1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Playstation 1 се враќа во декември како Playstation Classic

Дискусија во форумот 'Конзоли' започната од Psycore, 19 Септември 2018.

  1. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    476
    406
    12 ноември 2013
    Убаво ми почна утрово кога ги прочитав вестиве па да споделам.

    Playstation ќе извадат нова конзола во декември која ќе биде реплика на легендарниот Playstation 1, но ќе биде со помали димензии и со HDMI и USB контролери. Ќе доаѓа со 20 pre-loaded класици, 2 контролера и првичната цена му е 100$ ( €99.99 / 9,980 yen / £89.99).
    Кај нас ако воопшто го донесат очекувам 7500-8000 денари.

    Еве линк од официјалната најава


    Sony is launching a PlayStation Classic console this December loaded with 20 games

    [​IMG]
     
    Последна промена: 19 Септември 2018
    На JensenInterceptor, Luxell, Enforcer_ и уште 12 други им се допаѓа ова.
  2. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    905
    1,349
    6 ноември 2007
    Баш ме интересира кои "жестоки" наслови ќе ги понудат во овај bundle.
    PS1 е познат по добрите third party наслови со кои и го кренаа брендот.

    За да се користат игри како Dino Crisis, Resident Evil, Metal Gear Solid, Castlevania SOTN, Tomb Raider ..... Sony треба да им плати на Capcom, Konami, Square-Enix (ex. Eidos Inc.) права за користење во овој bundle.

    Од рекламата досега се прикажани:
    Final Fantasy VII
    Jumping Flash
    Ridge Racer Type 4
    Tekken 3
    Wild Arms

    За сите овие Sony веќе го има издавачките права. Sony Interactive Entertainemt е ко-издавач со тогашен SquareSoft и Namco за FFVII и Tekken 3.
    Се надевам ќе го одврзат ќесето и ќе понудат квалитетна колекција. Инаку со Jumping Flash бљувотини ништо не прајме.
     
    Psycore, StOrMK и на TylerMkD им се допаѓа ова.
  3. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    692
    374
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    20 игри мислам дека се премалку. Ај што го копираат "Classic" од Нинтендо, па и 20 игри (помалку и од NES-от Classic). И тие 20 ако се некои без везе пак ќе ја зезнат работата, а легендарна конзола не заслужува бледо ре-издавање.
     
  4. martin17

    martin17
    Gaining Experience

    90
    92
    2 Септември 2013
    Машко
    Ако нема Crash Team Racing - не праиме бизнис.
     
    На barneymk, Vlatzki, Скоти и уште 8 други им се допаѓа ова.
  5. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    888
    1,033
    9 Јуни 2011
    Машко
    Crash Bandicoot ftw!
    Супер е ова што им текна, ќе земам еден сигурно да му се радувам на Crash и Mortal Combat :D
     
    Pane-G, Psycore и на igor_igor им се допаѓа ова.
  6. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,094
    3,072
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Ценава ме разочарува... Исто ко да сакаме да ја вратиме тетрис конзолата по цена од само 70 евра , а во времето на секоја тезга чинеше 120-150 денари.
     
    На JensenInterceptor и Вајкинг им се допаѓа ова.
  7. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,498
    2,490
    14 Мај 2008
    Машко
    Тежок промашај. Слаба библиотека, џојстици без аналогни стикчиња и висока цена. Уште кога ќе ни текне дека постои нешто наречено PSTV кое е пофлексибилно и поевтино, отиде работава.

    Јас си купив класик PS1 од Пане за 200 денари, го чипував за 400 и сум на коњ.
     
    JensenInterceptor, Вајкинг, 123456 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  8. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    736
    821
    2 Март 2011
    Машко
    Gran Turismo, Oddworld, Driver, VRally
     
    На mdeni и StOrMK им се допаѓа ова.
  9. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    692
    374
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Абе остајте игри, кабел за струја ќе нема. Кој не е информиран ќе мисли на воздух работи... :D
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    905
    1,349
    6 ноември 2007
    Ама, ама, ама, PS1 co 320X240 resolution на 4К LED преку composite изгледа shyte! :)

    Лево Pane production --------------------------- Десно Сони HDMI Ultra upscaled 4K
    Untitled.jpg
     
    На JensenInterceptor, Luxell, smole и уште 3 други им се допаѓа ова.
  11. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,094
    3,072
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    И на крај конечниот заклучок е за 7500 денари ке купеме половни : 2 PS1 по 300 денари , 1 PS2 за 1500 денари , 1 PS3ka со сите џиџимиџи и ке ми останат пари за автобуска повратна карта за кичевчанецот погоре да му купам хамбургер од 7ца .
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    905
    1,349
    6 ноември 2007
    Нејќум ѓубре од 7ца. Moже во Буре една скара ако дајш
     
    На џонидерп, JensenInterceptor, Luxell и уште 5 други им се допаѓа ова.
  13. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,094
    3,072
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Ке останам така само со карта у еден правец кусок .
     
