• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

PIC.MKD.NET

  • Ја почнал/а темата
  • #1

ivvan

Баниран/a
11 ноември 2007
52
2
www.pic.mkd.net

Не прв, не втор (а можеби и не трет бесплатен фото хостинг во Македонија) но секако најдобар!
Нај опширен! И со огромен капацитет за хостирање на вашите слики во bmp, jpg, pgn формат! Сеуште нов, дел од концептот за MKD.NET доменот кој ке содржи хостинг, поддомени и...
И пред се MKD.NET си е MKD.NET!
Сајтов и споредните линкови се во изработка... дел по дел :p

www.pic.mkd.net


Пример:LOL:


 

D

Администратор
31 март 2007
3,271
1,909
www.iwmnetwork.com
Добра слика... за сервисот добар маркетинг трик во секој случај за компанијата која би нудела хостинг.

Неколку совети:
- Никогаш не промовирај полу-готов производ
- Никогаш не објавувај на форуми "Линкајте до сајтот со постирање на овој код и сл." се смета за СПАМ (додека некои форуми го толерираат, IT.com.mk не го толерира тоа)
- Зошто сите се концентрираат на copy-paste методи, јас лично ке продолжам да го користам imageshack.us, а сите вие кои размислувате маркетинг - размислете дали овој сајт е навистина потребен во Македонија? Како што рече, не прв, не втор, можда ни трет ваков сајт... сите претходни не доживеа просперитет... мал маркетинг совет: најдобро профитира оној кој ке ги задоволи вистинските потреби и желби на потрошувачите... ;-)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

ivvan

Баниран/a
11 ноември 2007
52
2
www.pic.mkd.net
Пак и нема некаков маркетинг трик ако не нудиш платена услуга... Пред се проектов е бесплатен... А целиот концепт е околу MKD.NET... A околу она што е колку потребно... Да можеби некои ке преферираат да се дават во реклами од imageshack.us но пак и секој проект си има различна тежина и вредност... Но пред се PIC.MKD.NET ке биде дел од повеке бесплатни проекти кои ќе нудат најразлични бесплатни услуги кои повеќе или помалку се надевам ќе најдат пристап кај нашиве :p

Ups sorry za linkanjeto, se vrakam na TOS vednas... da prepovtoram materijalot... ne mislev nisto loso i ne mi bese cel da zloupotrebam...
 

DynamicMK

Gaining Experience
11 април 2007
1,635
181
Нај опширен! И со огромен капацитет за хостирање на вашите слики во bmp, jpg, pgn формат!
.bmp не се дозволени...
Edit:
Кога се обидувам да прикачам .јпг слика поголема од 1,5МБ добивам error msg „А да прикачеше некој фајл!“ додека .пнг во истата ситуација јавува ерор Сликава е преголема! Пробај paint>resize:) и обиди се повторно.“
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
.bmp не се дозволени...
Edit:
Кога се обидувам да прикачам .јпг слика поголема од 1,5МБ добивам error msg „А да прикачеше некој фајл!“ додека .пнг во истата ситуација јавува ерор Сликава е преголема! Пробај paint>resize:) и обиди се повторно.“
Ouch :chudenje:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

ivvan

Баниран/a
11 ноември 2007
52
2
www.pic.mkd.net
Quotes...

D напиша:
Ништо не е бесплатно. TANSTAAFL ;-)
Донекаде си во право, но пак за се има различно толкување! Тврдам бесплатна затоа што корисникот никогаш нема да е приморан да плаќа. Банерите и рекламите се начин на опстанок и покривање на трошоците за хостинг и слично... Некои профитираат од тоа, некои егзистираат, некои едноставно пропаѓаат.
Нај опширен! И со огромен капацитет за хостирање на вашите слики во bmp, jpg, pgn формат!
Може да кажам дека не хостирам кај mkhost.org, "огромен капацитет" 300гб, со 3000гб трафик (неактивни слики ќе се отрстануваат по извесно време). Хостирано на еден од најдобрите хостови во светот! Лоша страна, далеку од МК, добра страна uptime 99.9% и хостинг пакет кој никој не предлага во МКД и одлична светска поврзаност (upload, download)
(добра идеја, 2мб за слика или повеќе?)

