• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

ПОМОШ - грешка во мрежно поврзување

  • Ја почнал/а темата
  • #1

anemane

Intern
14 март 2008
49
0
Ве молам некој да даде мислење како да ја оправам мрежата.
Имам АДСЛ од МТ и веќе подолго време на кратко временско растојание немам интернет.
Поврзани се 7 компјутери на ADSL Router DSL-584T со помош на ASUS Switch GigaX 1016D.
Во Switch-от е приклучен и Рутер Linksys WRT54GC преку кои се поврзани уште 7 Лаптоп компјутери.

Овие два дена буквално нема ич интернет, т.е и да го исклучам рутерот (ADSL Router DSL-584T) -нема. Освен ако ја исклучам цела инсталација па пак да ја вклучам тогаш за кратко се појавува и пак нема.

Исто така овие два дена ми се случи и од интернет пребарувач да неможам да пристапам до рутерот.Морав да ја исклучам инсталацијата па така да пристапам.

Беа од МТ и рекоа дека проблемот бил во мрежата, а не во рутерот.

КАДЕ Е ГРЕШКАТА?
 

spiderman

Intern
16 април 2007
783
44
Нема потреба од два рутера и switch. Дисконектирај го само DSL-584T и ASUS GIGA switch а се друго поврзи на Linksys WRT54GC.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

anemane

Intern
14 март 2008
49
0
ако мислиш на АДСЛ рутерот тогаш како да ги поврзам лаптоп компјутерите, а ако мислиш на Linksys WRT54GC како да ги поврзам компјутерите што немаат wireless картичка
 

Laki Luciano

Intern
27 мај 2008
332
3
Овие два дена буквално нема ич интернет, т.е и да го исклучам рутерот (ADSL Router DSL-584T) -нема. Освен ако ја исклучам цела инсталација па пак да ја вклучам тогаш за кратко се појавува и пак нема.
Сакаш да кажеш дека ова се случува само изминатите 2 дена и дека до сега подолг период мрежата немала проблеми иако вака била конфигурирана?

Беа од МТ и рекоа дека проблемот бил во мрежата, а не во рутерот.
Си требал барем да ги прашаш од МТ да ти посочат кој уред би можел да ти прави проблем?

Вака логички мислам дека е добра мрежата, а и нема логика до пред два дена се' да било во ред и сега наеднаш да не работи т.е. да има прекини.

Претпоставувам дека се работи за фирма. Па еве во попладневните (вечерните) часови врзи еден компјутер директно на адсл рутерот, друго се извади од него и пушти еден пинг до ДНС сервер на МТ еве да речеме и сабајле ќе видиш дали се поминало како што треба или во текот на вечерта се дисконектирал/конектирал за да се увериш дека проблемот не е до линијата или адсл рутер/модем.
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Кога целата мрежа ќе падне, пробај користејќи traceroute да видеш кој елемент ги создава проблемите
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

anemane

Intern
14 март 2008
49
0
Подолг период работеше без прекин.Изминатите денови интернетот паѓаше но со рестарт, се појавуваше, Иако прекините беа доста чести. Поледните два дена вопшто немаше интернет. Од мт рекоа дека линијата е добра и дека рутерот е добар. Пробав само еден комјутер да поврзам директно и успеав, т.е интернет имаше кај 4 компјутери кои директно беа поврзани со рутерот.
Кога ќе го приклучев switch-от на рутерот врската се губеше. Како да проверам дали сигурно е проблемот до switch-от, или од искуство некој да ми каже што би можело да е проблем?
@Aleks
Дали со traceroute може да се утврди дали проблемот е во switch-от, бидејќи незнам што е тоа traceroute
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
traceroute (tracert на windows) е апликација која ќе ти го покаже патот на сигналот т.е. патот на интернет врската, ако си на windows пиши tracert google.com и ќе ти ги даде сите елементи кои те поврзуваат со гугл, вклучувајќи ја и отвојата мрежа и сите нејзини рутери.
 

vlatkorun

Intern
8 јуни 2007
633
14
Последните два-три дена и кај мене имаше проблеми со АДСЛ на Мт.Нет.
Коа се јави на 0800 12345 да ги питам шо е работата ми рече дека проблемо бил кај мене.Користам ДЛинк рутер модело е DSL-504T.
Зборо ми беше, ако претходно не си имал проблеми со интернет, а вие последните неколку дена настанале, може и да е од Мт.Нет. Ама они се премногу горди тоа да го признаат:ua:
 

vlatkorun

Intern
8 јуни 2007
633
14
Најпрвин шо треба да провереш е со каков кабел ти се врзани свичо со DLink рутеро. Кабело треба да е crossover. За набрзинка да видеш, земи го кабело т.е. неговите два конектора, доближи ги еден до друг и види го распоредо на жичките на еденио конектор. Треба да е различен од распоредо на жичките на другио конектор, нешто како овоа:

http://www.patraswireless.net/tutorial/basic tutorial/tut-equipemt/cable_utp_clip_image003.gif

Следно пробај да пингаш два од компјутерите шо се поврзани на ASUS Switch GigaX 1016D директно.
Ако тоа ти пројде без проблем следно е да пробаш да пингаш два компјутера од кои еден ќе ти е врзан на ASUS Switch GigaX 1016D, а другио на Router DSL-584T.

