1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Почетник во порграмирање, ве молам за мислење

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од Пеце Димитровски, 28 Февруари 2020.

  1. Пеце Димитровски

    Пеце Димитровски
    Intern

    4
    2
    26 Февруари 2020
    Машко
    Другари и другарки,

    Ве молам за искрена помош,

    Сакам да започнам кариера во ИТ сектор, имам завршено економија ( банкарство) и сум работел во банка аналитичар на ризик, имам работено и во сектр пордажба и администрација, моментално работам со стечај и ликвидација на компании.
    Финансискиот сектор го познавам добро и имам солидно познавање од матријално книговодство.
    Имам 32 години, живеам во Битола и немам никакви познавања од порграмирање и сл.
    Имам пробано со python ( он лине курс ) ми изгледаше интересно.
    Ве молам за ваши препораки, во смисла на кој јазик би било соодветно да пробам да го учам.
    Размислувам околку python и javascript, или QA tester.

    Секое мислење ке ми биде од корист,
    Ви благодарам за издвоеното време
     
  2. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,095
    1,202
    11 Март 2011
    На времето што и да се одберење имаше еден сериал книги „For Dummies“ каде што имаш објаснување од почеток, лесни примери итн.. Јас ова би препорачал, за јазик некој програмер. Генерално YouTube има добри туторијали, но ги прескокнувам, некогаш што е 2 реда во книга е неколку минути во видео.
     
  3. Aka1458

    Aka1458
    Intern

    30
    2
    18 Февруари 2020
    Машко
    Имаш туторијали по јутуб,од 3-4 саати за основа,препорака моја ти е да почнеш со пајтон. Што повеќе вежбаш толку ке бидеш подобар.Пишувај ги програмите што ги пишуваат на туторијалите,колку и да се прости многу полесно се памти, можеш и да пишуваш во тетратка.


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  4. acekorg

    acekorg
    Gaining Experience

    46
    63
    5 oктомври 2010
    @Aka1458
    А зошто го препорачуваш python ?

    Мое мислење е дека во МК повеќе работа има за java/c#/php.
     
  5. Avid

    Avid
    Guru

    4,291
    6,386
    21 Јануари 2009
  6. Aka1458

    Aka1458
    Intern

    30
    2
    18 Февруари 2020
    Машко
    Бидејќи е најлесен и може да биде добра основа, да се стекне некоја логика.. полесно ке биде потоа да се учи например ц барем за мене беше така. Тој ако смета може и да почне одма со C.


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  7. acekorg

    acekorg
    Gaining Experience

    46
    63
    5 oктомври 2010
    Има смисла само доста ќе се развлече временски ако тргне така по некој да речеме факултетски редослед.

    Мислам дека дури и да се почне со некој основен брзо може да премине на она што планира да го работи а тоа веројатно би било Java/C#/php


    @Пеце Димитровски
    Избери некоја платформа што ти прави ќеф прво и те влече да учиш пошто поважно е да не изгубиш интерес. Ако не се чуствуваш комфорно и комплицирано ти изгледа нешто од позастапениве јазици почни со нешто поосновно од погорните предлози.
    За барање работа изборот е најчесто:
    За Backend Web некој од
    - Java (Spring framework)
    - C# (.Net framework)
    - php (мислам дека Laravel е најзастапен, гледам тој го предаваат по приватниве курсеви)
    За Frontend Web
    - JavaScript е ок (React или Angular ќе треба да ги совладаш иако на ова поле има и доста други ама базирани се на javascript)
    За мобилни апликации
    - iOS се работи во Objective C или Swift
    - Android се работи во Java

    Има уште многу варијанти ама се надевам дека овака ќе имаш некоја претстава што да избереш.
     
    На acikaaa, G4M3R, Пеце Димитровски и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    124
    214
    6 Мај 2019
    Женско
    https://www.freecodecamp.org

    Повели. Имаат и Youtube канал. Бесплатно, и супер за почетници.
     
    На G4M3R, Oktar, Пеце Димитровски и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. Пеце Димитровски

    Пеце Димитровски
    Intern

    4
    2
    26 Февруари 2020
    Машко
    Фала..
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Пеце Димитровски

    Пеце Димитровски
    Intern

    4
    2
    26 Февруари 2020
    Машко
    Фала за времето ..
     
  11. BlueBaron

    BlueBaron
    Gaining Experience

    186
    150
    19 Јануари 2016
    Машко
    Студент
    Се зависи од тоа што сакаш да постигнеш. Ако си навистина заинтересиран и сакаш кариера во ИТ сектор, би ти препорачал да почнеш од било кој statically typed јазик ама највеќе од некој што има C синтакса. Би ги издвоил C, C++, C#, Java. Прилично моќни јазици, а воедно моментално Јава и C# се меѓу најпопуларните јазици во ИТ секторот во земјава.