.bmp не се дозволени...
Edit:
Кога се обидувам да прикачам .јпг слика поголема од 1,5МБ добивам error msg „А да прикачеше некој фајл!“ додека .пнг во истата ситуација јавува ерор Сликава е преголема! Пробај paint>resize:) и обиди се повторно.“
БМП не се дозволен од едноставна причина што не е формат кој би требало да се користи во интернетот поради пред се непотребната големина. А pic.mkd.net е интернет услуга.
DynamicMK благодарам за креативната забелешка. Знам за тоа, едноставно немав време да го додадам тој код но ќе го! Пак и не е некоја грешка, страната е 100% функционална...само различен error page. Пак и чест ми е што некој всушност проверил, тестирал пред да каже некаков коментар.
 

DynamicMK

Gaining Experience
11 април 2007
1,635
181
Не мириса, се гледа дека хостот е на hostmonster т.е. bluehost... реселери се изледа...
За страни од овој тип многу е важно да се хостираат на VPS или Dedi оти не ретко се случува да бидат суспендирани поради преголема потрошувачка на bandwidth и успорување на целиот сервер...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

ivvan

Баниран/a
11 ноември 2007
52
2
www.pic.mkd.net
Не мириса, се гледа дека хостот е на hostmonster т.е. bluehost... реселери се изледа...
За страни од овој тип многу е важно да се хостираат на VPS или Dedi оти не ретко се случува да бидат суспендирани поради преголема потрошувачка на bandwidth и успорување на целиот сервер...
Суспендирани поради преголема потрошувачка на bandwidth? Тоа знам се има случено на серверите на донев и некои други мкд сервери. Hostmonster, Bluehost, Lunarpages нудат по некаде 300гб реален трафик. Односно нема фарса со трафикот како што може да ти се случи со помалите хостинг компании кои наваѓаат изговор во bandwidth, преголеми MySql бази и слично...
Monthly Bandwidth Transfer - Cpanel
3072000.00 MB

Успорување на сервер? Пак да тоа може но се зависи од компонентите кои се инсталираат на хостингот... Скрипти, PHP, MySql... но конкретно со image upload server, Joomla, форуми и слично... нема шанси! (ок ако се додаваат компоненти и глупости)
VPS во никој случај не може да биде подобро за хостирање на форум... Трафикот и просторот што го нудат горенаведениве се премногу добри во споредба со VPS од 20-50гб и трафик 100гб и цена 5 пати поскапа!
Dedicated да да секако... единствен недостаток...ЦЕНА!
Но скрипти за кои не ти треба root пристап, комплетно DNS управување и слично... не си заслужуваат VPS и Dedicated.

Страни од овој тип се одликуваат со екстремно мало искористување на процесорот, а трафикот зависи од хостинг пакетот...(да да доста оди на трафик, ама пак и ретко кој VPS или Dedicated има unmetered bandwidth или 300гб...)

Е сега за MKD.NET поддомени ми треба VPS...
За бесплатен хостинг со поддомени Dedicated...
 

DynamicMK

Gaining Experience
11 април 2007
1,635
181
Форум е во ред но free file hosting site nope..
Пример, слика од 1МБ во исто време ја влечат 1000 страни, вакво нешто не дозволуваат на shared hosting... верувај ми...
Отсекогаш било проблем наоѓање хостинг компанија акој во својот Т&С јасно ти дава до знаење дека нивните сервери се отворени за хостирање на file hosting страни, проксија и сл... Но овие се од оние компании кои со сигурност знаеш дека ги препродаваат своите сервери и можат да послужат само во стартот на проектот...

Edit:
Го имав овој проблем со picuper.com така да зборам од лично искуство
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

ivvan

Баниран/a
11 ноември 2007
52
2
www.pic.mkd.net
Ок ако нудиш 300гб простор и 3000гб трафик.. За какви веб страни ти е хостингот?За форум? Ако ти немаш платформа за 543534534 корисници или како што ти кажа во исто време ја влечат 1000 страни... Тогаш таа компанија е осудена на пропаст (клиентелата на hostmonster не се форум администратори)... Јас разбирам што сакаш да кажеш но пред се тоа не е хостинг пакет од мкхост и донев и... Конкретно HostMonster. Има разлика од shared hosting до shared hosting! И VPS најчесто и нема перформанси на ваков хостинг пакет (премногу корисници на една машина и што останува за тебе?100MH за 123123?). Да Dedicated е најдобра варианта но постојат и shared hosting пакети кои можат многу!
 

