. Во упатствата на софтверот се препорачува истиот да се пушти на посебна машина, сервер, на која нема никој да игра. Токму поради тоа засецкувањето за кое зборуваш.

Процесорот кој ти го имаш е далеку помоќен од твојата графичка картичка.

Значи во игри каде има развиена физика, и процесорот е доста важен.(сигурно го знаеш тоа)
хемија, биологија, математика, AI и др. За се е важен, но за игрици најважна е графичката картичка.

@m3nka, Значи зависи која ја игра играш, не само кога е направена или каква графика има.
За да има добра графика, неопходна е добра графичка картичка. Колку се понови игрите, толку се позахтевни.

Меѓутоа и таа графичка не и бега многу на мојава
Па 8600GT 1GB gDDR2 e дупло побрза од 8500GT 1GB gDDR2.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,557
Мислења
823,254
Членови
28,063
Најнов член
Vektor666
На врв Дно