Полнење на тонер во Скопје - каде?

Дискусија во форумот 'Скенери и принтери' започната од smole, 18 Септември 2014.

  1. smole

    smole
    Unstoppable

    2,589
    2,698
    18 Април 2007
    Риверсофт ми беа топ, ама рикнаа. За 400 денари ми го полнеа Samsung MLT-D105S тонерот, денес на едно друго место ми земаа 850 денари (а 1050 денари е нов компатибилен тонер). Следниот пат купувам компатибилен, за 200 денари не се исплати да се замарам, освен ако не најдам друго асално место.

    Сакам да ги чујам вашите мислења и искуства.

    Каде ги полните вашите тонери - модел, цена, локација и како сте задоволни од услугата?
     
  2. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,289
    3,031
    11 Декември 2008
    Машко
    Како бе рикнале што им се деси? И јас го полнев таму мојот принтер ист ко твојот имам мислам знаеш.

    Имам еднаш зимано од Анхоч од тие компатибилните, пред 1 год беа 1400 ден, сега малку ги намалиле, добри се штознам, ама малку почуден звук ми вадеше принтерот при принтање, а и некако поцрно. Пример правам фотокопија лична карта и многу зацрнета ќе искочи одвај се читаат ситните букви и бројки.
    После некако подесив Toner Save, дештиклирав она Darken Text и некои опции и добро принташе.

    Тој во Анхоч е некоја марка Sprint
    0506201312244212344545454.jpg

    Има и едни во Мебиус али доста поскапи околу 1600 дилерска од Green2, ги немам испробано тие
    gt-h-280a-toner-cartridge-replace-hp-cf280a-green2tec-1209-14-green2tec@1.jpg
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    813
    1,082
    6 ноември 2007
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bogoevski

    bogoevski
    Unstoppable

    1,876
    2,817
    29 ноември 2009
    Машко
    Сваштара
    Ланком Прин, тие кај цреша.
    @kirev ми ги препорача за полнењњење, за една илјадарка ми ги напунија сите кертриџи од мојот MG5150.
     
    На kirev и smole им се допаѓа ова.
  5. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,594
    5,018
    20 Април 2007
    Машко
    Било кој компатибилен е подобар од полнет за разумна разлика во цена.
    Зошто?
    Заради Х причини. Прво заради големина и густина на самата прашина, заради температура на печење и заради број на одпечатени листови.
    До пред година дена полневме преку фирмата во која работев тонери, за Канон МФП, и полнењето чинеше 800 денари за црнобел тонер...
    Со него едвај да печатевме околу 500 до 700 страници, нормално со текст, нека се 5% покриени.
    Со компатибилен кинески тонер, по иста цена, ако не и пониска, од АПОЛО во Карпош 4, печатиме од 2200 до 2500 листови со 5% покриеност.
    Одкако купивме нов принтер и основавме сопствена фирма, јас како задолжен за таа проблематика не дозволувам полнење на тонери, него исклучиво користење на заменски.
     
    На red dragon, Rodrigo, xenon и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. smole

    smole
    Unstoppable

    2,589
    2,698
    18 Април 2007
    Им благодарам на сите за доприносот, се надевам и на други ќе им биде од корист темава.

    Ланком Прин ги знам.

    Мојтонер.мк = Аполо (според регистарот на Марнет).

    @SaleSk

    За кој модел на принтер зимаш нови тонери (ако не е тајна оф корс), која марка (гледам имаат повеќе компатибилни марки - ако си користел неколку сигурно има разлика) и дали Аполо полнат тонери?
     
  7. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,594
    5,018
    20 Април 2007
    Машко
    За НР LaserJet M1530MFP а дали полнат стварно незнам....
    Полневме во боја за НР некој си колор, во старата фирма, ама исто така кратко траеа....+ знаеше да се одлепи чипот па да направи проблем, да падне и да се заглави...
    Ако е оштетен ваљакот во тонерот, да вади линии итн итн...
    Ако нема опција за компатибилен, во тој, односно најлош случај би одел на варијанта за полнење. Во спротивно никако...
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  8. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,474
    1,611
    19 Јули 2013
    +1 позитивно искуство со Ланком Прин. Додуша за инкџет тонер, не за ласер, ласеров уште не се истрошил (пу, пу).
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  9. uwemi

    uwemi
    Unbeatable

    4,896
    4,389
    20 Февруари 2011
    Машко
    Kade sto rabotam momentalno ima povekje modeli od toneri, ako ve interesira nesto vo vrska so cenite okolu nekoj toner slobodno obratete se po Privatna Poraka ili onie koi imat moj broj neka me barat od 09:00 so 17:00
     
    efto, Alucard и на smole им се допаѓа ова.
  10. Pawell

    Pawell
    Intern

    2
    1
    25 Февруари 2018
    Машко
    Здраво дечки.
    Проблемот кој ме натера да се приклучам на вашава форум сфера е следниот: дали има начин да го наполна ова чудо? Имам Lexmark, а не знам каде да му направам „рифил“ на тонерот.
    Да не препишувам „што марка, раса, класа е“ - еве за што се работи (прикачена фотка)

    Некоја сугестија?

    P.S. Чим направив акаунт, очекувам да стигнам до минимум 1,000 форум пораки, аналогно на моите tech познавања+проблемите кои ги имам :D
     

    Прикачени датотеки:

  11. bxxxn

    bxxxn
    On your way to fame

    748
    868
    11 Март 2011
    Пробај со Ланком Прин
    Владимир Полежиновски 15 (Иван Милутиновиќ)

    Одличен квалитет, подобар од компатибилни (од искуство)
     
    На kirev и Pawell им се допаѓа ова.
  12. Pawell

    Pawell
    Intern

    2
    1
    25 Февруари 2018
    Машко
    Многу ти фала за одговорот. Ќе пробам.
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  13. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,444
    2,558
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Во анхоч има компатибилни за по 600-700 денари. За мојот MFP 1123 не гледам причина за полнење.
     
    На Pawell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bxxxn

    bxxxn
    On your way to fame

    748
    868
    11 Март 2011
    Јас последно земав компатибилен за Canon Laser од АМЦ, околу 500 денари, црната ја печати од бледо до темно сива, како ќе му текне, следен пат повторно полнам.
     

Сподели

Вчитување...