• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Почеток со Adobe Premiere

  • Ја почнал/а темата
  • #1
14 декември 2011
79
25
Здраво дечки. Одамна не сум го посетил сајтов, а се некако се случува кога ми треба помош околу нешто поврзано со компјутерска технологија :innocent: :)

Мило ми е што одлично функционира како и пред години кога прв пат налетав на домејнов. Поздрав и до сите форумџии што во неколку наврати ми беа од голема помош, било за склопување нова конфигурација, за проблем со драјвери, некомпатибилност на хардвер и тн.

За вовед толку, сега нешто на кратко на темата(има неколку теми со слична проблематика, па се надевам не е проблем што отварам нова, пред се затоа што имам повеќе недоумици).

Имено, имам желба да поднаучам нешто во сферата на видео едитирање. Професионално работам во сосема друга сфера(прехранбена технологија), па ова би било за почеток од рекреативна природа, за понатаму можеби и како дополнителен извор на приход, па ако тргне и се роди љубов:oops: ... кој знае.

Би сакал да почнам со Adobe Premiere Pro CC 2017. Спремен сум да инвестирам и некој денар, па од таа причина се јавив во Семос, информативно. Нудат курсеви од 30 часа по цена од 200 евра. Дали вредат и дали се квалитетни(доколку некој има искуство со нив)? Знам дека би го научил истото со труд(можеби за нешто подолго време) и дома со помош на Јутуб и Гугл, но од причина што немам многу време би инвестирал во евентуален курс.

Околу хардверот што го имам на располагање. Не е нешто посебно за денешни услов, но мислам дека за почеток и за учење ќе ми заврши работа сосема доволно.

I5-2500k(не е оверклокд), Maximus Gene IV-Z матична, Radeon 6870HD, 8GB Ram, 24'' Benq, 128SSD.

Секако ми е во план да докупам HDD(имам само 400GB хитачи). Веќе една година чекам да паднат цените ама изгледа џабе чекам, така да ќе треба да прежалам околу 5000-6000 за два тера(би ценел и на таа тема некој предлог, дали 1 дали 2 тера, дали е толку голема разликата меѓу Green и Black WD (вредност за пари) итн.)

Секое мислење и сугестија е добредојдено.

Поздрав и убав остаток од продолженив викенд :)
 

DarkEnchanter

Practice makes perfect
17 август 2014
1,768
1,265
Скопје
Јас почнав пред две години. Поима немав. Сега сум доста солиден. И премиер и афтер ефектс. Се сам од јутуб. Имаш милион канали кој покажуваат како се работи. Основни работи, напредни, финтици и слично.

Ако имаш 200 евра за фрлање пробај зашто да не. Незнам какво е тоа искуство али пак јас се сам научив од јутуб генерално.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 

kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,347
3,697
Скопје
Некој постираше сајт само со туторијали за СЀ. Уште да можам да го најдам на форумов ...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4
14 декември 2011
79
25
@DarkEnchanter , далеку од тоа дека се за фрлање, само шо сигурно ќе ми скрати многу време пошо секако немам мн. слободно време. Само ме интересира колку се квалитетни и колкаво ниво на price/gain имаат. Може има и други школи/курсеви, па некој ако има информација плус е добредојдена.

@kirev , мислиш на Листа на туторијали ? Колку што видов, на листата нема Premiere. Можда има некој друг пост со слична содржина, ама бар на search не можам да најдам ништо такво.
 

kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,347
3,697
Скопје
Не. Ова е старо 10г. Имаше некоја дискусија и некој стави линк од сајт специјализиран за (пиратски?) содржини
 

Astraion

Unstoppable
24 ноември 2012
1,803
2,718
Струмица
Пробај на Udemy за онлајн курсеви а на YouTube имаш прилично многу информација/туторијали во врска со сите Adobe апликации.

ПС. Единствено би фрлил некој денар на Adobe курс директно, за да земам Adobe сертификат, се' друго од курсеви тука не се исплаќа.
 

prichina

Unbeatable
24 мај 2009
7,843
5,024
Скопје
prichina's setup  
Processor & Cooler
i7 920 | Z600 + NF-A15 Noctua
Motherboard
AsRock X58 Extreme
Storage
Crucial M4 128GB | RAID0 2xWD500AAKX | 1.5 TB Seagate во Cooler Master Xport 351
PSU
Cooler Master V850
RAM
3x8GB ddr3 1600
Video card
GTX 1070 (за 3д рендер и видео едитирање) + Sapphire R9 290X (modded with Trixx) + Asus 7970 Matrix (АМД-то - овие две за копање)
Case
HAF 922 | Fan Control (PWM) DeepCool Rockman
Mouse
SteelSeries Kana | Gamepad's: 2xRumblepad 2 (wireless) + 1x Rumblepad 2(with wire) / Wireless kombo Тастатура + Mаус од A4Tech
Keyboard
Razer Lycosa | Graphics Tablet: Wacom Intuos Pro $
Audio
X-FI Platinum + Remote | Tannoy Mercury F1 Custom | Marantz PM-44 SE mkII | Audio Technica m40fs
Monitor
Dell U2412M
OS
Windows 10 pro
Околу HDD сетапот, за видео монтажа многу е корисен и игра голема улога RAID сетап од 2 или 3 хард диска, моја препорака е 2x1TB да ги поврзеш во RAID0. Многу поглатко ќе ти оди импортирањето, а посебно отчитувањето на големи видео фајлови, а посебно оние позаситени (со поголем битреит), при работа (сецкање/обработка)
- Tip's and tricks: Од мое искуство, 3 диска во RAID0 се покажаа осетно побрзи од 2 диска во RAID0....Каков сакаш процесор имај, каква сакаш графичка имај...едноставно ова е една од најслабите карики во видео едитирањето и императив да се има стабилен минимум 200-300 mb/s проток на податоци.
 

