• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Под владина лупа продолжувањето на договорот со Мајкрософт

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139


Договорот беше склучен во декември 2003 година со непосредна спогодба, а не преку јавен тендер што тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ го оцени како штетен за државата

Владата размислува за продолжување на договорот со Мајкрософт, кој поранешната влада на Бранко Црвенковски го склучи со овој гигант во декември 2003 година за набавка на софтвер во вредност од 3,9 милиони евра. Договорот беше склучен со непосредна спогодба, а не преку јавен тендер што тогашата опозицска ВМРО-ДПМНЕ го оцени како штетен за државата. Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, на вчерашната конференција Визија 2008, која е во организација на Мајкрософт, не сакаше децидно да каже дали четиригодишниот договор со софтверскиот гигант, кој истекува до крајот на годинава, ќе биде раскинат, но рече дека во Владата го разгледуваат.
- Оваа Влада не го потпиша договорот со Мајкрософт, но ние се обврзавме да го продолжиме за да не се изгуби она што беше направено во изминатите две години пред доаѓањето на власт на оваа влада. Мислам дека за овие години договорот од двете страни беше коректно испочитуван - рече Ивановски.

Запрашан зошто било одлучено да се потпише договор со Мајкрософт и да му се плаќа за услугите за софтверот, кога, на пример, германската влада одлучи да го користи од нивниот конкурент Линукс, Ивановски рече дека одговорот треба да го даде претходната влада.
- Мајкрософт е водечки гигант во развој на софтверски решенија во светот, но во врска со проектот "Компјутер пред секое дете" се обративме на Линукс, односно го користиме нивниот бесплатен оперативен систем кој е од отворен код. Засега, бројот на лиценците за државните институции е доволен и новите компјутери ги набавуваме со лиценца. Не сакаме во ниту еден момент во јавните институции да имаат пиратски софтвери - нагласи Ивановски.

Директорот на Мајкрософт - Македонија, Илијанчо Гаговски, рече дека никогаш немале недоразбирање со Владата.
- Со Владата имаме одлични односи што се базираат на јасна и јавна агенда - потенцира Гаговски.

Тој имаше обраќање на Визија 2008, каде детално го претстави Мајкрософт, најавувајќи за првиот квартал од 2009 година промоција на софтверот преведен на македонски јазик. Главниот извршен директор на Македонски телеком, Николај Бејкерс говореше за новиот проект со фибер оптичко влакно што го започна компанијата, а кој треба да овозможи голема брзина на пренос и неограничена пропусна моќ.
- Ќе ја направиме Македонија да биде во групата на земји, како што е Сингапур, бидејќи ќе биде поврзана на најмодерен начин со остатокот од светот - потенцира Бејкерс.

Извор: Вечер
 

trakilaki

Intern
15 мај 2008
1,084
18
- Ќе ја направиме Македонија да биде во групата на земји, како што е Сингапур, бидејќи ќе биде поврзана на најмодерен начин со остатокот од светот - потенцира Бејкерс.
Tesko nas ..... ovie planiraat samo virtuelno da se povrzeme so ostatokot od svetot ..... a viza ke ni lupnat site:D
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Tesko nas ..... ovie planiraat samo virtuelno da se povrzeme so ostatokot od svetot ..... a viza ke ni lupnat site:D
Чекај де.. Не барај преку леб погача сега пак ти :)) Прво вака, па после малце по малце и реално :p

Инаку, браво за постапката :bravo:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,530
Мислења
822,704
Членови
28,053
Најнов член
ro0tkid
На врв Дно