За почеток пробај ги овие работи па пиши, да пробаме да го изолираме проблемо.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

anemane

Intern
14 март 2008
49
0
@vlatkorun
Се обидов да пингам два од компјутерите што се поврзани на ASUS Switch GigaX 1016D директно - и неуспеав.

Се обидов да пингам два компјутера од кои еден ќе ти е врзан на ASUS Switch GigaX 1016D, а другио на Router DSL-584T - и пак неуспеав.

Само едно не ми е јасно. Кабелот со кој беа сврзани рутерот и свичот има два исти конектори(не различни како на сликата) и така работеше скоро 1 година. Последниот месец ми се јавија првите проблеми со интернетот. Сите компј. кои беа поврани со рутерот преку свич ( прво имаа и интернет и мрежа, потоа имаа само мрежа, а сега нема ништо)

П.С Препорачајте ми некој не многу скап свич, кој ќе заврши работа - се работи за канцеларии
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
194
@vlatkorun
Се обидов да пингам два од компјутерите што се поврзани на ASUS Switch GigaX 1016D директно - и неуспеав.

Се обидов да пингам два компјутера од кои еден ќе ти е врзан на ASUS Switch GigaX 1016D, а другио на Router DSL-584T - и пак неуспеав.

Само едно не ми е јасно. Кабелот со кој беа сврзани рутерот и свичот има два исти конектори(не различни како на сликата) и така работеше скоро 1 година. Последниот месец ми се јавија првите проблеми со интернетот. Сите компј. кои беа поврани со рутерот преку свич ( прво имаа и интернет и мрежа, потоа имаа само мрежа, а сега нема ништо)

П.С Препорачајте ми некој не многу скап свич, кој ќе заврши работа - се работи за канцеларии
А да пробаш со нови кабли ако не ти е проблем?
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Хм.,... не верувам дека е до кабелот, ова ми мириса како некој елемент (или свич или рутер) да е цркнат
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
194
Хм.,... не верувам дека е до кабелот, ова ми мириса како некој елемент (или свич или рутер) да е цркнат
Може и тоа да е. Јас имав случај кога ми цркна само еден порт на рутерот кога го поврзував кабелот (направив спој :)), а сите други портови работеа нормално.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

anemane

Intern
14 март 2008
49
0
Рутерот сигурно не е бидејки го користам за интернет, на него имам поврзано три комј. и еден Wireless рутер за 7 лаптоп комј.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17

anemane

Intern
14 март 2008
49
0
Никого не сакам да нападнам едноставно се обидувам да помогнам во отстранување на проблемот, бидејки морам да бидам 100% на сигурно.
Едноставно, утре морам да го решам проблемот, но незнам дали нов switch ќе заврши работа?

Дали со traceroute може да се утврди дали проблемот е во switch-от?
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
194
Никого не сакам да нападнам едноставно се обидувам да помогнам во отстранување на проблемот, бидејки морам да бидам 100% на сигурно.
Едноставно, утре морам да го решам проблемот, но незнам дали нов switch ќе заврши работа?

Дали со traceroute може да се утврди дали проблемот е во switch-от?
Ок, постот беше избришан или едитиран. Не е важно. Со traceroute пробај и кажи на што е приклучен тој компјутер на кој што ќе правиш traceroute. Мене ми мириса на прегорен Switch (скроз) не како кај мојот пример. И мислам дека нема воопшто да успее traceroute на компјутерите што се поврзани преку Switch-от.
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
194
Инаку дали имате мрежа без разлика дали имате интернет или не?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #20

anemane

Intern
14 март 2008
49
0
Компјутерот на кој што ќе правам traceroute е приклучен на Router DSL-584T, рутерот е поврзан со свичот и
моментално на рутерот DSL-584T имам приклучено и Wireless WRT54GC и 2 компјутери.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #21

anemane

Intern
14 март 2008
49
0
Мрежа(или интернет) во последно време преку свичот нема - порано имаше,
а инаку вака како што е поврзано сега преку рутерот DSL-584T и мрежа и интернет има.
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Изгледа е свичот, пробај прво позајми некој свич само да пробаш, ако е проблемот таму купувај нов некој поаран .)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #23

anemane

Intern
14 март 2008
49
0
Многу чудно но пред малку повторно го вклучив свичот и сега мрежа има, а интернет само на 1 или 2ј комј. не на сите, и постојано паѓа, конекција има а интернет нема
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
194
Многу чудно но пред малку повторно го вклучив свичот и сега мрежа има, а интернет само на 1 или 2ј комј. не на сите, и постојано паѓа, конекција има а интернет нема
Послушај го Алекс во постот погоре. Пробај со некој друг свич за да се осигураш дека е до него проблемот. БТВ што направи со traceroute?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #25

anemane

Intern
14 март 2008
49
0
Инсталирав 3d traceroute 2.3.33.56,

ќе сака ли некој да ме упати што точно да проверам, т.е како се користи програмот
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,729
Мислења
831,474
Членови
28,721
Најнов член
AIRTC
На врв Дно