1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Поимник на македонски зборови од областа на ИТ - како тоа изгледа

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од Македонија' започната од Taurus, 12 Септември 2009.

  1. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,305
    932
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Тест на џиџе и табла-компјутер
    Автор: Дамјан Арсовски

    Бидејќи во Македонија има "негативен тренд на користење се повеќе англиски зборови од информатичката технологија во секојдневната комуникација", Министерството за информатичко општество реши да ја исправи таа грешка и објави поимник на македонски зборови од областа на ИТ.
    За да видиме што вели поимникот, се решив да направам една мала вежба. Еден ист текст ќе го напишам два пати - првин употребувајќи ги зборовите од поимникот, а потоа користејќи го "негативниот тренд на употреба на англиски јазик".

    1. Препорачани ИТ зборови за користење во секојдневната комуникација од страна на МИО
    ======================================================================================

    Пред некое време имав шанса да тестирам табла-компјутер и едно џиџе.
    Џиџето го тестирав со неколку различни тестови, но повеќе време посветив инсталирајќи додатоци и обидувајќи се да го поврзам директно со мојот приватен опслужувач со цел да можам шифрирано да разменувам датотеки. На почеток имав проблеми со протоколот за пренос на датотеки, нешто домаќинот правеше проблеми, но подоцна сфатив дека сум го притиснал копчето за само големи букви. Откако го решив тој проблем, џиџето и осплужувачот функционираа во ред, освен кога имав проблеми со моето широкопојасно поврзување, најчесто затоа што давателот на интернет услуги имаше проблеми со својата инфраструктура.
    На џиџето, преку една апликација ја сетирав и мојата сметка на е-пошта, а подоцна тестирав да испратам е-порака до пријател. Му напишав:
    "Пријателу, види го прилогов во е-пораката и кажи ми како ти се допаѓа."

    Но, откако не добив повратен одговор од него после неколку часа, го повикав и го прашав да си ја провери својата сметка на е-пошта и да ми каже дали е-пораката му пристигнала.
    После пет минути добив повратен одговор:
    "Дамјан, ја добив е-пораката, не сум ја видел зошто завршила во мојата шут-пошта. Исто така успешно ја видов и припратката која ми ја испрати во е-пораката."
    За разлика од тестирањето на џиџето, кое помина одлично, табла-компјутерот ми правеше проблеми кога се обидов да инсталирам управувачка палка која успешно функционираше на мојот пренослив компјутер. Детално го разгледав машинскиот дел на табла-компјутерот, не забележав ништо чудно, па затоа претпоставив дека грешката е софтверска па прочепкав низ софтверот. Набрзо, ми се појави скок-прозорец кој ми посочи дека го немам правиот двигател за уредот. Бидејќи знам дека двигателите можат да направат многу проблеми, си направив резерва на оперативниот систем, па потоа го вклучив мојот веб прелистувач и со неколку вклучени табулатори тргнав во лов на потребниот двигател.
    Откако просурфав на интернет, ја преземав потребната датотека и ја снимив во папката на мојата работна површина. Од таму ја извршив датотеката и преку волшебникот за пристап го инсталирав двигателот кој ми беше потребен. Исто така многу внимавав да не инсталирам некој вирус и да не го уништам тврдиот диск каде што имам огромни количини на податоци.
    ...
    2. Користејќи го "негативниот тренд на употреба на англиски изрази од областа на ИТ"
    ======================================================================================

    Пред некое време имав шанса да тестирам нетбук/мал лаптоп и еден електронски уред.
    Електронскиот уред го тестирав со неколку различни тестови, но повеќе време посветив инсталирајќи додатоци и обидувајќи се да го поврзам директно со мојот приватен сервер со цел да можам енкриптирано да разменувам фајлови. На почеток имав проблеми со FTP протоколот, нешто хостот правеше проблеми, но подоцна сфатив дека сум го притиснал CAPS LOCK копчето. Откако го решив тој проблем, уредот и серверот функционираа во ред, освен кога имав проблеми со мојата бродбенд конекција, најчесто затоа што интернет провајдерот имаше проблеми со својата инфраструктура.
    На уредот, преку една апликација го сетирав и мојот и-мејл акаунт, а подоцна тестирав да испратам е-порака до пријател. Му напишав:
    "Пријателу, види го атачментов во е-пораката и кажи ми како ти се допаѓа."