DynamicMK

Gaining Experience
11 април 2007
1,635
181
Ова прашање и јас им го поставив на луѓето од хостингот кој го користев и експресно ми беше избришан акаунтот на што му претходеа десеттина мејлови со молба да се префрлам на деди...

http://www.vistainter.com/reviews/H/hostmonster.com/
не се ни хостмонстер нешто посјајни од другите, ова се најефтините хостинг компании на интернет, оние кои можеме ние да си ги препуштиме... ако ти треба за блог, портал и сл супер се но за сајтови кои трошат големи количества на ресурси и имаат огромен прој на дневни посети пак ќе речам не...
Доколку не те предомислат за dedicated server ќе најдат начин да те одсранат, не пијат нафта и они, за $6 никој несака да ризикува...

Ти пратија ли еден мејл со покана за мигрирање на деди, собери си фајловите и замини си што поскоро...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #18

ivvan

Баниран/a
11 ноември 2007
52
2
www.pic.mkd.net
Чекај да ве освежам малку:



Да бе секако dedicated... Знам тоа веќе е испланирано... Не толку за pic.mkd.net туку за MKD.NET поддомени и хостинг... мора root access... Но сепак би напоменал дека hostmonster доста го користат за сервиси како YouTube односно видео хостинг (е ова ти е heavy load, трафик + CPU)... Во Македонија сеуште нема смисол за видео сервис поради пребрзата интернет врска и неограничениот сообраќај!?
Hostmonster 6$, dedicated 150-240$ уфф на джебот!
 

NoLander

Intern
11 ноември 2007
216
15
idejata e super no zosto da koristime makedonski raboti koga moze nesto internacionalno 99% od makedonskite kompanji rabotat out sourcing koga ke rabotime za nas
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Чекај да ве освежам малку:



Да бе секако dedicated... Знам тоа веќе е испланирано... Не толку за pic.mkd.net туку за MKD.NET поддомени и хостинг... мора root access... Но сепак би напоменал дека hostmonster доста го користат за сервиси како YouTube односно видео хостинг (е ова ти е heavy load, трафик + CPU)... Во Македонија сеуште нема смисол за видео сервис поради пребрзата интернет врска и неограничениот сообраќај!?
Hostmonster 6$, dedicated 150-240$ уфф на джебот!
Каде е ова закачено. Здравје тато да го пуштам после Нова Година, ги исполнува условите.
 

sumi

On your way to fame
8 април 2007
1,127
754
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4710HQ
Storage
SAMSUNG 840 500GB SSD Evo
RAM
2x8GB DDR3 1600MHz
Video card
nVidia GTX860 4GB GDDR5
Case
Notebook Lenovo Y50-70
Mouse
Logitech M705
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 7 Home Premium 64bit
Еве да се вмешам и јас.
Странските провајдери како Hostmonster, Bluehost, Lunarpages нудат голем трафик и голем прстор за малце пари! А видете им ги реселл пакетите :) 1/100 од обичните пакети! и тоа 10 пати поскапо!
Ај да ве прашам која економија е овааа?? Ова ги крши сите економски граници! Така да мора нешто да смрди тука.
Тоа што го прават Hostmonster, Bluehost, Lunarpages не е баш ново ама на многумина не им е јасно што се случува. Overseling се вика финтата. однсоно продаваат повеќе од колку што имаат.
Еве пример:
Имаат реално 160гб простор и 3000гб трансвер на еден сервер. а они продаваат на ЕДЕН акаунт 300гб простор и 3000 гб трансвер! А на еден сервер има стотици акаунти! Е сега во конторлниот панел имаат можност да продадат повеќе одколку што реално имаат. Причината е следнава:
Ако купеш еден таков акаунт нема веднаш да ги потрошеш 300гб простор и трансверот! Обична веб страница како пример www.glatkovdizajn.com.mk користи 20мб простор и некаде 200-500 мб месечен трансвер. Некоја ќе потроши 100-200-300мб со 2-3-4-5-6-7Гб трансвер, а некоја и нешто повеќе. ама шансите за да го достине максимумот се мали. значи остатокот не го користи!
Hostmonster, Bluehost, Lunarpages и останатите се коцкаат дека ти нема да го искористиш ветеното до крај! А за да се заштитат поставуваат услови за искористување и преоптеретување на серверот. Пример ти поставуваат услови дека не смееш повеќе од 2-3% да го оптеретиш серверот! а за да ги потошеш тие 3000 ГБ трансвер и тоа како ти треба повеќе.

Имам видено и сајтови кои нудат Unlimited простор и трансвер за смешни цени :) ( некаде 1000 денари годишно ) ама како што кажав ти поставуваат услови со кои не можеш да искористиш многу.

