1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Пиратска Партија во Македонија

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од HijackHacker, 21 Април 2010.

  1. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    Пред некој ден читав за успешно формираната Бугарска Пиратска Партија, една од повеќето европски пиратски партии. Ја имав и можноста да зборам со еден од нејзините членови и самата идеа многу ми се допадна.
    Како што видов, веле од слободен софтвер имаат постирано на ова како идеа овде:
    http://wiki.lugola.net/Пиратска_партија

    Ме интересираат вашите мислења околу темава. Дали вреди да се формира пиратска партија, кои цели вие би ги поставиле на нејзиниот политички план, итн.

    НАПОМЕНА: стрикта дискусја околку пиратксата партија, не навлегувајте во политички нестабилни води. сите постови од тој карактер веднаш ќе се санкционираат.
     
  2. MusicFreak

    MusicFreak
    Gaining Experience

    915
    68
    18 Јуни 2009
    Ај малце поќе објасни, шо како ова со партијата.
     
  3. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,519
    1,174
    8 Декември 2009
    Да,и мене не ми е јасно. Читав нешо, ама не ми иде бугарски.
     
  4. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    Горе доле пиратските партии се борат против контроверзни закони поставени од страна на компаниите за зашитита на авторски права како што е францускиот „3 strike law„. Тие се залагаат за оддржување на „отвореноста„ на интернетот и негово оддржување како човечко право.
    Не сум многу упатен, па ако некој знае нешто повеќе нека повели :)
     
  5. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,603
    3,536
    11 Декември 2008
    Машко
    Јас не сум за да се формираат сеуште, добро ќе биде за некоја година кога ќе почнат од телеком да ни забрануваат да се симнуваат пиратски филмови, софтвер итн, тогаш ќе треба некој што ќе се бори таму во парламент за да живее колку-толку пиратеријата.
     
  6. Xenor

    Xenor
    Intern

    812
    41
    12 Март 2009
    Јас сум за вакви партии , а можеби ќе се сменам ако земам некад 1000е плата(можеби за 100-200 години).
     
  7. MusicFreak

    MusicFreak
    Gaining Experience

    915
    68
    18 Јуни 2009
    Count me in, interesting stuff.

    off:

    Од каде ти HH подржувач на пиратеријата?
     
  8. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    Јас пак мислам добро е да се формира вакво нешто пред тоа да се случи, за веќе да биде подигната иницијатива. Кога ќе влеземе во ЕУ, страв ми е дека може да почнат такви работи да се случуваат, затоа better safe then sorry :)
     
  9. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,828
    26,022
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Имате мој благослов за ова....

    Амин!
     
  10. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,717
    218
    27 oктомври 2007
    Машко
    Интересна идеја сепак. Кај нас и така сеуште нема ништо против пиратеријата, вакви партии се формираат кога се носат закони со кој се санкционира пиратеријата на интернет. Но пази работа ако се сеќавате на Hadopi 2 законот на французите кој забрануваше пиратерија, испадна на крај дека фонтот од логото им е украден од (мислам) францускиот или шпанскиот телеком, телекомот не ги тужеше ама креаторот на фонтот мислам дека си поднесе фини тужби против Hadopi.
     
  11. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    btw, не е ова повик да правиме партија, туку само иде барам.
    а никој не рече дека не сум поддржувал пиратерија, кога немам можност да купам нешто оригинално, ќе се иде со пиратерија :)
    а и пиратската партија не значи дека поддржува пиратерија, секако не во буквална смисла, туку се бори против законите за пиратерија бидејчи сите до еден се контроверзни, со губење на приватснот, надзор и лични податоци
     
  12. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,603
    3,536
    11 Декември 2008
    Машко
    абе ја не сум за да се формира сега таква партија, бидејќи во државава темава уште не станала актуелна, а ако се формира партијата одма ќе почне да се збори по медиумите и за некој месец ненормалниве од владата одма ќе донесат некој закон со кој ќе почнат да го контролираат интернетот и ќе биде многу лошо за нас...

    затоа додека државата ќути да си ќутиме и ние :)
     
  13. Дракула

    Дракула
    Intern

    93
    6
    16 Април 2010
    Дефинитивно ЗА, дека ако му текни ко што има закони за пушењето да стават и за пиратеријата, ќе го земам кабелот од интернетот и ќе се обесам...

    Кога просечната плата ќе ни дојди 1000е тогаш нека клават вакви закони.

    А и на избори ако добро се изрекламира, можно е да победи.
     
  14. Elektrikz

    Elektrikz
    Intern

    473
    12
    21 Септември 2008
    Машко
    WebDev
    дефинитивно си во право...