    Но, откако не добив повратен одговор од него после неколку часа, го повикав и го прашав да си ја провери својата и-мејл адреса и да ми каже дали е-пораката му пристигнала.
    После пет минути добив повратен одговор:
    "Дамјан, ја добив е-пораката, не сум ја видел зошто завршила во мојот Junk-mail. Исто така успешно го видов и атачментот која ми го испрати во е-пораката."
    За разлика од тестирањето на уредот, кое помина одлично, нетбукот ми правеше проблеми кога се обидов да инсталирам џоистик кој успешно функционираше на мојот лаптоп. Детално го разгледав хардверот на нетбукот, не забележав ништо чудно, па затоа претпоставив дека грешката е софтверска па прочепкав низ софтверот. Набрзо, ми се појави поп-ап прозорец кој ми посочи дека го немам правиот драјвер за уредот. Бидејќи знам дека драјверите можат да направат многу проблеми, си направив бекап на оперативниот систем, па потоа го вклучив мојот веб прелистувач и со неколку вклучени табови тргнав во лов на потребниот драјвер.
    Откако просурфав на интернет, го преземав потребниот фајл и го снимив во фолдерот на мојот десктоп. Од таму го стартував фајлот и преку инсталациониот визард го инсталирав драјверот кој ми беше потребен. Исто така многу внимавав да не инсталирам некој вирус и да не го уништам хард дискот каде што имам огромни количини на податоци.
    ======================================================================================
    Што звучи подобро... пресудете сами.




    http://it.com.mk/index.php/Damjan-Arsovski/Uslugi-i-analizi/Test-na-dzhidzhe-i-tabla-kompjuter
     
  2. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,305
    932
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    После свадба - тапани.

    Ваков поимник требало да излези и да се форсира кога се појавила и почнала да се користи информатичката технологија кај нас, а не сега.
    Сега можеби е добро за оние што првпат се среќаваат со такви поими и ќе ги прифатат.
    Ама што е со оние што користеле одредени термини 10, 20.... години, а сега наеднаш пу пу неважи. Ај на ново да учиш, да се прилагодуваш.
    Новите генерации можеби ќе го прифатат поимникот, ама тогаш ќе настане јаз помеѓу нив и нас. Нема да се разбираме :)))
    Пример, јас на пример, многу ми е тешко кога треба да барам нешто на македонска апликација било на компјутер или на мобилен телефон. Едноставно полесно ми е на англиски. Можеби има зборови на англиски што незнам што значат ама знаам за ѓто служи таа "алатка" со тоа име...
     
  3. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,712
    214
    27 oктомври 2007
    Машко
    Баш сакав да отворам ваква тема. Ова кај нас нема шанси да успее, мислам погледнете го самиот текст со новите зборови тотално врска си немаат. ОК некои имаат ама поголемиот дел изгледаат чудно. Ќе треба долго време за да се навикнеме на овој нов речник
     
  4. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,564
    3,480
    11 Декември 2008
    Машко
    Исто и јас.
     
  5. vik

    vik
    Intern

    1,936
    31
    14 Април 2007
    Нема торетски шанси вакво нешто да се нафати кај нас. Е добро, ама овие го носат во крајност. Која е логиката да преведат FTP?

    Некој да ми даде вака напишан текст гарантирам дека 80% нема да разберам.
     
  6. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,712
    214
    27 oктомври 2007
    Машко
    Јас првиот текст, додека не го прочитав вториот не можев да го разберам верувајте...
     
  7. /BRAINIAC\

    /BRAINIAC\
    Баниран/a

    447
    7
    12 Август 2009
    Ајде владата ќе почне и познатите прендови да ги преведва. Се прашувам како ќе го преведи AMD? Ако не е преведено, да дадеме пример како „а ем де“.