Едноставни никогаш нема да го добиеш тоа што го нудат.

Абе youtube плака милиони годишно само за трансвер И ТОА ЕДНА СТРАНА НА СТОТИЦИ СЕРВЕРИ! Не се улави ако може такво нешто ќе им платат некоја смешна сума за нив 100.000 - 200.000 годишно на Hostmonster, Bluehost, Lunarpages или они кој нудат неограничен простор и трансвер. наместо да даваат милиони.

А да не збориме за Google кој има свои дата центи ( еден дата центар има повеќе од 10.000 сервери! ) АМА ич не е луд да дава милијарди! како што кажав де плати 10-20$ месечно кај оние кои нудат неограничено :) или нешто повеќе ( ама далеку помалку од тоа сега што го даваат ) кај Hostmonster, Bluehost, Lunarpages...

Реално цената на еден просечен сервер месечно се движи од 250$ па нагоре. Ако наидете на поефтин сервер знајте дека нешто фали! Или нема CPanel со него па ќе мора накнадно да купуваш лиценца ( врти сучи пак 250$ ) или пак некоја заебанција од тој калибар. за да искористиш 300гб со 3000 ти треба да им окупираш цел сервер за кои они имаат трошок од 200$ па нагоре а тебе да ти го продаваат за 6$ :):isplashen: :LOL:

Инаку ivvan во голема заблуда си дека VPS е полошо од Shared Hosting. Тоа е многу многу подобро пошто имаш загарантирано некои 10-20% од целиот систем за тебе. А како што кажав со погоренаведените имаш максимални некој 1-2%. А да и да не заборавиме уште еднаш да те потсетам дека 300гб со 3000гб е МАРКЕТИНШКИ ТРИК!
Така да за 6$ не очекувај толку многу.

П.С. Немој да мислеш дека ова го пишувам затоа што сум македонска компанија и сакам да купеш од мене туку затоа што е реалноста и го имам сето ова поминато неколку пати. Како и да е, здравје, мило ми е страницата да ти стане популарна ама ако останеш на тој хостинг и се надеваш дека ќе ги искористиш сите ресурси кои наводно ти ги нудат си се излажал. Ако не ми веруваш сега ќе се увериш кога ќе ти го суспендираат акаунтот или ќе ти речат собери си ги парталите.

Ако треба и дополнително ќе ви објаснам кој се какви финти има ( пример за малце ќе наебев на компанија која со НАЈСИТНИ БУКВИ пишува дека забранува да се хостираат видео и аудио фаилови :) и тоа на најзабеганото место на страницата! Погрешка кликнав и одкога кликнав си викам ај да прочитам пак и шо ќе видам. а готов бев да им платам за 2 години однапред! ) и други финти кои додека сум барал за мене пред да почнам да нудам јас хостинг сум ги искусил.


Ефтим Илиев
www.urnebes.com.mk
 
  • Ја почнал/а темата
  • #22

ivvan

Баниран/a
11 ноември 2007
52
2
www.pic.mkd.net
Јако:) Си ја знаеш работата да да... секако! Да знам за се тоа што кажа... Е сега overselling сите прават пак дури и македонските... Пак и тоа е убавиниата во него, некој ке користи 20мб некој 200гб. Зошто реков дека е подобро од VPS, Пак VPS за 10$-20$ е 20гб мах... Сите разгледувате од точка на imageshack абе нема јас да хостирам 2312312313133131 слики и 21331231231321 усери, пак и imageshack има 213131 повеќе опции. За Македонија и PIC.MKD.NET е доста, јас се држам на прости функции, пред се функционалнос и без оптеретување(без видеа, бмп слики, флаш фајлови и слично)... И сите тврдат дека ќе се качи повеќе од 2-3%. Океј кога ке се качи ке префрлам на dedicated, VPS веќе имам но нема потреба сеуште. И како што реков во еден пост по горе.. Има разлика хостинг до хостинг! Хостмонстер и Блуехост(една и иста компанија) се докажани како подобри хостови во светот (хостираат портали со 123131312312 корисници, галерии...) да прават overselling но се во границите на нормално работење на серверите... Јас немам проблем со зимање на dedicated но сите се запнале дека има потреба и се докажуваат каков е хостингот и слично. Знам исто колку вас, од некои помалку, од некои повеќе... Ова е Македонија (мал број корисници со мали барања), ако ви се допаѓа сервисот, користете го. Кога ќе се појави потреба од VPS или Dedicated ќе го мигрирам веднаш.
 

