1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Playstation 4 Jailbreak - Генерална Дискусија

Дискусија во форумот 'Конзоли' започната од Psycore, 16 Јуни 2018.

  1. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    497
    449
    12 ноември 2013
    Во последно време, сé попопуларна е оваа тема. Некаде на крајот на мај искочи jailbreak за сите Playstation 4 уреди (Slim/Pro) со firmware 5.05. Тој е релативно понов firmware, искочен ноември 2017 и доста лесно може да се најдат уреди кои имаат таков firmware или понизок.

    Листа на фирмвери:
    - 5.55 - нема моментално јailbreak
    - 5.53 - нема моментално јailbreak
    - 5.50 - нема моментално јailbreak
    -
    5.07 - делумен јailbreak, непрепорачливо
    - 5.05 - целосен jailbreak
    - 4.55 - целосен jailbreak
    - 4.05 - целосен jailbreak
    - 1.76 - целосен jailbreak

    Листа на уреди кој би имале компатибилен фирмвер:
    PS4: How to get your hands on a PS4 with firmware 5.05 or lower - Wololo.net
    PlayStation 4 models - Wikipedia

    Официјален reddit:
    r/ps4homebrew

    Има најразлични начини на постигнување на ова, сите горе-доле инволвираат хостирање на exploit сервер. Moже да хостирате ваш на микроконтролер (ЕSP8266 / rPi), може да хостирате ваш на вашиот компјутер, можете да користите веќе хостирани на интернет.
    Мене наједноставен ми изгледа методот на Al-Azif (туторијал).

    Со jailbreak не можете да играте ништо онлајн и губите пристап до Playstation Network (PSN), а со тоа и игрите кои ги поседувате на вашиот акаунт не можете да ги играте на овој уред.

    За било каква конекција со Playstation Network (PSN) потребно е да е инсталиран најновиот фирмвер (5.53 во моментот на пишување).

    Доколку имате уред со jailbreak и се конектирате на интернет, ризикувате вашиот акаунт да биде перманенто баниран од Playstation Network (PSN).

    Јас лично немам никакво искуство со ова. Сите информации ми се од тоа што сум прочитал и видел по интернет. Не одговарам за ништо и самите сносувате одговорност ако има било какви последици или штети.

    Секое искуство, информација, мислење, совет околу темава е добродојдено. :noonecare:

    Забренто споделување на било какви линкови на темава, поврзани со пиратерија или илегални копии од игри.
     
    Последна промена: 16 Јуни 2018
    На Multipass и Jedah им се допаѓа ова.
  2. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    937
    1,433
    6 ноември 2007
    Само една корекција 5.05 излезе 18 Јануари 2018 год.
    Или
    Се што се наоѓа по продавници кај нас е со фирмвер помал од 5.05 или можност за користење на тој exploit така да кој сака да жртвува онлајн на сметка на пиратерија најпаметно е да си купи нова конзола и тоа да побрза додека не почнале да се мењаваат залихите со нови
     
    Ile sopov, Psycore и на omegaRED им се допаѓа ова.
  3. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    1,056
    635
    8 Август 2017
    Машко
    Јас мислам дека МП не ви е ни потребен на ПС4, реално повеќето игри на Сони се со фокус на Синглплејер, со исклучок на некои како ГТ:Спорт. Секако некои игри ќе имаат МП компонента како новата Ред Деад и ТЛОУ:Парт 2 ама не е нешто што ви е потребно да ја искусите играта како што треба.
     
    На Ile sopov и Psycore им се допаѓа ова.
  4. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,376
    3,088
    4 Септември 2008
    Чим еднаш го џејлбрејкуваш нема враќање на официјален фирмвер?
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  5. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,300
    2,701
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Има враќање, не е проблем тоа, и самиот JB не е перманентен туку се вчитува при секој старт на конзолата.

    Но има некој ризик Sony да детектира некако дека имало активирано debug mode, дека се инсталирани debug packages, па да ја банира конзолата, ама не знам дали некој пробал од jailbreak-уван PS4 да се врати на официјалниот FW па да потврди дека сѐ си е ок.

    Sent from my SM-G935F using Tapatalk
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Steam.

    Steam.
    On your way to fame

    767
    693
    31 Мај 2011
    има нешто ко PSNPatch за 4кава?
     
  7. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,300
    2,701
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Колку што знам, не. Веројатно ќе излезе некој version spoof, ама кога...

    Sent from my SM-G935F using Tapatalk
     
    На Steam. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    161
    293
    1 ноември 2015
    Машко
    При секое исклучување на конзолата се враќа во нормалниот мод на работење. Не е ова постојан CFW (custom firmware) како што беше случајот со PS3, туку webkit exploit кој го активира debug модот на конзолата.

