1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

pink vo makedonija

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од mkdboy, 5 oктомври 2010.

  1. M@RKO

    M@RKO
    Intern

    585
    25
    3 Јуни 2009
    “Пинк 15“ од петок стартува со работа


    “Пинк 15“ или поранешна К-15 телевизија, која пред само неколку дена ја купи “Пинк медиа група“ на српскиот медиски магнат Жељко Митровиќ, од петок ќе почне со новиот концепт на програма.

    “Во суштина ќе биде забавна програма, но тоа не значи дека нема да ги имаме ис останатите столбови како информативна и документарна. Но, во суштина главниот стриминг ќе биде кон пред се’ забавна програма. Не мислам тука дека ќе имаме само реални шоуа, тоа е сезонска работа, она со што можам да ве израдувам е дека потпишавме договор со 20 Сентчури Фокс и некои големи компании“, вели сопственикот на “Пинк медиа груп“.
    Митровиќ најави дека во првите два месеци од стартот на Пинк 15 ќе бидат емитувани програми кои веќе се изработени од продукцијата на “Пинк медиа груп“ а потоа ќе се почне и со продукција само за “Пинк 15“ на македонски јазик.

    “Пинк 15 ќе биде телевизија во која е предвидена инвестиција од пет до осум милиони евра во првите 18 месеци. Тоа ќе биде македонска телевизија, на македонски јазик која ќе се грижи за сите нациолни, културни особини на македонските граѓани“, истакнува Митровиќ.
    На Пинк 15 можеме да очекуваме да ги гледаме познати Гранд шоу, Фарма и некои други популарни програми.

    Митровиќ велејќи дека се работи за деловна тајна не откри за колкава сума ја купи телевизијата К-15, ниту пак сакаше да зборува зошто во последен момент се откажаа од купување на Алфа Тв. Вели дека во Македонија исто времено преговарале со четири телевизии, но накрајот се одлучиле за К-15.

    Автор на веста: Нетпрес
    Објавена на 16.11.2010 3:04:53 PM
     
  2. Gateway

    Gateway
    Intern

    103
    2
    21 Март 2009
    денеска гледав фарма на Pink15 друго ништо нема освен нивна реклама ..доста се рекламираат самите нека пуштат да се гледа нешто добро а не само реклама за колку време работеле бла бла бла досадноооооооо
     
  3. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,614
    3,528
    11 Декември 2008
    Машко
    од петок официјално ќе стартаат ќе видиме што ќе има
     
  4. Gateway

    Gateway
    Intern

    103
    2
    21 Март 2009
    PINK15 немаат телетекст за да видам што програма имаат ...или пак нема пуштено кабловскиот оператор преку кој гледам Pink15 (Кабелнет од Прилеп) ?
     
  5. goce ilievi

    goce ilievi
    Intern

    633
    43
    2 Март 2010
    Па изгледа нема се уште програма.Како што кажа еден член погоре,рекламиве ќе бидат до петок т.е утре.Инаку јас имам една друга забелешка.Се надевам дека понатаму ќе се среди,а тоа е лошата слика.Значи сликава делува како да е некоја снимка снимана на видео па потоа,со еден збор изгледа многу старо т.е нема ефект на пример како балканика.Ова го зборам за каблетел.
     
  6. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,614
    3,528
    11 Декември 2008
    Машко
    Во право си за сликата, и на МаксТВ е исто мутна, а тоа е изгледа резултат на слабата опрема во К-15.
     
  7. M@RKO

    M@RKO
    Intern

    585
    25
    3 Јуни 2009
    еве ја филмската програмска шема за недела
    20 ноември 2010
    13:00 Ми нисмо анџели 3-српски игран филм
    16:00 Нешто во врска со Мери-игран филм
    18:00 Брзина-игран филм
    24:00 Транспортер-игран филм
    01:00 Верижна реакција-игран филм

    ќе има и Гранд и Фарма а термините се истите како што се на Пинк во Србија

    ептен е мутна сликава К15 имаа најслаба опрема дури и ако некој гледал некогаш к15 на почетоците ќе види дека студијото каде имаа емисии не беше како што треба опремено и затоа све им пропадна а и едно време се збореше дека им изгорела пола опрема :D е сега Пинк 15 ќе треба да набават подобра опрема ,затоа два месеца ќе оди пргорама 80% иста како на Пинк во србија
     
  8. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,566
    1,897
    5 oктомври 2007
    Машко
    Абе дечки. Ја има ли Пинк15 (к-15) на обична аналогна ТВ, преку антена ??? Ако да на кој канал ?
     
  9. M@RKO

    M@RKO
    Intern

    585
    25
    3 Јуни 2009
    неможеш да ја најдеш на обична антена, ако имаш Макс тв или Бум тв или пак Кабловска ќе ја имаш сигурно:D
     
  10. Gateway

    Gateway
    Intern

    103
    2
    21 Март 2009
    Нема сеуште телетекст гледаме ТВ без да знаеме што програма има....дали има телетектс каналот или до кабловскиве оператори е проблемот што не можи да се пушти? :rolleyes:
    Барем нека пиши некој каде можи да се види програмата за денот...знае некој ? :)
     
  11. M@RKO

    M@RKO
    Intern

    585
    25
    3 Јуни 2009
    и ја барав да најдам каде има програма ама никаде нема изгледа ја праат веб страната Пинк словенија има веб страна се надевам и македонскиов пинк ќе има веб страна
     
  12. Goran-sk

    Goran-sk
    Intern

    33
    0
    23 Јули 2010
    како переа мозок? преку скечови и песни? јас знам дека мозок се пере преку тенденциозните вести и тенденциозните емисии..... ај да речеше А1 или сител ама К-15:))
     
Слични теми
  1. Legion
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    3,171
  2. ''TcM>>
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,335
  3. Audiofil
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    956
  4. Audiofil
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    1,418
  5. salt
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    2,125
Вчитување...

Сподели

Вчитување...