sumi

On your way to fame
8 април 2007
1,127
754
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4710HQ
Storage
SAMSUNG 840 500GB SSD Evo
RAM
2x8GB DDR3 1600MHz
Video card
nVidia GTX860 4GB GDDR5
Case
Notebook Lenovo Y50-70
Mouse
Logitech M705
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 7 Home Premium 64bit
Види шефе overselling точно дека е потребен понекогаш! ама која е границата на нормала?! колку што имаш реални ресурси на серверот да му нудиш на 1 клиент ?! или да речеме ако реално можеш да понудиш пакет со 3гб трансер ти да го понудиш со 4-5-6-7 па и 10 нека биде, а не со 3000 ?! КОЈА Е РАЗЛИКАТА ?!?!?!?! Како може на толкав оверселинг нормално да работи серверот. Јас лично немам видено некој да прави повеќе overselling од нив освен оние кои наводно нудат неограничено!
Точно е дека сега си почнал и доста ти е и сегашното. Јас лично не те терам за повеќе доколку немаш потреба, јас на моите клиенти кога ме консултираат за каков хостинг пакет да си купат секогаш ги советувам да почнат од почеток односно од најмалиод ако немаат веднаш потреба од повеќе ( ако чита некој нека потврди ), јас сакав само да ти објаснам доколку не занеш каде лежи зајакот и да си ги отвориш очите да не дојде да ти го суспенираат акаунтот. Кога ќе ја надминеш границата од 300гб знај дека ти треба VPS. кога ќе ги искоритиш ресурсите од VPS тогаш си спремен за Dedicated. Ако од сегашното веднаш скокнеш на Dedicated мислам дека че биде преголем и непотребен трошок.
Инаку имаш VPS со 10 простор и 500гб трансвер за шознам 60-70-80$ и тоа квалитетен хостинг. Јас секогаш квалитетот го ставам на 1 место


Инаку не само Hostmonster, Bluehost, Lunarpages ограничуваат на искористенот на серверот. тоа го правам и јас и сите други, за тоа се вика Shared Hosting.


ЦЦЦ забега темата :). Инаку ај Честита со страничката баш ќе ја користам :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #24

ivvan

Баниран/a
11 ноември 2007
52
2
www.pic.mkd.net
Да да во право си. Е сега под "граница на нормала" подразбирам хостирање домени веке 5 години по ред(оние кои ја поминаа оваа нормала веќе не работат)... 99% uptime... И секако беспрекорна услуга и техничка подржка... Зошто тврдам нормала... Пак којзнае уште колку души хостират лично на мојот сервер(box) и сега за сега работи без никакви проблеми, константна брзина... Не сум забележил downtime во овие 2 месеци (ама чат пат и спијам) Е чекам на WARNING:) пак и да го суспендираат ќе се префрлам на BlueHost:) фала за советот и пред се за подржката, D не беше толку љубезен:( а пак DynamicMK правеше error testing:) Пак и разбирам мора да си критичен за нешто што си правел... Инаку ке ве освежам тие денови со бесплатни хостинг пакети... Најава и реклама:) МКД.НЕТ
Е стварно овој пат ќе ми треба тестери, вака ко за почеток сакам да пробам со неколку од вас, па кој е за бујрум!
 
D

DimitarMK

Гостин
Да да во право си. Е сега под "граница на нормала" подразбирам хостирање домени веке 5 години по ред(оние кои ја поминаа оваа нормала веќе не работат)... 99% uptime... И секако беспрекорна услуга и техничка подржка... Зошто тврдам нормала... Пак којзнае уште колку души хостират лично на мојот сервер(box) и сега за сега работи без никакви проблеми, константна брзина... Не сум забележил downtime во овие 2 месеци (ама чат пат и спијам) Е чекам на WARNING:) пак и да го суспендираат ќе се префрлам на BlueHost:) фала за советот и пред се за подржката, D не беше толку љубезен:( а пак DynamicMK правеше error testing:) Пак и разбирам мора да си критичен за нешто што си правел... Инаку ке ве освежам тие денови со бесплатни хостинг пакети... Најава и реклама:) МКД.НЕТ
Е стварно овој пат ќе ми треба тестери, вака ко за почеток сакам да пробам со неколку од вас, па кој е за бујрум!
Слободно би ти помогнал :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,530
Мислења
822,700
Членови
28,053
Најнов член
ro0tkid
На врв Дно