• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Подесување на Opera Browser

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Еве веќе неколку дена се обидувам целосно да се префрлам од Фајрфокс на Опера само има некои работи кои ме нервираат и кои не знам како да ги подесам во Операва.

1. Во address bar-от да ми ги прикажува прво најпопуларните страни (оние кои највеќе сум ги посетил), а после другите - да не ги сортира по азбучен ред. На пример, ако еднаш сум отворил http://f1racing.net, да не ми го прикажува цело време пред http://formula1.com кога ќе стиснам f во адрес барот. Oва кај Фајрфоксот е под дифолт; и

2. Кога имам отворено еден куп табови, кога ќе изгасам некој од средина, да ме однесе на тој десно од овој што го гасам, а не на лево, или пак на последно кликнатиот.

Ај ако има некој поголемо искуство со Операва нека пише...
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
И ја имам мака со Операва. Неможам да најдам каде се мести кога ќе отворам нов таб од линк на некоја веб страна да НЕ ме носи на новиот таб. Незгодно е кога од една страна отвораш повќе табови и секогаш треба да се враќаш.
 

SwIPE

Intern
29 мај 2007
346
5
Кој ви е крив сега кога се замарате со Opera, незнам само зошто не користите Mozilla Firefox, добро сега многу меморија зафаќа но не е тоа така голем проблем. Нема потреба од експериментирање со овие работи, знаете дека со Mozilla Firefox нема да имате никакви проблеми, а сепак упорно настојувате да користите Opera.
 

dani_janev

Intern
19 април 2007
280
7
i Operata gledam deka postepeno stanuva se podobar browser ama retko go koristam, taka koga ke izleze nova verzija nekolku dena cepkam i tolku.
inace za prasanjeto: pa ima na desen klik na link opcija "open in background" ili taka nesto, toa sum go zabelezal i koristel, za druga opcija ne znam.
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Е сеа, зашто ова зашто она! Не е тоа одговор. Зашто ми се допаѓа Опера. А не дека не го користам Фајрфокс или дека нема мани. Двојката јавува некој грешка при гасење на ПЦ-то. Сега не ми текнува како беше, нешто "XPcom.... can't shut down bla bla". Добро. Во понеделник ке ја фатам грешката што ја јавува и ќе ја постирам тука.
 

SwIPE

Intern
29 мај 2007
346
5
Е сеа, зашто ова зашто она! Не е тоа одговор. Зашто ми се допаѓа Опера. А не дека не го користам Фајрфокс или дека нема мани. Двојката јавува некој грешка при гасење на ПЦ-то. Сега не ми текнува како беше, нешто "XPcom.... can't shut down bla bla". Добро. Во понеделник ке ја фатам грешката што ја јавува и ќе ја постирам тука.

За да не чекаме до Понеделник, еве јас ќе го посочам конкретниот проблем кој си го имал со Mozilla Firefox.
Error пораката која ти се појавувала кога си му правел Turn Off на компјутерот е оваа
(ако грешам поправиме, ама сигурно не грешам).

За да го решиш овој проблем, пробај направи го следново:

1. Во фолдерот каде што ти е инсталиран Mozilla Firefox има три XPCOM фајлови:

- xpcom.dll
- xpcom_compat.dll
- xpcom_core.dll

Фајлот xpcom.dll ZIP - увај го и премести го во друг фолдер.

2. Во Administrative Tools - Services, пронајди го сервисот WebClient, двоен клик на него и смени Startup type - от од Automatic во Manual.

Направи некоја од овие работи (може и двете) и би требало да не ја видиш таа error порака повторно ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,569
Мислења
823,584
Членови
28,075
Најнов член
GGPPkorcula
На врв Дно