    Вистина претераа, слушам сега и филмовите на било кој јазик требало да се синхронизираат на македонски. Тогаш веќе кај нас ќе се развие пиратеријата. Еднаш викат учи англиски, еднаш го укинват англискиот јазик од телевизијата.
     
  8. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,712
    214
    27 oктомври 2007
    Машко
    @/BRAINIAC\
    Тоа за синхронизацијата нема врска. Погледај филмови на сите германски телевизии или на Раи Уно... се е синхронизирано. Само кај нас проблем со синхронизацијата би бил тоа што еден човек 20 лика во филмот ги синхронизира.
     
  9. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    822
    766
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Sinhronizacijata u germanija e zatoa sto imaat 8 milioni nepismeni tamu.
    Aj da gi vidam eden stand up od chris rock da go sinhroniziraat.

    A so preveduvanje na poimite e cista glupost, bilo koj sto barem malce se educiral od IT oblasta ke znae sto se ili ke moze lesno da go pobara na google. A ne da pisuva dvigatel(drajver) za asus... ili milenici(favourites) ili uste koja glupost sto ja vidov vo makedonskiot LIP za XP(go instalirav samo za da gi vidam ovie gluposto koga ispadna)
    A i neli imase nekade deka tugi iminja ne se preveduvaat.

    Sve e retardiran narod kaj nas na visoki pozicii. Sigurno pominuvaat IQ test pred da se kandidiraat, ako se nad 90 ne gi primaat.
     
    1 person likes this.
  10. daci92

    daci92
    Gaining Experience

    2,120
    163
    4 Февруари 2009
    Машко
    Студент
    jas isto taka dodeka ne go procitav vtoriot tekst bev kako tele sto gleda vo sarena vrata ,isto taka site mobilni sto sum gi imal imale mak jazik ,no nikogas ne sum go korstel nitu pak srpski ,na angliski najdobro razbiram ,ova so poimnikov nema vrska ,90% od zborovite nemaat nikakva logika ,a tie sto imaat se tapa ,veke so godini se sluzam so tie poimi sto site se sluzat i naednas vakva promena ,ako ima nekoja budala neka gi uci ,jas ne im pridavam nikakvo vnimanie ,zatoa sto ke ostanam nepismen ako gi naucam i pocnam da gi koristam
     
  11. JunkieMKD

    JunkieMKD
    Retro King

    2,280
    794
    3 Декември 2008
    Машко
    Повеќето зборови нема да имаат никаква логика.Толку време сум ги користел тие поими и наеднаш да ги сменам би било стварно глупаво.Никогаш не сум побарал програма или веќе некоја сум ја наместил да е на македонски,и ако е на македонски секогаш сум ја враќал на англиски за да можам да се снајдам.А и скоро никогаш не ги местам на македонски све ми е на англиски.
     
  12. vik

    vik
    Intern

    1,936
    31
    14 Април 2007
    Не си само ти!

    Мислам...
    WTF? Ова е несватливо, безразлика кој чита.
     
  13. MusicFreak

    MusicFreak
    Gaining Experience

    909
    61
    18 Јуни 2009
    хахахаха, се изнасмеав, шо нема да му истекни :)):))
     
  14. /BRAINIAC\

    /BRAINIAC\
    Баниран/a

    447
    7
    12 Август 2009
    Незнам дали имаш заприметено една реклама на а1 што е за некоја шпанска серија, синхронизирана е на македонски. Сакам да ја гледам серијата барем еднаш да се изнасмеам ама многу рано ми е.

    А овај закон за употреба на овие поими, а не на интернационално прифатените, изгласан е во собранието?
     
  15. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,237
    514
    3 Април 2008
    Не е закон.. само препораки од МИО
     
  16. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,337
    5,252
    24 Март 2009
    Машко
    Бреее, уште какви глупи работи нема да им текне.
    Тие зборови треба да се користат такви какви што се затоа што се интернационални. Исто како зборот компјутер.

    WTF е тоа табла-компјутер, а уште по WTF е тоа џиџе?
     
  17. vik

    vik
    Intern

    1,936
    31
    14 Април 2007
    Затоа имаш речник ;)
    Слободно провери.
     

Сподели

Вчитување...