    идеата е добра,али ние немаме за што да се бориме,немаме некој закон за пиратеријата на интернет тука...така да најдобро е да ќутиме додека не воведат нешто такво,отколку да им даваме идеа и мотив да го направат тоа ;)
     
  15. delix

    delix
    Intern

    702
    23
    7 Април 2007
    Машко
    и јас би сакал да има партија која ќе се занимава со приватноста и контраверзноста на законите, но под друго име, затоа што пиратерија си е пиратерија, колку и да сакаме да ја оправдаме знаеме дека е нелегална. знам дека немаме друг избор, дека оригналната содржина е премногу скапа и сите други причини, но би требало пираткската партија како таква да се бори да го олесни и пристапот кон заштитените содржини се со цел пиратеријата да не ни биде потребна. а под пиратерија не би требало да биде сфатен само софтверот, музиката и филмовите, има многу аспекти каде пиратерија постои.
     
  16. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    Не го сваќајте тоа име „пиратска„ буквално. Значи пиратеријата е илегална, и неможе туку така јавно да ја промовираме. Ако сакате ќе направам интервју со членот на бугарската партија за да ви разјасни за што се работи?
     
  17. Дракула

    Дракула
    Intern

    93
    6
    16 Април 2010
    Нека е нелегална пиратеријата, ама целта на „партијата“ ќе е да не се казнуваат приватните лица кои користат пиратски софтвер.
     
  18. feit

    feit
    Intern

    684
    43
    12 Февруари 2009
    Тоа се глупости, барем за кај нас во Македонија. Можете само да си пишувате постови но тоа никогаш нема да се случи.
     
  19. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    @feit Образложи плс
     
  20. bogo

    bogo
    Intern

    1
    0
    22 Април 2010
  21. miStErioz

    miStErioz
    Intern

    93
    4
    18 Април 2007
    Браво бе друже, немој да си толку конструктивен.
    Зошто тоа толку типично размислување? Како што се менува времето така се менуваат
    луѓето/работите/светот, тоа факт и неможе да се избегне.
    Не може засекогаш да остане вака како што е сега.
    Може да остане ако вака како тебе размислуваат сите (за наша среќа не е така).

    Ако Македонија сака да стане членка на ЕУ, кога тогаш ќе мора и на ова прашање да се разговара. Целата финта е тоа што сега и не сме под некоја закана.
    Помеѓу другото Пиратските партии (а не Пиратерските партии) работат на многу работи а не „пиратерија“. Промена на законите за Авторски права, Интелектуална сопственост - промовирање на слободни стандарди, слободен софтвер, заштита на лични податоци на корисниците на интернет итн итн. Сите овие работи придонесуваат за да НИЕ корисниците бидеме заштитени од вистинските „Пирати“. Ова е тема на која сите мора да размислуваме, а богами и ти другарче feit.
    За оваа тема треба сериозно да се размислува и тука нема ништо смешно ниту пак ова се глупости туку вистинска реалност, и доколку не се спротиставеме во иднина можеме сите само да страдаме.

    Пис аут.
     
  22. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,484
    1,802
    5 oктомври 2007
    Машко
    Се расчитав, и искрено да кажам интересна идеја. Ме бендисува и онака да речеме идеолошки. Само еден дел е кон борбата кон анти-пиратеријата, уствари целата идеја у целосно овозможување на слободата на говор, сопственост, мисла, итн...

    Баш се размислував и дури мислам дека и би се активирал во вакво нешто. Само нема шанси со оргиналниот манифест да се регистрира у македонија, пошто се коси со некои наши закони. Али за пред држава ќе се тргнат спорните делови, па после политички можеме да се бориме да се озаконат :D

    Подршка во секој случај.
     
  23. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    бтњ, Бого е претставник од Бугарската Пиратска Партија кој беше неодамна одбар на биде на меѓународниот борд на Пиратската Партија.
    Доколку имате некои прашања, мислам дека со задоволство ќе ви ги одговори :)
     
  24. miStErioz

    miStErioz
    Intern

    93
    4
    18 Април 2007
  25. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    @miStErioz
    Токму поради тоа мислам дека е добра оваа идеа.
    Тоа ти се вика претеризам на трета. Ќе ми сленирале MP3 плеер на граница?? Абе ајде...
    Мадона ќе порпадне ако и ги симнам песните од нет, или само ќе стане по-популарна и ќе и дојдат повеќе на концерт?
    Аватар е најсимнуван филм на интернет, и сепак го победи Титаник во заработка, иако го пиратираа којзнае колку.

    Нема везе пиратерија, кое прекршување на приватност ќе го има ако ова се оствари и кај нас...затоа мора иницијатива да се превземе на време.
     

Сподели

Вчитување...