1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Подигање пари од Neteller/Skrill со најмала провизија

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од BEST, 16 Декември 2017.

  1. BEST

    BEST
    Gaining Experience

    288
    263
    10 Јуни 2011
    Машко
    До скоро беше прилично едноставно да се извадат парите од Neteller / Skrill, најпрво имаше нет+ картичка (која престана да функционира за Македонија годинава) па потоа се снаоѓавме преку онлајн казина за пребацување на друга припеид MasterCard/Visa регистрирана надвор од македонија...
    сега по ново неможе ни преку казината што ми функционираа до скоро...
    Дали има некој некаква идеа како да повлекувам Neteller/Skrill пари со што е можно помала провизија ?
    Сигурен сум дека и други би биле заинтересирани :)
     
    На prosko му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cyrilz

    cyrilz
    Intern

    16
    7
    28 Септември 2017
    Можно решение: Поврзување на Skrill и Payoneer

    Но со не баш мали провизии. Од Скрил преку Пејонир картичка до твојот џеб, околу 8.5-9% по моја пресметка. Делот со Payoneer го немам испробано.

    Најидиотско со Скрил е што и да сакаш да внесеш во иста валута на Скрил (долари), ги имаш сите други валути освен долари, ајде за конверзија 3.99%. При повлекување слично. И да имаш сметка шо прима долари, мора конверзија во евра (ајде пак 3.99%).

    За Пејонир еве:
    https://www.payoneer.com/fees/
    What Is the Currency Conversion/Cross Border Fee?
    Дури и на ПОС терминал високи 3.5% за конверзија / "cross border fees"

    Уште малку ќе испадне дека данок помалку би платил.
     
    На prosko му/ѝ се допаѓа ова.
  3. prosko

    prosko
    Intern

    15
    4
    29 ноември 2009
    И јас би сакал да знам како може да се повлечат парите од Скрил со најбезболен начин.
    Еве нудам опција некој ако сака да му префрлам на Скрил , а тој мене на ПејПал, за одреден надоместок се разбира.
     
  4. iTechnique

    iTechnique
    Intern

    33
    12
    19 Јануари 2017
    Машко
    @BEST што е работава сега со нетелер не сум запознаен, зар неможе да се повлечат пари директно на сметка сега ?
     
  5. Martinovski

    Martinovski
    Gaining Experience

    611
    302
    4 oктомври 2011
    Ништо лично ама се на готово сакате бе, земете малце развртете по форумов, прочитајте..
     
    На prosko му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BEST

    BEST
    Gaining Experience

    288
    263
    10 Јуни 2011
    Машко
    Технички може... Провизијата... за во банка е 7.5EUR (е сеа некој ке се убаци и ке каже „не се ништо“...)
    во ред, не се многу, НО
    што правиме што мене редовно ми требаат да ги вадам а немам толку често поголема залиха таму ?
    да им дадам 7.5ЕУР од 50-100еур ? супер да речеме имам 100еур, 7.5еур за Нетеллер, ми остануваат 92.5
    потоа 10% за нашава чудесна Македонија, значи останав со 83еур ? а каде е моментот дека после тоа МОЖЕБИ државава ке ме замара за потекло на парите ?... и ај да не гњавам сеа многу, дури и да не ме замараат ништо, нити на Neteller му давам 7.5еур од 100, нити на државава мислам да и плакам 10% на некои ИЧ пари извадени од интернет... (а каде е моментот што носам пари ОД НАДВОР ? No one cares, right ? well...)

    Последно нешто ми успеа со BetCity кладилницата :) меѓутоа се исплатат само за над 250еур вадење,
    тоа иде вака:
    Ставате од Neteller кај BetCity.net 250+ еур (од секаде можете да ставите по малце, БЕЗ ПРОВИЗИЈА)
    потоа вадите сите тие пари на КАРТИЦА (која предходно сте ја регистрирале во кладилницата со минимална уплата од 5еур)
    и на крај си ги вадите сите тие пари со 3% провизија (пошто не сте се коцкале, ви наплаќаат пенали 3%)

    И најубавото во ова е што можете на која сакате картица да ги пуштите парите :) нема да ви наплатат ни конверзија ни ништо дополнително! :)


    Е сеа сеуште сум во потрага по начин на вадење со толкава ИЛИ помала провизија на помала сума пари...
    Предходно ги вадев со 0% провизии (буквално!) преку Grandx.com :) меѓутоа неможе повеке, банираат сега веке, ги притиснаа изгледа :)

