• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Платно за звучници

  • Ја почнал/а темата
  • #1

efto

Gaining Experience
19 април 2007
319
277
Каде кај нас може да се набави црно платно за звучници? Мене конкретно не ми треба за таа намена туку од него да направам рамка за на ѕид во која ќе се проектира слика од проектор. Платното треба да не одбива светлина (мат а не немат :) )
На ибеј ги најдов овие:
Beige/Grey/Black Speaker Cloth Tape Strip Patch Subwoofer Box Self-Adhesive Felt | eBay
Speaker Cloth Self-Adhesive Felt Subwoofer Box Tape Strip Patch <Black> 1mx0.5m | eBay
DC FIX Velour Black Felt 1m x 45cm Sticky Back Self Adhesive Vinyl Contact Paper 4007386004543 | eBay

Не мора платново да биде самолепливо како горниве, битно ми е да може да се купи локално, во Скопје.
 

gOJDO

Illuminator
23 јануари 2008
10,092
16,430
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Јас ова го имам решено со хулахопки од пазар.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

efto

Gaining Experience
19 април 2007
319
277
@gOJDO Не рефлектирaaт тoa хулaхoпките? Пиши мoдел и брoјче :)
 

gOJDO

Illuminator
23 јануари 2008
10,092
16,430
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Ќе ги затегнеш здраво, подеднакво рефлектираат како платното кое би го турил. Модел чифтијани, број 3XL.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

efto

Gaining Experience
19 април 2007
319
277
@gOJDO Фала за советот. Кај мене сликата се проектира на ѕид офарбан со Tikkurila Feelings Interior Paint H499 matt така што би ми било полесно да залепам ленти од платно. Ако не се снајдам ќе пробам со чифтијаниве твои. Да не имаш некои не многу носени :)
 

Трајче Дрварчето

Practice makes perfect
3 ноември 2012
850
1,809
Area 51
Трајче Дрварчето's setup  
Processor & Cooler
Intel 8088, 4.77MHz
Storage
dual 160KB 5.25-inch disk drives and 10 MB HDD
RAM
16K on-board RAM
Video card
Monochrome Display Adapter
Audio
1-channel PWM
Monitor
IBM 3270
OS
PC-DOS v1.0
Ќе ги затегнеш здраво, подеднакво рефлектираат како платното кое би го турил. Модел чифтијани, број 3XL.
На какво здолниште ги носиш и каква боја штикли? :)
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,093
4,354
SK
@efto ако добро разбирам сакаш од естетски причини да направиш рамка окулу површината каде проектираш, или не разбирам нешто?

Инаку на битпазар, таму на крајот, има цели редови дуќани кои продаваат само платно и штоф. Мислам дека би требало да најдеш нешто.


Tikkurila Feelings Interior Paint H499 matt
Oд каде ја набави бојава друже?
На платно ја нанесуваше, или на ѕид? Како си задоволен од приказот (проекцијата и рефлексијата)?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: efto
  • Ја почнал/а темата
  • #8

efto

Gaining Experience
19 април 2007
319
277
@Lokvan Рамката не се става само од естетки причини, има улога и во подобрувањето на квалитетот на сликата, осветленоста и контрастот бидејќи на окото му пружа референтна точка. Има по интернетов многу пишувано на таа тема.
Бев еднаш на Бит Пазар ама дали немав среќа, сите црни материјали се некако светкави беа.
Инаку, за бојата читав на интернет дека добро се покажала за екран на проектор, па дури потоа за среќа дознав дека Tikkurila имаат претставништво и во Скопје. Тогаш, пред две години, бои имаа по неколку дуќани за бои и лакови, јас мојата ја земав во еден дуќан на Џон Кенеди во зградите, го заборавив името. На интернет препорачуваа со пиштол да се нанесе на ѕид, ама јас го средив тоа со ситен ваљак и површината дојде ептен мазна. Од приказот сум многу задоволен, бојата има сива нијанса па затоа ги зајакнува темните тонови што се мала слабост на проекторите а воопшто не се губи на осветленост.
Сега ја прогуглав на нивниот сајт и ја немаат, треба да се праша да не имаат некој нов продукт со истите својства.
Кој е заинтересиран, може и да се види, бујрум на пијачка и на филм.

