D
Администратор
Платен Интернет, врска нема!
Илија Вучков, Берово
Според Законот за друштвата за информациски системи, член 4, во права и обврски на давател на услуги се вели дека давателот на услугата се обврзува да обезбеди пристап за корисникот до мрежата на Интернет во рок од 15 работни дена, по извршената уплата и по реализирањето на сите потребни технички услови на страната на корисникот (конфигурирана опрема и обезбеден пристап до местото на инсталација. Јас имам договор бр.87-02/07-ДК- склучен на 9.2.2007, за користење на WADSL за период од 24 месеци.
Договорена е цена за договорот - 1.090 денари месечно ( без ДДВ), помеѓу ДИС Он-нет ДОО – Скопје, потписник од страна на давателот на услугата Анета Петровиќ и мене. Надомест за услугата ми е побаран со фактура од Сузана Јовановска (фактура бр.18703/07) и имам уплатено на 20.2.2007 преку Тутунска банка АД- Скопје.
Според овој договор, би требало досега да имам веќе користено Интернет цели пет месеци, но за жал, до ден денес, го немам се' уште ниту инсталирано. Пробав многу пати да добијам одговор по телефон, но пак оние што ги добивам само запишуваат податоци и ништо не се презема. Пробав и преку и-мејл, но немам одговор.
Пред еден и пол месец лично отидов таму, во просториите на Он-нет, со пријател од Словенија, со кого имавме договорено деловна соработка и кој по сите одговори се чудеше на македонските навики и неодговорност. Се прашуваше како може нешто да се плати однапред, а ништо со месеци да не се презема?
Превземено од Утрински Весник.