    Можеш постојано во standby да ја држиш конзолата за да не мораш при секое вклучување да го активираш exploit-от. Но според reddit има некој bug каде што се замрзнува конзолата при повторно вклучување додека е во standby. Но можно е да ја оправиле оваа грешка.

    Иначе, не знам зошто некои од вас креваат паника дека Sony ќе ви ја банира конзолата, кога прво никој не пријавил таков случај досега, второ дури и да ви ја банираат сеедно за да имате онлајн корист од нејзе треба да сте на најнов firmware кој не е моментално експлоитиран, трето ако толку сте параноични, во рутер забранете ги сите адреси што ги користи Sony и вршете го exploit-от локално преку LAN кабел на PC или едноставно откако ќе го извршите преку интернет мрежа одма исклучете се.

    Бановите ќе почнат во случај кога последниот актуелен firmware ќе биде пробиен, при што ќе може и да биде активиран debug модот и да се вклучуваш на PSN, односно да играш онлајн. Но дури и во тој случај веднаш Sony ќе пуштат најнов firmware patch што ќе го оневозможи тоа. Евентуално некоја алатка да направат што ќе ги заобиколи овие рестрикции, ама за тоа треба поголем пристап до конзолата со вистински custom firmware.

    Во секој случај, ако имате PSN account со голема библиотека од игри или постојано играте некоја онлајн игра на PS4, за пиратерија најубаво ќе ви биде да си купите посебна конзола за пиратерија, и те како би вредела за парите.

    Јас мојата конзола ја exploit-ирав, направив пред тоа целосен format на PS4-ката, на PSN account-от и онака имав само 3 игри, Injustice 2, Watch Dogs 2 и Last of Us: Remastered. На физичка копија ја имам FIFA 2018, така да треба да видам да му шитнам на некого. :)

    Прикладен факт е и тоа што можеш и преку USB flash drive форматиран во exFAT можеш да ги инсталираш игрите, без да се зафркаваш со FTP, како што беше со PS3. Сеедно viva la pirateria. :)

    Поздрав.
     
    Последна промена: 16 Јуни 2018
    На icemaher и Psycore им се допаѓа ова.
  9. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    1,056
    635
    8 Август 2017
    Машко
    Да ама ќе ти треба 64ГБ УСБ, а ехФат нз кои му беа ограничувањата, еве гледам на замунда, сите игри се од 30 до 60 ГБ. CoD WW2 е 58,91 ГБ :eek::eek:
     
  10. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    884
    945
    9 Декември 2015
    Машко
    Екстерен хард диск 1TB и решен проблем.
     
    На Ile sopov му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    497
    449
    12 ноември 2013
    Да не настане забуна, тој хард диск од 1ТБ ќе ви биде само за трансфер на игрите од PC во внатрешниот HDD на конзолата.

    Играње на игри директно од екстерен HDD како што беше случајот на PS3, моментално не е возможно.
     
    На Ile sopov и Ragnar им се допаѓа ова.
  12. darencee

    darencee
    Intern

    61
    38
    8 Јуни 2017
    Машко
    Земав Сони пс4. Знам дека има постар firmaware oд 5.05 што би значело дека може да се кракува.
    Дали е оваа процедура комплицирана или ќе мора да го носам кај дечки што се бафтаат со ова?
     
  13. skopje_mkd

    skopje_mkd
    Gaining Experience

    356
    190
    5 Февруари 2016
    и ја имам ПС4 со 5.05 ако има некој џаилбрејкнато нека пише постапка, благодариме однапред :)
     
  14. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    937
    1,433
    6 ноември 2007
    50€ флешувам PS4. Комплицирана и захтевна процедура. Не си играјте да не заебете нешто
    Повелете на ПП
     
    На Ile sopov, SiPy`, omegaRED и уште 2 други им се допаѓа ова.
  15. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    497
    449
    12 ноември 2013
    На кој начин го флешуваш? И дали треба на секое палење на конзолата да се пушта експлоитот?
     
  16. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    937
    1,433
    6 ноември 2007
    Им ставам DNS: 108.61.128.158; 165.227.83.145 во сетинзи преку User's Guide покренувам линкот до HEN+Mirra. Se отвора тоа DEbug settings... инсталирам една игра и им давам линко од за да не замараат многу.
    УПС!!!!
    SECRET REVEAL!!!
    Ојдоа стотиците евра.
     
