1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Поддршка за еден ИТ агрокултурец :)

Дискусија во форумот 'Старт-ап сцена' започната од Daniel86, 24 Април 2016.

  1. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,718
    7,096
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Дечки, врска неам кој е ликов за кој случајно разбрав на ФБ, али ептен ми се допадна фактот што можеме да се пофалиме пред светот со нешто друго освен корупција, политика и остали зафрканции. Момаков има иновативна идеја за одржување на ниви и слично со помош на дронови контролирани преку апликација.
    Му викаш на дронот иди прсни ми ја 12.753-тата пиперка со средство против мајмунлаци (прилепчанец е типот), и он ти вика ок шефе, за тебе и сите ги прскам ако треба. Иде и ја прска, а ти си седиш и си локаш ракија, мезиш салата и на раат кукаш како не чини државата :D

    Не верувам да е фејк, бидејќи го има и на сајтот на МИОА
    http://www.mioa.gov.mk/?q=node/4182

    Повеќе информации и упатства на линкчево, таму и јас го најдов и му удрив еден глас, па викам да споделам и тука.
    http://markukule.mk/да-му-помогнеме-на-прилепчанецот-дарк/

    Кој рече дека прилепчани биле мајмуни да го видам сеа, а? :D

    Чисто колку за компарација, НАСА со слична идеа планира да контролира сообраќај и врши тестови во меѓувреме.
    http://www.nasa.gov/feature/ames/na...traffic-management-test-yet-at-faa-test-sites
     
    Последна промена: 24 Април 2016
    На SarevD, HardCorec, damil и уште 10 други им се допаѓа ова.
  2. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,818
    2,670
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Супер е идејата, идеме накај Interstellar сценарио: aвтономни трактори, комбајни итн :D.

    Mалце комплицирана процедура, ама успеав да гласам.
     
    На damil и Daniel86 им се допаѓа ова.
  3. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,475
    12,647
    2 Август 2012
    Машко
    Кој вика дека прилепчани не се мајмуни, ебаго?

    Иначе, фала за објавата. Дечкото на сликата сум јас. Малце нескромно ама...јас сум :)
    Сите заинтересирани за помош можете да ми уплаќате на трансакциска сметка. И не мора само пари! Еве на пример поможете со SSD или GTX 980 Ti
    Кола имам, фала :)
     
    На SarevD, alumen :), Costigan_Jr и уште 4 други им се допаѓа ова.
  4. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,718
    7,096
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника


    :oh:
     
    Petar86, borcep, FLEGMA и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,742
    5,709
    7 oктомври 2011
    kalfa
    Кој смее да кука против нашата прекрасна држава и водечка економија?
    Од техничка гледна точка доста добра идеја а од агрономска не баш.
    ЗА 10 хектари за обработка дрон би требало да биде голем колку ф16. Во земјоделлието се третира цела површина а не единка.
    Во УСА веќе се користат роботизирани машини за земјоделие, комбајни и трактори.
    Иначе подржувам било што што подразбира уклучување на мозок и употребана нови технологии, во овие услови да размислуваш за иновации е голема храброст.
     
  6. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,718
    7,096
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Абе и мене ми се виде чудно малку, ама мислам дека се работеше за повеќе софтверски наведувани дронови во исто време, не го изгледав баш добро видеото. Мада и колку и да се, колкав канистер со средство би понеле секој поединечно, за да може да се обави работата полесно и побрзо, а и поевтино од нормално прскање и наводнување...
     
  7. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,475
    12,647
    2 Август 2012
    Машко
    Не цепидлачете
    Софтверот е битен. Дечкото, најверојатно, сака да прикаже концепт односно proof of concept
    Покасно ќе ги запрашуваме бананите. Само да дојдат нашите на власт ;)
     
    На dimsa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,742
    5,709
    7 oктомври 2011
    kalfa
    За површина од 1 хектар користат од 200-800л препарати за заштита.
    Се слагам со флегма, битен е концептот, дали ќе прска тутун или ќе бара залутани китови или ќе спасува планинари небитно концептот треба да се разработи и подржи.
    едит И доста само Скопјанишча малце и по селата нека се разработат.
     
  9. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,818
    2,670
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Гледате дека во видеото има и примери кај што дроновите се користат и за мониторинг/дијагноза на посевите, не само за прскање.
     
  10. smole

    smole
    Unstoppable

    3,076
    3,545
    18 Април 2007
    Концептов не го разбирам баш:

    1. Дали е само за прскање (веќе таков постои)
    2. Дали е за мониторинг (таков дрон истотака постои)
    3. Дали е за развој на софтверот со кој се планираат летовите?

    Се од ова погоре набројаново постои како засебен продукт, не сфаќам за што ќе бара инвеститори.

    Ако е за софтверот, кој сега е open source, рачунајте дека ако влезат пари во проектов истиот ќе прерасне во closed source.
     
  11. Astro

    Astro
    Guru

    6,274
    8,681
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ваква вест за проект прочитав пред цела година. Не е ништо ново, но како памтам не беше баш изводлива идејата.
    Не е работата во прскањето туку на мониторинг на инсекти и глодари. За прскање бајаги тешко со дрон.
     
    Последна промена: 25 Април 2016
  12. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    332
    8 Мај 2007
    Абе не хејтајте. Ајде да го подржиме така од патриотска причина колегата. Ако ништо друго барем некој од америте таму ќе слушне за Македонија.
     
    ivan88, Daniel86 и на kjosmofon им се допаѓа ова.
  13. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,410
    2,029
    12 Август 2009
    Машко
    Страшило е најдобро да направи...нека го облече дронот и нека врти кругови околу пченката.
    Втора варијанта ќе му биде место облека, да стави ултразвичен уред да брка инсекти...значи помодерно страшило.
    Така може и овчар да направи што прибира стока од пасење.
    Што и да е.. нешто нека направи.
     