ПС: Ја најдов бојата на мк сајтот - H499 | Feelings colour chips. Ги има и продажните места во Македонија.
 
Последна промена:

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,093
4,354
SK
Интересно тоа за референтната точка. Не сум размислувал ни читал за тоа ама знам дека секогаш повеќе ми се допаѓале телевизори и монитори со поголеми рамки. Наспроти сегашниот тренд „без ивици“.

Инаку некаде ја препорачуваат баш таа RGB вредност 201, 204, 202, или отприлика толку сива треба да биде површината? Бојата кога е исушена има текстура, или целосно е мазна? Мислам независно од ѕидот кој претпоставувам ти бил мазен (глетуван). Јас се мислев платно да си направам.

Бев еднаш на Бит Пазар ама дали немав среќа, сите црни материјали се некако светкави беа.
Некој материјал, нешто како „плишано“ да биде... Можеби би бил најмалку рефлективен? Потоа обвиткан окулу дрвени/метални рамки, и поставено на ѕид. Или па зошто да не метални профили исфарбани со црна мат боја. Прво помислив на антрацит боја ама таа баш има светкави честички.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

efto

Gaining Experience
19 април 2007
319
277
Препораката се однесуваше на конкретниот производ - Tikkurila Feelings Interior Paint H499 matt.
Ја имам сочувано статијата во букмаркс, ама линкот не е активен веќе - https://www.tikkurila.com/decorativ...as_for_painting/paint_your_own_projector_wall
Тука има само мал извадок - https://holmanpaints.co.uk/blog/8_create-a-home-cinema-projector-screen.html
Ѕидот има сосема фина текстура, минимална, бидејќи со мал ваљак е нанесувана бојата, ама тотално неприметливо е дури и од мала далечина.
Плиш (velour) ама мат најмногу би одговарало, на тие линковите од ибеј е самолепливо платното и се лепи директно на ѕид. И јас би сакал да е со низок профил, без дополнителни рамки од некаков подебел материјал, ако треба само платното да се залепи.
Евентуално да се пресвлече тенок метален профил и да се изведе некако да се придвижува за филмови со различен aspect ratio (различна големина на црни рамки горе и долу).
 

Dimitar535

Intern
16 јули 2016
46
35
Дома
Dimitar535's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 3600, Deepcool
Motherboard
Gigabyte b450 aorus elite
Storage
Seagate 2TB
PSU
Cooler Master V1000
RAM
16GB
Video card
GTX 970 G1
Case
Genesis Irid 300
Audio
Traktor Audio 10
Monitor
Dell S2719DGF
OS
Win 10
Вакво црно платно за тапацирање на звучни кутии можеш да најдеш во "BT electronic" тоа е карши олимписки базен позади автобуската во куќата, две продавници се едната за електронски делови другата за звучници во било која ќе те услужат истиот газда е.
 

Dimitar535

Intern
16 јули 2016
46
35
Дома
Dimitar535's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 3600, Deepcool
Motherboard
Gigabyte b450 aorus elite
Storage
Seagate 2TB
PSU
Cooler Master V1000
RAM
16GB
Video card
GTX 970 G1
Case
Genesis Irid 300
Audio
Traktor Audio 10
Monitor
Dell S2719DGF
OS
Win 10
Фискална даваат само на униформирани лица со значка полиција ;)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

efto

Gaining Experience
19 април 2007
319
277
Вакво црно платно за тапацирање на звучни кутии можеш да најдеш во "BT electronic" тоа е карши олимписки базен позади автобуската во куќата, две продавници се едната за електронски делови другата за звучници во било која ќе те услужат истиот газда е.
Фала ти, ќе проверам кога ќе одам натака.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

efto

Gaining Experience
19 април 2007
319
277
Бев денес во "BT Electronics", материјалот е подебел, не е како обично платно, цената е 200 ден од м2, ама низ него има многу светкави нишки и не одговара на намената, ја рефлектира светлината. Потрагата по соодветен материјал продолжува, ако не најдам остануваат 3XL чифтијаните :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,530
Мислења
846,090
Членови
29,329
Најнов член
josifov
На врв Дно