    На SiPy`, TylerMkD, icemaher и уште 3 други им се допаѓа ова.
  17. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    497
    449
    12 ноември 2013
    Хахахах ме збуни пошто слушнав и муабет дека во една продавница за PS4 и слично во Скопје, за 50 евра се чипувало PS4, ама за 10тина дена ќе можело, чекал да му стигне USB некакво од странство. А, немам сретнато некој метод ваков.
     
  18. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    804
    712
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    На Ile sopov му/ѝ се допаѓа ова.
  19. icemaher

    icemaher
    Intern

    38
    22
    27 Мај 2009
    Машко
    Имам прашања до корисниците на "jailbreak" четворка.
    Во продавниците пишува на кутија кој фирмвер има, планирам пс4про?
    Акаунтот со кој ќе играш пиратерија ќе биде веројатно гост?
    Примарен веројатно ако купуваш игри.

    Дали ќе можеш и нормални купени игри да играш на истава пробиена конзола секако најавен под друг акаунт? Пример ти даде некој акаунт, внесеш, симнеш игра и играш? Или во тој случај поврзувајќи се на интерент, ќе се обнови фирмверот и паѓа се во вода.
     
    На Ile sopov му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    497
    449
    12 ноември 2013
    Не пишува кој фирмвер е. Во првиот пост пишува кои bundles најчесто идат со добар (jailbreakable) firmware или прашај продавачот да не знае.

    Околу тоа со акаунтот, не се препорачува да се логираш со PSN акаунт на jailbreak-увана конзола од ризик за бан на акаунтот.
    А, воедно и како што знам за било што да функционира поврзано со PSN мора да го имаш најновиот firmware. Јас никогаш се немам логирано на мојот PS со PSN акаунт, играм на локален акаунт.

    Физички копии од игри мислам дека можеш да играш без проблем. Во експлоитот има и Dumper што ја преснимува цела игра од CD-то на HDD и потоа нема потреба да биде внатре за да се игра.

    Истата игра што сакаш да ја симнеш од PSN, симни ја од торент. Доколку ти е за да се префрлат сејвови/прогрес, постојат начини види на reddit-от на ps4homebrew.

    Луѓето идат на варијаната со 2 конзоли, една со exploit, една чиста и онлајн.
     
    На PandaBomber и icemaher им се допаѓа ова.
  21. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,113
    2,371
    19 Јули 2013
    Na ps4 не можеш да имаш џејлбрејк и да идеш онлајн. Затоа што за експлоитот фирмверот треба да е макимална верзија 5.05. За на псн ти треба најновата верзија. Не дозволува логирање ако не е апдејтиран до најнова верзија.
    На пс3 може, затоа што експлоитот работи на најновиот фирмвер, но досега никој не пријавил бан заради користење.
     
    На omegaRED и icemaher им се допаѓа ова.
  22. Chicony

    Chicony
    Gaining Experience

    129
    50
    7 Јануари 2012
    Со овој jailbreak нема да може да се играат игри кои бараат fw повисок од 5.05 ?
     
  23. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,295
    1,588
    5 oктомври 2007
    Машко
    Da.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
  24. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,826
    1,660
    22 oктомври 2012
    Машко
    По тоа што гледав, v5.05 сеуште ќе да е последна верзија која што може да се jailbreak-не...? Некој скоро да земал со таа верзија од продавнициве низ Скопјево, или тешко, сите се update-нати...?
     
    На Ile sopov му/ѝ се допаѓа ова.
  25. icemaher

    icemaher
    Intern

    38
    22
    27 Мај 2009
    Машко
    Не верувам дека ќе најдеш, јас уште во август кога земав, сите беа 5.50 и сетек и галерија... Можеби ако во техномаркет ги има уште тие верзии со игра за кои беше како сигурно дека се со 5.05, ама кој знае дали се со тој фирмвер. Не сака никој да вклучи за да провериш.
    Ги замолив тогаш у сетек, имаше со гт спорт, вклучивме, беше 5.50 , а на википедија пишуваше дека е 5.05 со гт спорт. Да земев на слепо мислејќи дека е 5.05 поради пакетот со гт спорт, за џабе ќе фрлев 30.000.
    Па после бев во сони, едвај ги натеравме да вклучат, видовме дека беше 5.50 и рекоа дека сите конзоли им се со тој фирмвер и на крај земав у сони, про за 24к.
     
    На Ile sopov и Alucard им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. Cika
    Одговори:
    736
    Прегледи:
    62,252
  2. dejan_str
    Одговори:
    110
    Прегледи:
    12,896
  3. Alucard
    Одговори:
    5,634
    Прегледи:
    372,085
  4. mviktors
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    1,253
  5. HardCorec
    Одговори:
    16
    Прегледи:
    1,317
Вчитување...

Сподели

Вчитување...