Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Подемот и падот на H4 (2015-2021) [интервју]

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
265
897
www.IT.mk
Во секојдневието на ИТ индустријата, голем број на компании се отвораат, но и затвораат, честопати оставајќи зад себе многу лекции што треба да се научат. Еден таков локален пример е H4 (HFour), британско-македонска ИТ компанија која се формираше во 2015-та година, привлече значително внимание и инвестиции од високопрофилни финансиски институции како Goldman Sachs, J.P. Morgan и Barclays Corporate Banking. Компанијата во неколку инвестициски рунди доби валуација од десетици милиони долари, а собра вкупно 27 милиони долари.

И покрај своите ветувачки почетоци и целта да креира SaaS продукт кој ке понуди безбедна и интуитивна платформа која ќе им помогне на малите и средни бизниси, како и финансиските институции да управуваат со своите правни документи и обврски, H4 на крајот на 2021-га година ги затвори вратите на канцеларијата во Скопје и мораше да се збогува со 100-тина вработени.

Приказната за H4 служи како потресен потсетник дека водење на ИТ компанијата е вистински предизвик, полн со непредвидливост, безмилосна конкуренција и комплицирана пазарна политика. Дури и со значителна финансиска поддршка, чекорењето низ трнливиот терен на технолошката индустрија не е едноставна задача, а падот на H4 ја нагласува суровата природа на ова нестабилно поле, дури и покрај сите глорификации кои ИТ индустријата моментално ги има – кои, најверојатно постојат бидејќи на површина најчесто испливуваат успесите, а неуспесите се кријат под тепих. (го куцаме гледајќи кон LinkedIn фидот…)

Во ова постмортем интервју со еден од ко-основачите на H4, кој работел претежно како CTO, Душко Јордановски, го истражуваме подемот и падот на оваа компанија – расветлувајќи ги успесите, борбите и научените лекции добиени од водењето на една ваква ИТ компанија со глобален апетит.

 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
48.478
Мислења
995.571
Членови
36.482
Најнов член
arsandrej

ит маркет

На врв Дно