1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Пишување на „и“ и „е“ со надредени знаци во windows (не само во Word)

Дискусија во форумот 'Microsoft Windows' започната од Rikimaru, 24 Март 2018.

  1. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    269
    156
    26 Март 2016
    Машко
    Здраво,

    Не знаев на кое друго место да го отворам овој пост и затоа пишувам тука. Барам ефективно решение за брзо пишување на кириличните „и“ и „е“ со надредени знаци во околина како web browser, додека чатувам на fb итн. Отворање на charactermap сакам да избегнам бидејќи време одзема и ми се сечи текот на пишувањето. Исто така, немам numpad бидејќи користам TKL тастатура. Дали некој има идеја како да ги пишувам овие две букви со некоја кратенка? Во ворд знам како... ќе им го напишам Unicode-от, ама на messenger chat тоа не функционира. Позз.
     
    Последна промена: 24 Март 2018
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  2. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    418
    314
    26 Јуни 2012
    Машко
    Со ALT кодови не бива?
     
  3. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    269
    156
    26 Март 2016
    Машко
    Немам numpad... а мора numpad за тие кодови да ги внесиш.
     
  4. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    269
    156
    26 Март 2016
    Машко
    Нема место за сарказам кога е во прашање јазикот.
     
    Justice for All, Astro и на smole им се допаѓа ова.
  5. boro1

    boro1
    Practice makes perfect

    1,627
    1,271
    13 Август 2009
    Машко
    ALT+Shift за да се појави доле кај саатот МКД.

    upload_2018-3-24_17-13-9.png
     
    На JensenInterceptor, PC_GAMER, shifty и уште 4 други им се допаѓа ова.
  6. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    418
    314
    26 Јуни 2012
    Машко
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    269
    156
    26 Март 2016
    Машко
    Половично решение... и со надреден знак ја пишувам Ѝѝ бидејќи имам такво копче... Меѓутоа, шифтот ми е долг и немам такво копче за Е.

    ќе се обидам со скриптава. фала ти.
     
  8. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,282
    2,557
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Притисни Ctrl + ', пушти, па после Е или И.

    Sent from my SM-G935F using Tapatalk
     
    На Boce! и flashgordon007 им се допаѓа ова.
  9. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    959
    584
    8 Август 2017
    Машко
    Se salev malku, mislev deka si od edna patriotska politicka grupa i si inspiriran od poslednive slucuvanja so jazicite vo drzavava.
     
  10. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,672
    1,720
    8 Мај 2007
    Машко
    Доколку е патриот и си го сака јазикот и писмото, што е проблем со тоа?

     
    На Филип Тошевски ツ, Lokvan, The-spiki и уште 5 други им се допаѓа ова.
  11. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,773
    1,988
    19 Јули 2013
  12. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    289
    122
    20 Април 2008
    Машко
    ...
    (ко сме веќе тука) кај може да се видат ALT кодовите за WIN10 МК поддршка ???
     
  13. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,773
    1,988
    19 Јули 2013
    Во Character Map.
     
    На Глупав му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    269
    156
    26 Март 2016
    Машко
    Не се наведени алт кодови за македонските кирилични ѐ и ѝ. Не знам зошто.
     
  15. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,738
    2,556
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    И јас имам тој проблем со долг шифт на PC-то, на лаптопот без проблем ставам надреден знак на е ама овде тоа копче не постои. Кога има потреба го решавам со пишување на е со додаден апостроф отпосле - e'.

    Реално надреден знак над "е" се става само во 2 случаи - кај заменската форма нѐ и кај прилогот сѐ. Ако земеш во обзир дека наместо сѐ можеш да напишеш све и да нема недоразбирање, останува само заменската форма. Значи во тој редок случај пишуваш не' и не се замараш :).
     
  16. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,336
    3,727
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
  17. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    269
    156
    26 Март 2016
    Машко
    HAHAHAHAHAHAH... зошто да се мачам да најдам решение да напишам ѐ со надреден знак за да биде 100 проценти според правилата на јазикот, а потоа да пишувам сВе што е повеќе грешно од е без надреден знак во случај да не успеам. Без разлика, ќе направам некоја скрипта за ѐ и тоа е тоа.
     
  18. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,738
    2,556
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    ??? o_O
    Не гледам која е причината за ваква пренасилена реакција!? Јас само кажав дека буквата "е" со надреден знак се користи многу ретко. Не мораш да се мачиш ти кажав можеш да напишеш " се' ", со апостроф.
    "Све" не е грешно туку е на дијалект. Ако ти сакаш на онлајн чет да пишуваш 100 проценти литературно според правилата тогаш океј, инсталирај скрипти и барај решенија за да можеш 2 пати во годината да напишеш правилно нѐ или сѐ.

    ЕДИТ: наставничката по македонски ли ти го корегираше постот отпосле? :D
     
    Последна промена: 27 Март 2018
  19. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,773
    1,988
    19 Јули 2013
    Не се наведени за многу знаци, не само за тие.
    Alt+1104 - ѐ
    Alt+1117 - ѝ
    Ама мислам дека зависи од фонт или од локале или јуникод поддршка или од нешто трето. Не излегуваат секаде. Затоа и не ги пишува кодовите. Овде излегуваат како P и ].
    Исто ова è и ова ѐ се различни карактери. Првото е латинично, второто е кирилично.

    Го виде решението на уким?
     
  20. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    269
    156
    26 Март 2016
    Машко
    Не користам различен јазичен стил во различни ситуации. Стандардниот јазик одговара секаде, на форумов, кога порачувам бурек или кога пишувам есеј по македонски. Знам во кои случаи се користат буквите со надредени знаци и поради тоа побарав помош за пишување на буквите во windows. За линукс имам решение. „ѐ“ доволно често мора да ја користам за да побарам решение. Дијалект избегнувам да користам.
     
    На moongose му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    269
    156
    26 Март 2016
    Машко
    Видов ама следново:

    „приложено е и софтверско решение со кое може да се испрограмира тастатурата на персонален сметач кога работи под Windows (2000, XP, Vista и 7) оперативниот систем при притискање на копчето '`' во македонска поддршка следено од соодветната самогласка 'е' односно 'и' (голема или мала буква), да се добие знакот 'ѐ' или 'ѝ' (голема или мала буква соодветно).“

    не можев да го направам да функционира во Windows. Само во Линукс функционира.
     
  22. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,773
    1,988
    19 Јули 2013
    Епа тогаш три реда во Autohotkey и решен проблем.
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    269
    156
    26 Март 2016
    Машко
    Изгледа така ќе се реши проблемот.
     
  24. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,227
    2 Август 2012
    Машко
    Microsoft Keyboard Layout Creator
     
  25. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    269
    156
    26 Март 2016
    Машко
    AutoHotKey колку добра програма човече. Иако не сум програмер (иако сакам да бидам), кодот е прелесен. Во 5 минути направив shortcut alt + ctrl + e за да ми вади ѐ. Чиста работа.
     
    На moongose му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...