• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Полицаец и кола

  • Ја почнал/а темата
  • #1

HijackHacker

Gaining Experience
21 февруари 2008
5,108
297
www.gorjan.info
Може очекувавте виц, па ќе ве разочарам....
иако е малку стара статијава, интересно е да се види:

ЛИНК


Љупчо Ѓорѓиевски, заменик командир во полициската станица е сопственик на автомобил „лада - самара“ со регистерски таблички СК-251-ИЗ. Тој со неа, секој ден, доаѓа од дома на работа и си оди, пак назад, во Волково каде што живее. И, се би било во ред, ако не проверевме и не видовме дека „самарата“ не е регистрирана од почетокот на годинава. А, за теков прекршок, во нормална држава, се знае. Следува казна. Ама тој не е обичен смртник, тој е полицаец и има „значка“ зад која вешто се крие.

асте Младеновски, полицаец, водич на сектор, во истата полициска станица управува „голф-1“ со регистерски таблички СК-033-АД. Не само што возилото не е преведено и сеуште се води на некој си селанец од Грчец, туку тоа не е регистрирано од памтивек. Според компјутерот, „голфот“ на технички последен пат поминал во 2001 година.

Нерегистрирано возило управува и полицаецот Никола Донев. И неговото црвено „рено 4“ нема годинашен печат од која било станица за технички преглед.

Друг е, пак, случајот со рамковниот полицаец. Тој се развозува со возило со косовски таблички ( 418-КС-888 ) иако законот не го дозволува тоа. Контролите и казните ги избегнува само благодарение на тоа што има „значка“.
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
абе ги има доста нерегистрирани
што мислиш
автобусите на ЈСП во скопје се регистрирани
:))
ма дај кој ке ги заустави
 

trakilaki

Intern
15 мај 2008
1,084
18
A be so ke im e da registriraat vozilo.......so dzandarska plata ne moze ni semki da si kupi :D:D:D
Ali zatoa pak od mito i korupcija palati si pravat:D:D:D
 

stefan007

Intern
27 јуни 2007
395
2
Законот во нашава држава важи само за оние обични граѓани кои не се полицајци или инспектори и кои немаат некој пријател или роднина што работи во МВР. Недај боже да ти најдат дека возилото ти е нерегистрирано ќе ти опнат 300 евра казна, или пак ако возиш 20 30км побрзо од дозволеното мани што ќе платиш 200 евра и возачката ќе отиде.
Ако имаш врски можеш и без возачка и без регистрација а можеш и пијан да возиш како твоја да е државата. Од тие такви не ја бива нашава.
 

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
Големо ЛОЛ,и после народот бил крив,па каков пример се они за народот бе,ц,ц,ц.:lut2: И не се само овие,сигурно ги има многу.
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Што е ова сите ги напаѓате на полицајците. Може не се криви тие, можеби незнаат дека во Македонија е таков законот, дека секоја година треба да се регистрира возилото.:LOL:
Малце офтопик, мене што ми се случи пред 2-3 недели.
Се возам со моторчето и застанувам покрај полицаец и му велам:
- Извинете да Ве прашам едно прашање. Ова е велосипед со мотор, дали треба преку ден да имам запалени светла?
Цајканот ме гледа и вели:
- Па..аааа... види сега вака..аааа.. автомобилите знам дека треба да имаат запалено, таков е законот, ама за тебе..ааа.. незнам што да ти кажам..ааа..несакам да те излажам
..аааа. не сум јас од тука, тука сум на помош дојден во гужвава (во Охрид)..ааа.. сега како да ти кажам ..аааа.. вклучи ги ..ааа.. и така нема штета за тоа......
Јас му велам - добро, фала, пријатно и ќе испаднев од моторчето попат од смеење:LOL::LOL::LOL:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,564
Мислења
823,408
Членови
28,069
Најнов член
Na$sko
На врв Дно