    Ова ми звучи као „зошто да биде едноставно, кога може да биде комплицирано...“ No offence
    И да, многу од форумот го имам прочитано, особено секциите во кои што имам некакво (било какво) разбирање и познавање... Знам дека често сум неактивен, но не значи дека не ве читам :)

    П.С. Ако некој го мисли дека некаде го има веке одговорот на темата, нема да се налутиме ако го линкува овде (уште поубаво ако е од внатре од форумов линкот)
     
    Последна промена: 27 Декември 2017
    На iTechnique му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,764
    5,729
    7 oктомври 2011
    kalfa
    Ако губите 9% и постои опасност некогаш да ве гонат за неплатен данок за 1% мислам дека е паметно да си префрлите парите на трансакциска и да си платите 10% данок и да сте раат и да немате никакви други трошоци.
     
    На goce03 и vladealfagv им се допаѓа ова.
  8. razor111

    razor111
    Intern

    10
    2
    28 oктомври 2012
    Машко
    А нема ли да ти бараат потекло , да објасниш како си ги направил уствари тие пари на интернет кога плаќаш данок?
    И за тие што префрлуваат преку страни за обложување, нели беше кај нас забрането онлајн обложување и можно ли е да ти прават проблеми кај нас УЈП и слично во иднина. Мене од тоа ми е страв најмногу, да не дојдат после 5-6 година и да ти бараат да плаќаш данок на сите пари што си ги префрил на трансакциска...:D
     
    На Machinist828 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,764
    5,729
    7 oктомври 2011
    kalfa
    Доколку си кодер, тестер, трговец, и доколку парите се од легални компании секогаш имаш фактури, а трансакцијата си е од легални банки. Во ујп сам пријавуваш, ако се од коини пиши таму компјутерски услуги, шо и не е превара.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,336
    3,727
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Кога ќе ги стават во законски рамки, тогаш ќе пишеш купопродажба на криптовалути. До тогаш најблиску е компјутерски услуги. Или има нешто послично?
     
  11. cyrilz

    cyrilz
    Intern

    16
    7
    28 Септември 2017
    @BEST Ова преку BetCity функционира и со Скрил ? И на каква картица се вадат, моја македонска или има некоја нивна припејд мастер картица ?

    Тука е и проблемот со онлајн обложување во странски кладилници што е забрането, а погоре спомнавте и тргување со криптовалути, форекс, акции итн. исто така е забрането како што знам. Како што тргнале ќе ни забранат од било што да заработуваме на интернет.

    И да сакаш да плаќаш данок, да ти стигаат средствата без никакво заобиколување директно (дури ни преку Скрил/Нетелер) со најмалку провизии, имаш проблем од старт како ќе се објасниш. Па ако бараат и документи, договори, докази незнам ти што, ете пр. за "компјутерски услуги" ? Ме интересира ако немаш докази (а ти бараат) што ќе биде, ако има некој да сподели искуство ? Ќе ти покачат данокот ? Кривично ќе одговараш ? Значи не е само данокот проблем, дека не сме сакале да го плаќаме.

    Од Скрил овој пат повлеков на трансакциска преку IBAN/SWIFT онака да тестирам (претходно повлекував на картичка, но сега е 7.5% fee дури) како сега веќе поисплатлива опција (5.5 еур фиксно). За разлика од претходниот начин, овој пат ми ги задржаа средствата во банка се додека не пополнам формулар "Генерално овластување за прилив / Изјава" од каде и од што ми се. Документи докази нешто не побараа, можеби понатаму УЈП или којзнае. Се работи за дел од мои претходно уплатени средства кон Скрил, па ако треба и за тоа да се плаќа данок, нека се е*** стварно.

    За да биде уште побезнадежно, од наредната година изгледа буквално сите приливи на трансакциска ќе бидат оданочувани, без разлика дали си ги пријавил или не, електронски ќе идело тоа. Еве некоја информација: линк

    Инаку темата си е на место.
     