    Да, Python и JS се лесни јазици и може да ги совладаш многу полесно од горенаведените ама ќе бидеш многу лимитран со знаењето и некој работи ќе ги научиш на „погрешен“ начин. А воедно ако сакаш да скокнеш од овие јазици на било кој понапреден јазик пример (од Пајтон на Јава) ќе се помачиш многу повеќе отколку да скокнеш од некој понапреден на некој полесен (пример Јава на Пајтон) .

    Ја би ти рекол почни со Јава. Имаш предобри книги а и многу корисни туторијали на Јутуб и на Udemy. Почни првин од тоа (по редослед): што е Јава, како функционира, зашто се користи, што е променлива и типови на променливи, константа, if/else if/еlse и други логички изрази, што е boolean, циклуси и вгнездени циклуси, (while's, for loops, nested for loops, enhanced for loops), методи, null вредности, како работи меморијата и како Јава зачувува податоци во меморијата, што е тоа референца, што значи да референцираш до нешто, разлика меѓу референцирачки и примитивен тип, како работи garbage collector.

    Откога ќе завшриш со овие поелемтарни работи од Јава, градуално почни да учиш концепти од Објекто-Ориентирано програмирање (ООП) и како се имплементирани во Јава, пример по редослед: што е тоа ООП и зошто се користи, што е објект, што е класа, конструктор, метода на објекти, статички методи; потоа и со понапредните концепти на ООП како што се наследување, абсрактни класи, интерфејси, енкапсулација, полиморфизам итн.

    Во моментот кога ќе се осеќаш комотно во Јава и ќе ги научиш елементарните ООП концепти, обавезно почни со дата структури. Оваа ти е најбитната работа што ќе ти треба како програмер, бидејќи се што ќе работиш на крај ќе се сведува во некоја дата структура. Научи ги елементарните дата структури, зашто се користи секоја, што се предностите и слабостите на секоја, пример низи, листи, хашмапи, дрва, графови.

    Секако ова ти е само предлог, на крај сам одлучуваш. И нека не те плашат зборовите што ги имам искористено погоре, изгледаат малце застрашувачки и комплицирани, ама верувај не се. Воедно ги напишав дококлу сакаш да побараш на Гугл малце повеќе информации за нив. Со среќа.
     
    На acikaaa, Bube1986, Necromancer и уште 3 други им се допаѓа ова.
  12. Пеце Димитровски

    Пеце Димитровски
    Intern

    4
    2
    26 Февруари 2020
    Машко
    Фалати многу за времето потребно за исцрпниот одговор..ти благодарам :)
     
    На BlueBaron му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dddragan

    dddragan
    Gaining Experience

    225
    236
    12 Август 2014
    Машко
    Во тетратка да пишувал... :cry::cry::cry:
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Avid

    Avid
    Guru

    4,291
    6,386
    21 Јануари 2009
    Ова е солиден совет. Мозокот значително повеќе памти кога пишуваш во тетратка.
     
    acikaaa, Naked Gun и на tupacan им се допаѓа ова.
  15. dddragan

    dddragan
    Gaining Experience

    225
    236
    12 Август 2014
    Машко
    Да, ако учиш падежи или граматика. Програмирање е ова, се учи логика и начин на размислување со решавање на задачи over and over again. Синтаксата е најнебитна покрај другиве, затоа и постои IDE, да ти потцрта ако ти е утната синтаксата, да го средиш експресно тоа и да се фокусираш на поголемиот проблем. Не да углавиш дали е printf, fprint, window.print или нешто пето.
     
    На Psycore и Pulse им се допаѓа ова.
  16. Avid

    Avid
    Guru

    4,291
    6,386
    21 Јануари 2009
    Јасни се предностите на IDE.
    На почетокот за некои основни работи, многу е подобро тетратка.
     
    На G4M3R му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ulrezaj

    Ulrezaj
    Gaining Experience

    345
    438
    20 Јуни 2012
    Машко
    @BlueBaron Како бе Javascript бил лесен јазик и многу работи би ги научил на погрешен начин и со то би бил лимитиран во знаењето ?
     
    На Andrejrulz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. G4M3R

    G4M3R
    On your way to fame

    554
    518
    26 Јуни 2012
    Машко
    Јас би ти препорачал да се придржиш до програмскиот јазик кој ти се допаѓа и да речам „ти легнал“.
    Во спротивно ако читаш вака мислења од сите или пак полошо се форсираш да научиш јазик што не ти прилега, нема да направиш ништо.

    Најбитно е да почнеш со било кој јазик што ТИ го сакаш, после слободно можеш да смениш или да го прошириш scope-oт кон друг.

    Остави ги муабетите ако го научиш прво Х јазикот, нема да можеш или тешко ќе ти биде да преминеш на Y јазикот. Ова ми се теретана муабети за тоа кој фат е најдобар при бенч и кој протеински шејк е боље... Непотребна глорификација и микропенис синдроми на грото популацијава.
     
    krashot, Пеце Димитровски, Hyperboy9914 и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...