• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Подвижно прозорче

Паланчански

Gaining Experience
18 август 2019
154
97
Како во VB да направам прозорче кое можам да го влечам? Знам дека секоја форма може да се влече со глувчето кога ќе се фати во горниот дел, но јас сакам тоа да го правам било каде. Како на пример прозорчето на Everest или Aida (слика во прилог). прозор.png Таму не е важно дали курсорот е на прозорчето или на некоја бројка.

Има ли опција?
 

null_ptr

On your way to fame
20 ноември 2013
680
619
има, види стековерфлов
а и VB е доста лимитиран
 

100JKO

On your way to fame
27 јуни 2018
215
633
Скопје
Форумот не е баш наменет за тоа „како да направам ова она“, повеќе е наменет за тоа да ти помогнеме со одреден проблем кој го имаш за нешто.
Едноставно ако напишеш на Google или YouTube „drag an object with mouse in Visual Basic" и ќе ти излезат многу резултати.

Сепак, еве ти видео.
 

Паланчански

Gaining Experience
18 август 2019
154
97
Форумот не е баш наменет за тоа „како да направам ова она“, повеќе е наменет за тоа да ти помогнеме со одреден проблем кој го имаш за нешто.
Едноставно ако напишеш на Google или YouTube „drag an object with mouse in Visual Basic" и ќе ти излезат многу резултати.

Сепак, еве ти видео.
Па јас барам помош за одреден проблем. Некогаш ми смета часовникот кој е горе, сакам да го поместам, ама не можам.
Инаку со Google и You Tube исто имам проблем. Четири години учев руски, две француски и две германски. Можеш да претпоставиш што сум научил од таа бркотница. А англиски немам ни ден учено. Се снаоѓам како знам и умеам, ама тешко ми оди тоа.

Во секој случај благодарам , дали ќе ми помогне ќе видам подоцна.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.153
Мислења
894.625
Членови
31.869
Огласи
334
Најнов член
hikagenius
На врв Дно