prichina

Unbeatable
24 мај 2009
7,843
5,024
Скопје
prichina's setup  
Processor & Cooler
i7 920 | Z600 + NF-A15 Noctua
Motherboard
AsRock X58 Extreme
Storage
Crucial M4 128GB | RAID0 2xWD500AAKX | 1.5 TB Seagate во Cooler Master Xport 351
PSU
Cooler Master V850
RAM
3x8GB ddr3 1600
Video card
GTX 1070 (за 3д рендер и видео едитирање) + Sapphire R9 290X (modded with Trixx) + Asus 7970 Matrix (АМД-то - овие две за копање)
Case
HAF 922 | Fan Control (PWM) DeepCool Rockman
Mouse
SteelSeries Kana | Gamepad's: 2xRumblepad 2 (wireless) + 1x Rumblepad 2(with wire) / Wireless kombo Тастатура + Mаус од A4Tech
Keyboard
Razer Lycosa | Graphics Tablet: Wacom Intuos Pro $
Audio
X-FI Platinum + Remote | Tannoy Mercury F1 Custom | Marantz PM-44 SE mkII | Audio Technica m40fs
Monitor
Dell U2412M
OS
Windows 10 pro
@FLEGMA , истиот муабет направи го во темата за мобилни телефони, кажи им. Мене телефон ич не ми е битен колку и дали е брз кога правам мултитаскинг, дали ќе дропа фрејмови кога ќе стартам апликации..и кога ќе отворам во хром веб страна, додека скролам ми се дешава статер фест.
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,264
14,038
@FLEGMA , истиот муабет направи го во темата за мобилни телефони, кажи им. Мене телефон ич не ми е битен колку и дали е брз кога правам мултитаскинг, дали ќе дропа фрејмови кога ќе стартам апликации..и кога ќе отворам во хром веб страна, додека скролам ми се дешава статер фест.
Во ред, ама човекот е почетник и нема ваљда да се вежба на 4К видеа.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #13
14 декември 2011
79
25
@prichina Сега за сега би зел една ХДД единица(секако ми е во план подолго време, ова што го имам во моментов ко да го немам.. 400гб). Некоја препорака за HDD? 1 или 2 тера? Производител? Перофрманси? Цена докај 5000(за 2ТБ).

@Alucard , торентот веќе ми е во статус DL, tnx.
@Vampo , ко што приметив ко го стартував торентот, има само видео фајлови, 2,1ГБ, друго ништо. Или задачиве се во склоп на видеата?
 

Vampo

Gaining Experience
24 октомври 2010
358
240
@prichina Сега за сега би зел една ХДД единица(секако ми е во план подолго време, ова што го имам во моментов ко да го немам.. 400гб). Некоја препорака за HDD? 1 или 2 тера? Производител? Перофрманси? Цена докај 5000(за 2ТБ).

@Alucard , торентот веќе ми е во статус DL, tnx.
@Vampo , ко што приметив ко го стартував торентот, има само видео фајлови, 2,1ГБ, друго ништо. Или задачиве се во склоп на видеата?
Види побарај торент од друго место, некаде ги ставаат со задачи, негде без, а може и самиот туторијал да нема задачи..
 
  • Ја почнал/а темата
  • #15
14 декември 2011
79
25
Види побарај торент од друго место, некаде ги ставаат со задачи, негде без, а може и самиот туторијал да нема задачи..
После приметив дека имало. ZIP фајл со задачи, т.е. аудио, видео и проект фајлови. Blind me :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17
14 декември 2011
79
25
@Alucard , туторијаливе со вежби се одлични. Се на се, досега поминав некаде околу 15 видеа. Инаку сеуште сум на ум да поминам и курс во Семос и дефинитивно да купам бар 1 гига Грин Вестерн Дигитал. Со моиве 380ГБ Хитачи едвај имам место филм да симнам :)
 

Alucard

Шериф
22 октомври 2012
1,957
1,873
Скопје
@Alucard , туторијаливе со вежби се одлични. Се на се, досега поминав некаде околу 15 видеа. Инаку сеуште сум на ум да поминам и курс во Семос и дефинитивно да купам бар 1 гига Грин Вестерн Дигитал. Со моиве 380ГБ Хитачи едвај имам место филм да симнам :)
Ова е во последното видео од туторијалот:

"In late 2017, we're planning on releasing a companion course to this, called Premier Pro Essential Training Beyond the Basics. There, you can continue
this style of training, and take your skills to the next level."

Така да што знам што да ти кажам за курсот, искрено не знам дали ќе добиеш нешто повеќе од овие два туторијали, плус фактот дека има уште еден куп други, така да останува на тебе да одлучиш...

Што се однесува до HDD, подобро земи 2TB, мала е разликата во цена од 1TB ;)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #19
14 декември 2011
79
25
Сигурно би научил горе долу исто, дома сигурно и повеќе. Дури и дечките во Семос ми рекоа дека нивото на знаење што би го стекнал со курсот е нешто меѓу почетник и low-level advanced. Тоа и го очекував. Е сега, сигурно многу побрзо би научил на курс каде се работи по програма(со домашни задачи итн.) отколку дома, а со оглед на недостатокот на слободно време, сериозно размислувам на таква инвестиција.

За хард-дискот, да, ги гледав цените, многу се мали разликите, така да многу веројатно би зел 2 тера, но ништо повеќе од WD Green.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
43,128
Мислења
838,958
Членови
29,038
Најнов член
Aspasija42
На врв Дно