1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

phpBB 3.2 македонски превод

Дискусија во форумот 'Останати' започната од OciXCrom, 14 Декември 2017.

  1. OciXCrom

    OciXCrom
    Intern

    10
    7
    18 Февруари 2015
    Машко
    Здраво на сите.

    Долги години сум член на многу странски phpBB форуми и пред неколку дена се заинтересирав да видам дали постои македонски превод за овој софтвер. Единствениот таков што го пронајдов и кој е ставен како „официјален македонски превод“ е за phpBB 3.0 верзија, која е доста стара. Го преземав преводот и решив да го погледнам. Останав шокиран... Таканаречениот „официјален превод“ содржи сè од преведување на bookmarks буквално како „книги“ до користење на дијалект и зборови како „автомацки“ и тотална неписменост. Го ценам трудот на човекот/луѓето кои одвоиле време за преводот, но би им препорачал да не се занимаваат со преведување никогаш повеќе.

    Сè на сè, може да се каже дека моментално нема превод на македонски за најновата верзија на phpBB (3.2), така што јас се одлучив да создадам таков превод и истиот моментално е во процес на изработка. Успеав да го преведам најголемиот фајл кој ги содржи главните работи од корисничкиот дел, преостануваат уште десетина фајлови за корисниците и целата папка за администраторскиот дел. Доколку некој е во можност да помогне, пронајде грешка или има некој предлог, преводот е достапен на Github на следниов линк:

    GitHub - OciXCrom/PHPBBMacedonian: Macedonian language pack for phpBB 3.2.

    Ви благодарам на вниманието. ;)
     
    kirev, SmartGuru, Fatal1ty_ и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...