Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Надградба на БИОС се прави со цел да се додадат нови опции, да се додаде поддршка за нови компоненти, да се елиминираат евентуални багови воочени во постарата верзија.
Во случајот со ABIT SR7-8X надградба на БИОС-от нема да помогне. на сајтот на производителот нема ревизија на БИОС-от која овозможува поддршка за Celeron D процесор.
Celeron D процесорите се базирани на Prescott јадро. Имаат поголем број транзистори од претходната генерација Celeron процесори (со Northwood јадро), изработени се во 90 nm процес (130 nm кај Northwood моделите), работат на понизок напон, имаат нов сет инструкции (SSE3), имаат двојно поголем второстепен (L2) кеш - 256 КВ наспроти 128 КВ.
Според техничките податоци на официјаниот сајт на АБИТ, оваа плоча поддржува само Northwood базирани Celeron / Pentium процесори, со собирница од 400 и 533 MHz FSB. На следниот линк е табеларен приказ на моделите на сите АБИТ матични плочи, каде што е наведено која што поддржува.
Најстар чипсет кој дава поддршка за Prescott процесорите (Pentium/CeleronD) сe Intel 845, поточно негова ревизија (модели 845PE, 845GV, 845GE, 845G, 845E), и SiS661.
Ништо не те кошта да пробаш, но сигурен сум дека плочата нема воопшто да бутира.