- Ја почнал/а темата
- #1
AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3,646
- 139

Во првиот квартал од 2008 година 29,4% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот квартал од 2008 година, 45.6% од домаќинствата користеле компјутер.
Широкопојасно поврзување на интернет имале 78,6% од домаќинствата со интернет пристап што споредено со истиот период од 2007 година претставува зголемување за 34,9%. Најзастапено широкопојасно поврзување на интернет, во овој период, било преку ADSL технологиите и тоа кај 39,5% од домаќинствата со интернет пристап.
Во првиот квартал од 2008 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години мобилен телефон користеле 78,7% што во споредба со истиот период од 2007 година претставува зголемување за 11,0%, компјутер користеле 50,0% што во споредба со истиот период од 2007 година претставува зголемување за 9,1%, додека интернет користеле 41,5%, односно 11,8% повеќе во однос на споредбениот период.
Интернетот претежно се користел за комуникација, информации и on-line услуги.

Извор: Државен завод за статистика