D
Администратор
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]БЕЗБЕДНОСНА ВЕЖБА НА "АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ"[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Поминала бомба на аеродром[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Две бомби, замаскирани во патнички торби, не биле откриени од безбедносните служби на аеродромот и на граничната полиција во вежбата на антитерористичкиот сектор на МВР. Едната од нив поминала и на контролата на рачниот багаж, која ја в[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] На Скопскиот аеродром "Александар Велики" била пропуштена бомба, поставена во патнички куфер. Куферот со бомбата поминал на контролата на рачниот багаж, која ја вршат припадници на граничната полиција, и излегол од аеродромската зграда. Зад патникот со бомба во торбата одела и жена која во полнач за мобилен телефон ја имала направата за нејзино активирање. И таа без проблеми минала преку обезбедувањето.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Во исто време, уште една експлозивна направа, спакувана во друга торба, стоела половина час покрај тоалетите без никој да ја открие. Експлозивните пакети биле дел од вежбата на антитерористичкиот сектор на МВР, спроведена на крајот на септември, со цел да се утврди нивото на безбедност на аеродромот.
Во МВР ја потврдуваат случката.[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] "Тоа е дел од редовните вежби. Импровизирани експлозивни направи се оставени во холот на аеродромската зграда и меѓу патничкиот багаж и се тестира колку време им е потребно на службите за обезбедување да ги откријат. Во конкретната вежба на крајот на септември биле поставени три торби со експлозивни направи. Едната била откриена од службите, а две поминале неоткриени", ни изјави Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи. [/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Во МВР појаснуваат дека годинава биле организирани над 10 вакви вежби. Постојано се менуваат водовите на експлозивни полнење и начините на камуфлажа, а за пропустите било информирано аеродромското обезбедување.
"Направени се пропусти. Добро е што е вежба. За направените пропусти предупредени се и граничната полиција и аеродромското обезбедување. Одговорност нема да се бара, зашто, сепак, се работи само вежба", вели Котевски, прифаќајќи дека штом поминале на вежба, бомбите во тој момент можеле и реално да поминат.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Во Агенцијата за цивилно воздухопловство велат дека на сите средби на Комитетот за аеродромска безбедност укажуваат дека има слабости во аеродромското [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]обезбедување. [/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] "Инспектор од Агенцијата учествува во вежбите. Преземени се активности за да се надминат безбедносните слабости", ни изјави директорот на Агенцијата Ернад Фејзулаху. Во Комитетот, покрај претставници на воздухопловната власт, влегуваат и претставници на МВР, Армијата, Аеродромското претпријатие и на Царината.[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Според аеродромските власти, случката треба да се сфати како редовен тренинг.
"Вакви проверки се прават со знаење на раководството на аеродромското обезбедување. Торбата што стоела покрај тоалетот не била откриена првите 25 минути, зашто во тој момент немаше камери што го покриваат тој агол. Но кога била преместена покрај информации, веднаш било алармирано нејзиниот сопственик да ја отстрани. Сега таа слабост е отстранета. Втората торба бомбата поминала преку рендген апаратот, но била маскирана, а запалката поминала одделно. Секоја помината торба се снима", објаснуваат од Скопскиот аеродром, додавајќи дека по вежбата се анализираат пропустите и се прават дополнителни обуки на аеродромските обезбедувачи.
А.Салтировска - Вест 29/10/07 [/FONT]