    На Jedah и StOrMK им се допаѓа ова.
  14. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,136
    4,336
    4 ноември 2013
    Машко
    Брат, кај се понуди Пане да те почести па уште и пребираш... :oh::oh::oh:
     
    Daniel86, smole, StOrMK и на уште 1 им се допаѓа ова.
  15. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,233
    2,926
    24 Септември 2012
    Прекрасна идеја!!!

    Најважно е дали ќе ги има најважните игри, и како ќе се проширува понатаму. Конкретно најважна е Текен 3, и Гран Туризмо 2. Па здравје понатака и други.

    Сега може ова преку Ретропиај да се направи за 50$ ама плус треба џоистици и слично. Така да цената ако е стварно 99 долари тогаш ќе е релативно пристојна, зошто тоа е тоа.

    Ама игрите ќе се чини/нечини!
     
  16. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,029
    3,338
    7 ноември 2014
    Машко
    Истово го добиваш со емулација? Дополнително, нели на NES Classic игрите и така беа емулирани? :)

    Генерално се сложувам дека 100 долари и фиксни 20 игри (од 5-те презентирани реално 1 ја знаеме сите, втората помалку), не знам...
     
  17. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    692
    374
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Битно е да има порта од кај ќе може да се пикнат оргинални игри од PS1, а они ако сакаат ич игри нека не дадат.
    И најголем кикс е што нема аналог стик, и не можам да ги сфатам зошто...
    AC адаптерот... :oh::oh::oh::cool:
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Saso PC

    Saso PC
    Gaining Experience

    149
    249
    5 Април 2018
    Машко
    која е поентата да го купиш ова на толку емулатори
     
  19. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    905
    1,349
    6 ноември 2007
    Да тоа ми беше поентата. Оргиналната конзола како таква има приказ од 280p, ретко некои наслови 480i, наменета за приказ на CRT дисплеји со еквивалентен приказ на детали.
    Врзување Playstation хардвер од 1994 на денешни телевизори е ужасно искуство, барем мене ми е. На многумина претпоставувам не им смета. и не секој може да си приушти (просторно/ не парично) CRT телевизор дома. За што? За одредени gaming хирови.

    PS1 Classic готово сигурно ќе функционира преку принцип на емулација. Ќе прави upscale на нативна резолуција, ќе има texture filtering/smoothing. Има HDMI приклучок. Совршена ретро PS1 конзола за денешни дисплеји
     
    На Jovan2389, DonFrozex, StOrMK и уште 3 други им се допаѓа ова.
  20. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,353
    2,955
    4 Септември 2008
    Аналог нема затоа што и оригиналните немаа. Јас што играв на првите верзии после тоа ми беше тешко аналог да користам оти бев научен сите игри да ги терам на „стрелките“.
     
    Costigan_Jr, StOrMK и на mdeni им се допаѓа ова.
  21. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    476
    406
    12 ноември 2013
    И мене не ми се допаѓа аналог што нема. Иначе не ми се верува да се само овие 20 наслови. Или ќе стават повеќе или барем да има некој "Store" каде што ќе може да се купуваат старите наслови за цени да речеме од $1 до $5.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  22. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    692
    374
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Кај што кај нас ќе не можеш како човек да купиш...
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  23. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,029
    3,338
    7 ноември 2014
    Машко
    Оригиналниот нема, но затоа мислам дека од 96-та (или 97-ма) добивме аналози кои беа круцијални за игри како Tomb Raider. Јас би го земал чудово (веројатно) ако ги има Metal Gear Solid, Crash Team Racing и Текен (која веќе ја има). :)
     
  24. Ronnn

    Ronnn
    Intern

    67
    34
    14 Јуни 2018
    Машко
  25. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    946
    378
    17 Јуни 2008
    Малце надвор од темава, има ли решение за PS2 да изгледа бар до некаде нормално на новиве телевизори.

    Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
     
Слични теми
  1. Tayshaun
    Одговори:
    21
    Прегледи:
    3,689
  2. Sm0k3y25
    Одговори:
    14
    Прегледи:
    1,881
  3. viksa86
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    349
  4. Jedah
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    307
  5. c0mrade
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    915
Вчитување...

Сподели

Вчитување...