    На prosko му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BEST

    BEST
    Gaining Experience

    288
    263
    10 Јуни 2011
    Машко
    Функционира и со скрил да, и вадењето може да ти е на било која картица што може да прима пари (значи само гифт кард да не е)
    воглавно од картиците што не би можел да примиш пари, мислам нема да дозволи ни да ставиш на нивниот сајт, знам само дека AdvCash не проаѓа (секако ке ни ја укинат од 8ми Јануари)
    и знам дека НЛБ пројде за мене :)

    Не се замарај толку многу со тоа што е забрането а што не е... Освен ако не планираш 100.000еур+ да извадиш годишно преку нешто забрането :)
    Не сме слушнале да казниле било кого за овие онлајн „забранети“ работи... и воглавно се „забранети“ затоа што не знаат како да не даночат за истите...

    Не сум запознаен, пред околу 4 години извадив преку 20.000еур за 1 год од интернет и не пријавив ништо, и еве ме сеужте тука меѓу вас :)
    друго за истово не знам што да кажам (а не знаат ни во УЈП па ниту во банкиве, во банка кога ме прашуваа за „потекло на парите“, пријател банкар ме советуваше да наведам „поклон“ за наједноставно :) ).

    На истиов начин и братучед ми подигна пари (преку тој 5.5еур фиксно) за истиот треба да имаш сметка во истата валута како што ти е скрил, и да, прашуваат потекло на парите, ако ништо друго они да се чисти понатака... во твојот случај си можел да наведеш дека си повлекувал назад свои предходно депонирани пари... Во секој случај мене ме поучија (кога требаше) да наведам што пократок одговор кој што опфаќа што повеке сектори :)

    Информиран сум, и во тек е потрага по нова ОнЛајн картица (како што беше AdvCash, Payeer, Net+ итн...) која што ке ги држи средствата надвор од Македонија :)
    штом дојдам до некоја варијанта, ке ви ја споделам на форумов секако!
     
    На prosko и cyrilz им се допаѓа ова.
  13. cyrilz

    cyrilz
    Intern

    16
    7
    28 Септември 2017
    @BEST Фала ти за опширниот одговор.

    Инаку сметката во банка треба да ти прима евра за вакво повлекување од Скрил, дека и во УСД да ти биде Скрилот веќе задолжително ги конвертираат во ЕУР потоа и лапаат 3.99% од парите за тоа + 5.5 еур фиксните. Провизија од банка немав никаква.

    А со странскиве картички препорачуваш да се вади пари во МК, или во странство ? Прво од аспект на сигурност (од нашиве), а второ заради помала провизија за конверзија (пр. ЕУР картичка ЕУР автомат) ?
     
  14. Machinist828

    Machinist828
    Intern

    1
    0
    27 Декември 2017
    Машко
    А дали знаете дали важи законов дека онлајн обложувањето е забрането сеуште?
    Бидејќи има нели и страна од државната лотарија 2win.mk, од каде што претпоставувам дека е легално да повлекуваш пари штом е на државната лотарија. Е сега, ако од 2win.mk е легално, би требало и од другиве да биде, така?
     
  15. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,336
    3,727
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Хахаха, да. Но не. За домашните е океј, за странски сѐ уште не смее. Се грижат за нас ;)
     
  16. BEST

    BEST
    Gaining Experience

    288
    263
    10 Јуни 2011
    Машко
    Да, сметката во банка треба да ти прима ЕУР за од скрил за да е 5.5еур фиксна провизијата, ако ја одбереш варијантата што наплаќа 7.5%, таа се врзува со картица и нема врска која валута ти е картицата, автомацка конверзија ке ти биде направена, за нашиве банки провизија за таа конверзија речиси нема (односно околу 1% макс...)

    Со странските картички можеш да си вадиш овде пари (јас овде си вадам) наплаќаат околу 2.25еур провизија +3% конверзија на валути (еур->мкд нели)

    Најубавата варијанта (за поголеми пари) е со таква ЕУР картичка да отидеш во косово и на ЕУР банкомат (на 5мин пешки од граница) и си ги извадиш во еур, нема да ти наплати 3% :)
    е сеа 3% на 1000еур е 30еур, ми се исплати и горивото и времето да го потрошам :)

    Малку офф топик, нашиве нели планираат да не даночат и на Western Union/ Moneygram пари... Епа за да се избегне тоа, ке си подигаме такви пари во косово, исто така WU Има на 5мин пешки од границата :)