    DrMTR, goce03, Daniel86 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. smole

    smole
    Unstoppable

    3,076
    3,545
    18 Април 2007
    За прскање има посебен дрон

    За мониторинг постојат NDVI камери.

    За планирање на лет има разни flight контролери и софтвери со кои се командуваат (полнат со POI) флајт контролерите.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,313
    6,431
    27 Март 2014
    Реaлнo немa никaквa шaнсa дa пoбеди aмa aјде.. Кaкo штo знaм и лaни имaше прoект, пa се утепa, не ни влезе вo четврт финaле.
     
  16. tomsaso

    tomsaso
    Intern

    14
    7
    29 Септември 2010
    Видете... Интересна ментална гиманстика ми е кога третирам инвоативни технолошки решенија од еконосмки аспект на земји во развој.

    Дали е напредок ако го замениш трактористо/возачот на комбањ со апликација која целата работа ќе на брка за безпари?

    Тоа е во основата на ова прашање и суштината на оваа иновација.

    За да тргнеме и да ја анлизираме целата ситуација треба да се тргне од процесот на производство кој што во основа е комбинација на инпути кои се тру, капитал и земја за да се даде одреден аутпут - производ.

    Е сега... Во случајов се предлага технолошко решение кое ќе го замени трудот на трактористот со апликација која ќе го врши тоа. Апликацијата во основа е потрошен капитал за нејзин развој и одржување додека тракторисот е месечна плата на земјоделски работник во македонија.

    Цената на трактористот е јасна - црика 18.000 денари на месец бруто плата за трактористот.

    Цената на апликацијата е малце нејасна, но во суштина е одредена од каматата или бараната стапка на принос на инвеститорите за да го вложат капиталот во развој на проектот. Таа може да биде од 5%-6% па и до над 100% на годишно ниво во зависност од начинот на финаснирње..

    Она во што го гледам проблемот со развој такви авотномни земјоделци во Македонија е што цената на трудот на земјоделецот е ниска. Односно нема да се постигне драстичен успех во услови на 200-300 евра плата на тракторист. Од таму и финансискиот импакт на инвоацијата ќе биде мал и незначаен. Друга е приказната истото да се воведе во УСА каде што платата на еден земјоделец може да биде и 50.000 долари на годишно ниво.

    За да ви доловам пример ќе земиме три начини на орање на нива и две држави.
    Прва држава Америка - камата на земјоделски кредит 3%, плата зат рудот на еден земј. работник 50.000 долари на година, цена на еден трактор 50.000 долари, цена на еден вол и рало 2.000 долари
    Втора држава Индија - камата на земјоделски кредит 9%, плата затрудот на еден земј. работник 2000 долари на година, цена на еден трактор - 50.000 долари, цена на рало и вол 2.000 долари
    Прв начин на орање на нива од 10 хектари - со казма и лопата.. за 10 хектари се потребни 10 работници и 0 капитал--
    Трошок на орање со казма и лопата во индија - 20.000 долари
    Трошок на орање со казма и лопата во америка - 500.000 долари

    Втор начин на орање - со рало и со волови. Потребен кредит 2.000 долари и 2ца работници
    Цена во Индија: 9% камата на кредит од 2.000 долари = 180 долари
    + 2ца работнци по 2000 долари = 4000 долари
    Трошок на орање со вол и рало во индија = 4800 долари
    Цена во Америка: камата на кредит за рало и волови 3%*2,000 долари = 60 долари
    + плата на 2ца работнци = 100.000 долари
    = вкупен трошок =100.060 долари

    Трет начин на орање - со трактор и половина работник
    Цена во Индија -
    +9% камата на кредит од 50.000 долари = 4500 долари
    +0.5 работници = 1.000 долари
    трошок на орање со трактор во индија = 5.500 долари
    Цена во Америка
    3% камата на кредит од 50.000 долари = 1500 долари
    + 0.5 работнци = 25.000 долари
    Трошок на орање со трактор во Америка = 26.500 долари.


    Покето сте програмери па можите да го наредите ова и во матрица и заклучокот е следен: не секогаш техонолошки најефикасното и најдоброто решение е и економски најисплатилво под одредени услови.Ова е посебно фрапантно во земји во развој каде што капиталот е скап а трудот ефтин. Од ако решаваме да ораме нива во Индија економски најисплатилво решение ќе биде да купиме рало и волови и да ораме така оти тоа е најисплатливо.

    На некој начин ова е стапица на сиромаштија, каде што не можиме да примениме инвоативни решенија затоа што сме сиромашни, а сме сиромашни затоа што не можиме да примениме иновативни решенија.

    Да завршам, истата приказна мислам ќе биди и со прилепчанецот и неговите инвеститори... Додека тој пробува да замени труд на работнци кои земаат 150 евра на меесец, со скапо капитално решение кое што кошта илјаднци евра во камати(или разочарани инвеститори) не верувам да има успех. Ако не го пласира нешто во други пазари...
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Astro

    Astro
    Guru

    6,274
    8,681
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Искрши тастатура а можеше да кажеш со 3 реченици.
    Иначе се сложувам и јас. Ова се применува во држава како на пример Чешка или Унгарија со 5% невработеност. Неприменливо е за во Македонија со 35% невработеност.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nik0la_

    nik0la_
    Practice makes perfect

    700
    1,244
    5 Јануари 2012
    Добра е идеата ако имаш 2-3 стебленца марица па да си ја вадиш и прскаш од дома со дронче..
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  19. reflexmk

    reflexmk
    Gaining Experience

    290
    373
    13 Март 2014
    Машко
    На viksa86 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...