• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Политика за приватност на pazar3

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Pulse

Practice makes perfect
26 октомври 2014
1,306
1,393
127.0.0.1
petrov.mk
За да се изврши плаќање за огласот, потребно е внесување на податоците од платежната картичка. Податоците од картичката ќе бидат безбедно зачувани за понатамошна употреба.
292627EA-CBCB-48FE-822F-F8C27D8E2818.jpeg

Пред да ја видам објавата на сојузен комитет на фејс, плаќав оглас на пазар3 на татко ми преку теамвиевер, и кога го видов ова се замислив троа поќе.

Најтрагично е тоа што истиве овие пред некое време, беа исто така откриени дека чуваат плејн лозинки во база, и ти ја праќаат на мејл доколку "си ја заборавил".

Исто така некој друг член имаше напишано во врска со нивната политика:
482BE9AC-8991-4229-B009-D4BF589FA8BF.png


Дали ова е законски, и дали јас(сите ние) треба да сме загрижени за овој пропуст за кои сите ќутат?

Кој знае колкава база имаат соберено што страшно загрижува, се' додека не "паднат" од некој што има знаење да ги сруши.

При плаќање со картицата ми стига пуш нотификација и смс, во која беше наведено дека сум платил на фирма "BIGMEDIA DOOEL".
 
Последна промена:

Astro

Epic
20 јуни 2012
7,208
10,137
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Дефинитивно треба. Ова треба да го испита централен регистар и финансиска инспекција.
 

coNNectMKD

Gaining Experience
13 март 2017
428
342
Skopje
КликниЈади ти зачувува картички за понатамошно плаќање. Алиекспрес ти ги зачувува и ти ги памти. А сигурно и уште многу други...

А чисто за дискусија, од кај да знаеме дека сите можни пејмент провајдери не ти ги зачувуваат локално картичките во некоја табела?
 

VerGer

On your way to fame
9 ноември 2016
1,030
933
Скопје
КликниЈади ти зачувува картички за понатамошно плаќање. Алиекспрес ти ги зачувува и ти ги памти. А сигурно и уште многу други...

А чисто за дискусија, од кај да знаеме дека сите можни пејмент провајдери не ти ги зачувуваат локално картичките во некоја табела?
сегде (на нормалните места, али, амазон итн итн ) имаш опција да се согласиш дали да ја зачуваат, или да се искористи само еднаш при плакањето, или опција после да ја трнеш ако неќеш да стои повеќе и тн.
 

coNNectMKD

Gaining Experience
13 март 2017
428
342
Skopje
сегде (на нормалните места, али, амазон итн итн ) имаш опција да се согласиш дали да ја зачуваат, или да се искористи само еднаш при плакањето, или опција после да ја трнеш ако неќеш да стои повеќе и тн.
Те разбирам, али дали некој се нафатил да им ги чита тие правила на приватност од 300 страни па да видиме дали (можеби) и тие ги зачувуваат податоците? Ти ќе ја тргнеш ама веќе влегла во база. А од друга страна, вебовите често пати се заштитени со тоа дека ти како корисник си штиклирал дека ги прифаќаш правилата/условите а таму некаде пишува дека картичката поради X причина ќе биде зачувана.

Искрено ова со Пазар3 не ме чуди. Можеби дека е домашна страна па не знаеме колку се спремни за некакви непосакувани ситуации...
 

Faktorium

Intern
19 јули 2013
52
38
КликниЈади ти зачувува картички за понатамошно плаќање. Алиекспрес ти ги зачувува и ти ги памти. А сигурно и уште многу други...

А чисто за дискусија, од кај да знаеме дека сите можни пејмент провајдери не ти ги зачувуваат локално картичките во некоја табела?
Работам на систем кој користи payment процесор. Дозволено е да се чуваат податоците како име и презиме и expire date. Бројот на картичката во ниеден случај, освен последните 4 цифри.
cvc/cvv секогаш мора да биде внесено од корисникот.

Конкретно се работи за Authorize.net и нему му се потребни само последните 4 цифри и cvv. Од база не може никој ништо да открие, ќе ги има само последните 4 цифри, а cvv секако не се запишуваат никаде.
 

wolverine

On your way to fame
27 јуни 2012
880
797
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 6700K @ 4 GHz + Corsair H115i PRO RGB
Motherboard
Gigabyte GA-Z170X-Gaming 3
Storage
Samsung 960 EVO M.2 + HDD 1TB WD EZEX
PSU
EVGA SuperNOVA 750 G3
RAM
32GB G.Skill TridentZ DDR4 @ 3000 MHz
Video card
Gigabyte 1660 TI SUPER 6GB GDDR6
Case
NZXT S340 ELITE BLACK + BLUE
Mouse
A4Tech V5
Keyboard
SK61 Optical Switch
Monitor
DELL UltraSharp U2412M
OS
Ubuntu
Као демек ако пишеле "ќе ви ги заштитиме податоците и одговараме за тоа" автоматски ќе ви бидат податоците безбедни. Напишаното е ирелеватно ако сајтот има безбедносни пропусти. Како се изразиле на страната нема врска ако хакерите ви ги украдат податоците. Дали пишале дека ќе одговараат или не џабе е откако штетата е направена.
Мислењето е автоматски споено:

Затоа јас си отварам сметка во некоја банка што ни на сон не ми иде да ја користам и ставам од време на време 1000-2000 денари (или колку што ќе ми затреба) за онлајн шопинг и така ми е помирен сонот.
 
Последна промена:

mrce

Intern
2 ноември 2009
189
33
seoblogmk.wordpress.com
Текстот од сликата го имаат уште пред да имплементираат онлајн плаќање, така што не се однесува за тоа, туку на делот каде што огласувачите оставаат име/број/емаил и се тоа е јавно и неможе да се заштити.
 

acikaaa

Gaining Experience
22 октомври 2018
102
69
Во контекс на ова, некаде имав прочитано за Virtual Credit Card, баш за плаќања за небезбедни страни, али незнам ништо повеќе, ако некој има повеќе информации може да сподели :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,571
Мислења
820,901
Членови
28,236
Најнов член
Bubce30
На врв Дно