    П.С. Немојте многу да се дружите со мене, ке ве расипам скрос :D
     
    cyrilz, prosko, Bagata и на уште 1 им се допаѓа ова.
  17. cyrilz

    cyrilz
    Intern

    16
    7
    28 Септември 2017
    @BEST По тоа што ми одговорија од Пејонир а и како шо имат делумно објаснето во FAQ, излегува дека ако нема конверзија (3.5% провизија), ќе има секако cross border fee 3.5% за вадење од АТМ (и да е иста валутата) освен ако не си во земјата од каде е издадена картичката. Сега пак ги прашувам дали важи истото и за EUR POS терминали (во продавници, и онлајн). Ако е така, излегува дека не е воопшо битно дали ти се во USD или EUR на крај. Освен ако не идеш во Америка да ги вадиш/трошиш од УСД картичката. А пак ЕУР картичката била издадена од В.Британија (а таму домашна валута е фунтата).
    Ни требат уште алтернативи за страници шо нудат картички..
     
    На prosko му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BEST

    BEST
    Gaining Experience

    288
    263
    10 Јуни 2011
    Машко
    Пред некој ден извршив прилив од 210еур во нашиве банки (од скрил)
    вчера ми стигнале парите, денес бев да пополнам тој налогот за прилив од странство, од кога тоа НБРМ требало да одобри за да ми ги дадат парите ? и како тоа „Не секој прилив е легален“ ?(со тие зборови се изрази господинот на шалтер во НЛБ), никако неможам да сватам каков е тој нелегален прилив ? од крадени картички ? од крадени картички ке ми ги задржеше парите Скрил како прво... а не можам да сватам каков друг нелегален прилив може да биде...

    Ова е причина плус да си бараме варијанти за вадење на парите на надворешна (виртуелна) сметка што нуди картица...

    Во моментов сеуште работат Payoneer картиците, и ДА, што сакаш прави они 3.5% ке ти наплатат, дали крос бордер фее или 3.5% конверзија исто ти е :)

    втори кои што (би требало да) функционираат се ePayments, они едно време имаа малку луди провизии меѓутоа мислам дека се спуштија во нормала (бар така прочитав по нивните термс)

    Имате некои 3ти, 4ти да препорачате ?
     
    cyrilz, kirev, borcep и на уште 1 им се допаѓа ова.
  19. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,336
    3,727
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Неверојатни работи. ЛК никој не смее да ти фотокопира. Никој. ОСВЕН банкари (званично барав од ДЗЛП и званично ми одговорија дека мораат според закон за борба против тероризам и трите мрте)...
    У превод - сѐ се врти околу парите. Ништо не е свето.
     
  20. borcep

    borcep
    Practice makes perfect

    730
    1,184
    12 Септември 2013
    Машко
  21. NothingElse

    NothingElse
    Intern

    93
    14
    14 Февруари 2012
    Машко
    Член 158
    Глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице, за прекршок, ако:
    1) учествува во странски игри на среќа, во кои влоговите се уплаќаат на територијата на Република Македонија (член 19 точка 1);
    2) учествува во игри на среќа или забавни игри кои се приредуваат без издадена лиценца, односно дозвола (член 19 точка 5);
    3) во казиното внесува технички помагала соодветни за стекнување на предност во играта на среќа (член 71 став (2)) и
    4) вработен во казино учествува како играч во игрите на среќа во казиното во кое работи (член 72 став (2))
    Став еден од овој член е тој што забранува обложување во странски приредувачи на игри на среќа, но од правен аспект е апсолутно противречен сам по себе. има повеќе начини на толкување но да не ви го тупам сега, ако има интерес ке пишам.
    како и да е. ова е тоа што "забранува" онлајн обложување.
     
  22. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    623
    662
    9 Декември 2015
    Машко
    На spiritfly и BEST им се допаѓа ова.
  23. borcep

    borcep
    Practice makes perfect

    730
    1,184
    12 Септември 2013
    Машко
    Card is currently available for clients residing in Malta, Italy, Spain and Greece. Other countries will follow soon.
     
    На BEST и kirev им се допаѓа ова.
  24. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    623
    662
    9 Декември 2015
    Машко
    Damn it. Погрешно инфо. Вчера тестирав за дали може акаунт и ја имаше Македонија. Ама изгледа картицата не.
     
  25. cyrilz

    cyrilz
    Intern

    16
    7
    28 Септември 2017
    Треба да се разгледа ePayments ме потсети сега, знам човек овде во МК шо има добиено картица од нив но ја немаше користено. Ете една друга: www.paxum.com - имаат доста опции како што гледам но не се баш мали провизиите
     

Сподели

Вчитување...