• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

PHP vs. C#

  • Ја почнал/а темата
  • #1

benny.profane

Intern
13 април 2020
9
0
Околу месец и нешто учам C# преку курсеви на Pluralsight, заедно со книга, две кои ми служеа за референца, додатно објаснување, и слично. Мислам дека релативно добро се снаоѓам и ги разбирам концептите до сега шо ги имам учено, иако немам длабоко навлегувано зашо сум почетник.
На YouTube следам еден човек, името му е Stefan Mischook, кој доста го промовира PHP како најдобар избор за почетници, во смисла да дека најлесно се монетизира и најлесно се наоѓа работа користејќи го него и Laravel. Може некој да ми објасни дали истово има смисло на ова поднебје и каков е всушност zeitgeist-от овдека околу entry-level работи?
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,126
27,391
kalco.ru
Кај нашиве аутсорс фирми нешто не е многу распространет пхп, ама на глобален пазар е. За почетници па што знам... јас сум рекол и пак ќе речам, најбрзо се учи python.
 

dddragan

Gaining Experience
12 август 2014
300
359
Учи го тоа што ти изгледа најинтересно, не глеј од што најбрзо пари ќе напраиш. Во секој програмски јазик има пари ако си добар во тоа што го работиш. Друг муабет, пиши на google why is X better than Y и ќе сфатиш дека зад секој програмски јазик стојат луѓе што го проповедаат и величат над другите јазици.
 

Vampo

Gaining Experience
24 октомври 2010
358
240
Јас као PHP/WordPress dev и 7+ години искуство во фриленс, ќе ти кажам дека PHP е и полесно, опен соурс е, и полесно се работи индивидуално, за разлика од C# каде најчесто мора да бидеш дел од некој тим, и е помалку флексибилен. Како програмски јазик нормално е дека C# е подобар, повеќе ООП базиран отколку PHP и врзан си со Microsoft, сервери, Visual Studio, но и повеќе платен итн..

Лична преференца е, но што и да одбереш нема да згрешиш. Не мора да се фокусираш на овие 2, и RUST да научиш ќе најдеш работа..
 

gdamjan

On your way to fame
3 април 2008
2,385
685
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 3600 / Wraith Stealth
Motherboard
MSI Mortar Wifi B550m
Storage
nvme 1TB / adata xpg sx8200
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz
Video card
Asus RX550 2G
Case
Bequiet! PureBase 500
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Ако веќе си почнал да учиш C# продолжи си со него. Не си веќе почетник па да почнуваш пак со PHP.
Откога ќе ги научиш основите, земи прави си некои проектчиња за себе или други - за да собереш искуство.

Реално, прилично добро искуство ќе добиеш ако работиш на open-source проекти, е ок тука можда C# не е толку популарен, но се наоѓа по нешто.
Мислењето е автоматски споено:

1603899736522.png
 
Последна промена:

ljupce

Gaining Experience
8 ноември 2011
133
98
ljupce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4700MQ
Storage
1TB +8GB SSD Hybrid Disk
RAM
8GB DDR3
Video card
AMD Radeon R7 M265 2 GB DDR3
OS
Microsoft Windows 10 Pro 64-bit
Прашај PHP програмер ќе ти каже бегај подалеку од C#/.NET и обратно. Прашај финкаш тие се па Јava елитисти. Јас почнав PHP завршив со работа за .NET. За веб концептите се исти секаде, научи ги со еден јазик, лесно ќе ти биде учење и работење во друг, ООП, бази, повици, MVC секаде е слично само на различен начин имплементирани. Има кај нас работа и за едното и за другото. Инаку за .Net сега со Core мислам ќе влезе јако.
 

Blagojce

Gaining Experience
26 декември 2007
891
70
Прилеп
Blagojce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5-3570 3.40GHz
Storage
2 TB
RAM
8 GB
Monitor
ASUS 24" LED Full HD
OS
Windows 10
Јас работев C# 8 години, моментално работам како PHP-Laravel програмер.
Мое лично мислење е дека C# би било подобар за почетници, подобро структуиран е: има типови на променливи, функциите се појасни, итн.

Во однос на тоа кој е повеќе баран, покрај претходните совети од членовите јас би додал фокусирај се да разбереш како една апликација функционира, архитектура на апликацијата, SOLID, DRY, design patterns,... или накратко да станеш Software Architect/Software Engineer а потоа идејата можеш да ја реализираш во било кој програмски јазик, во конкретната ситуација ќе прочиташ документација за Framework-отѓто ќе го користиш Google/StackOverflow...
 

pecko95

Gaining Experience
5 април 2018
137
89
Секој своето ке си го фали. Ако ти е за работа, гледај што најмногу се бара на пазарот кај нас. После тоа, откако ке се вработиш, ке научиш и други јазици (а и многу полесно ке иде).

Едни хејтаат JS, други PHP, трети Java, четврти C# пошо бил копија на јава - најди им го крајот. За секој јазик ке има што го проповедаат како светиња, и што го хејтаат максимално без потреба.

Еве ако веќе листаме што сами сакаме - JavaScript / TypeScript. Можеш и frontend, и backend со NodeJS (Deno има уште леб за јадење). Башка доста е баран. Можеш и cross-platform мобилни апликации (сеа ке хејтаат дека не се по перформанси како native. Не се, ама 90% се CRUD апликации, и за тоа ReactNative и Flutter вадат супер перформанси).
 

Zimrie

Gaining Experience
11 април 2008
485
117
Иако е најдобар за one liners со текстуални датотеки gawk му нема рамен (и sed е ок ако е од срце). Но, тоа важи ако имаш доволно пари и слободно време и qубов.

Јас сум pascal растен, прераснав на lazarus, порано нешто се занимавав со basic на Ц64, но во 2012 видов тука нема перпектива направив анализа и заради поврзаноста со слободен софтвер го избрав Python.

Убаво е да се биде полиглот, но (скоро) сите некако интернационално го користат англискиот.

Од она што се бара и во фриленс и во компании распределбата би можела вака да изгледа

за web development
javascript англиски (иако имам досега погледнато само 1-2 туторијали)
php кинески
и останатите

Убаво е и ромски да се знае, сепак треба да се има поглед и на перспектива!

Незнам дали некој туторијал го надмина w3schools.com
 

dddragan

Gaining Experience
12 август 2014
300
359
Јас као PHP/WordPress dev и 7+ години искуство во фриленс, ќе ти кажам дека PHP е и полесно, опен соурс е, и полесно се работи индивидуално, за разлика од C# каде најчесто мора да бидеш дел од некој тим, и е помалку флексибилен. Како програмски јазик нормално е дека C# е подобар, повеќе ООП базиран отколку PHP и врзан си со Microsoft, сервери, Visual Studio, но и повеќе платен итн..

Лична преференца е, но што и да одбереш нема да згрешиш. Не мора да се фокусираш на овие 2, и RUST да научиш ќе најдеш работа..
.NET Core е Open Source и не си врзан со Windows.
 

wolverine

On your way to fame
27 јуни 2012
880
797
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 6700K @ 4 GHz + Corsair H115i PRO RGB
Motherboard
Gigabyte GA-Z170X-Gaming 3
Storage
Samsung 960 EVO M.2 + HDD 1TB WD EZEX
PSU
EVGA SuperNOVA 750 G3
RAM
32GB G.Skill TridentZ DDR4 @ 3000 MHz
Video card
Gigabyte 1660 TI SUPER 6GB GDDR6
Case
NZXT S340 ELITE BLACK + BLUE
Mouse
A4Tech V5
Keyboard
SK61 Optical Switch
Monitor
DELL UltraSharp U2412M
OS
Ubuntu
Секогаш гледај тоа што носи пари кога работиш за да заработиш, или тоа што ти лежи кога си работиш за забава или лично твој продукти, а не кој што рекол за C#, Java, PHP, Python. Лично Python ми е најубав јазик, но благодарение на PHP накрцкав милион европски и не сум хејтал ни еден јазик за разлика од 90% од "програмериве" во вукојебинава што секогаш хејтаат тоа што не го работат, јас секогаш сум гледал прилика.

Почни со нешто поедноставно, пример HTML/CSS. Не би препорачал директно со PHP или C# па дури и JS. Сите програмски јазици си бараат предзнаење од програмирање и основни концепти во него, пример да знаеш која е смислата на for, while циклус, if/else/switch, низи, променливи, ооп, асихнроно програмирање, работа со датотеки. А тоа се учи со вежбање едноставни задачки во C за почеток, после OOP и тн. Нека ме убеди некој во спротивното. Не за џабе на ФИНКИ имавме два семестри со C и C++, се измалтретирав дур го поминав C со низите, матриците, рекурзиите, датотеките, но тоа ми даде одлична основа за програмирање. После процедурално програмирање (C) учевме Објектно Ориентирано Програмирање(C++), тоа го поминав лесно пошто веќе имав некаква основа и тука научив доста важни концепти што и ден денес ги користам. Потоа Алгоритми и податочни структруи (Java), Бази на податоци и Софтверско инженерство. Цела наука е. На крај краева запиши се на факултет. Истите ресурси ќе ги дадеш како по академии.

Ако не ги знаеш концептите на овие што ги набројав џабе ти е PHP или C# курс, пошто нема да разбираш ништо и ќе ти треба многу повеќе време додека се успособиш за работа. Голема грешка со сите што ги земаат курсевиве прават во тоа што ја игнорираат теоријата, а е побитна од практичното знаење.

Исто, како што некои горе спомнаа гледај да научиш архитектура на софтверот, а не само програмирање. Ако знаеш како се прави софтвер ќе го правиш во кој било јазик и ќе ти треба само да се навикнеш на јазикот/фрејмворкот.
 
Последна промена:

Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
116
216
Скопје
davorminchorov.com
Кај нашиве аутсорс фирми нешто не е многу распространет пхп, ама на глобален пазар е. За почетници па што знам... јас сум рекол и пак ќе речам, најбрзо се учи python.
Јас па само PHP позиции гледам низ групите и по огласите. Кај мене во фирма бараат 10 PHP девелопери и плус уште 2-3 што знам од други колеги.

За работа, се наоѓа PHP позиции, тоа не е проблем, само треба да си искусен нормално.

Не знам зошто ама C# и Java од секогаш ми делувале на јазици кои што се користат претежно за enterprise софтвери, но не за нови startup проекти. PHP е најатрактивен за startup компании каде што најмногу се учи за почетници, за разлика на некој стар проект што трае со години затоа што нема да знаеш од каде да почнеш и нема многу опции за експериментирање со технологии.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,596
Мислења
821,473
Членови
28,250
Најнов член
Tomaz
На врв Дно