1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

PC за office + Photoshop

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од smole, 18 Септември 2019.

  1. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    Дојде време да го заменам мојот верен C2Q 6600.

    PC-то ќе се користи за web brows-ање со повеќе табови (20ина макс) Word, Excel и повремено Photoshop.

    Монитор имам - Dell 22" и ми врши работа.

    CPU: Intel/Amd?
    Cooler: ?
    Термална паста:
    MB: Да е Gigabyte (тука нема отстапки)
    RAM: 32GB
    SSD: NVMe Samsung (дали 970Evo Plus или 970Pro?) 512GB или 1 TB
    HDD: 2x2TB или 2x4TB Raid 1
    GPU: Можда некоја nVidia слаба за да ја се најде за Cuda во PS (за гејминг ќе правам посебна конфигурација, во друга тема тоа)
    PSU: ?
    Case: ATX формат, треба да разгледам што ми фаќа око, последно имам земено Fractal Design и супер е.
    Case fans: ?

    Деловите мора да се нови со гаранција и да се купат од МК на фактура, ако е за од странство го имам e-shop, plaisio и coumputeruniverse, ама инсистирам да се од МК.

    Буџетот не е одреден, но да не се претерува со скапи делови од кои нема да имам полза т.е. целта е да си склопам best bang 4 buck конфигурација. Ќе почнам да читам по форуми и сајтови за ривјуа на деловите, немам временски лимит до кога треба да ја склопам конфигурацијата.

    Компјутерот ќе си го склопувам сам.

    Отворен сум за секаков вид на конструктивни сугестии:
    -Дали да чекам Ice lake
    -Понуди на делови
    -Било какви препораки околу деловите
    -Разно
     
  2. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,969
    12,277
    23 Јануари 2008
    Манга
    Што ќе ти се 32GB RAM???
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  3. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,100
    4,159
    18 Септември 2013
    Машко
    Најевтина B450 плоча која поддржува 3000 серија АМД, Р6 3600 (без икс), рам колку сакаш на 3200MHz, напојување било кое од добар производител со барем 500W, барем 3 години гаранција и барем 80 бронзен+ рејтинг кое ти одговара на цена, графичка било која шо ќе ти одговара на буџет (RX550 на пример за околу 5-6000 нова - макар силно би советувал дека за тие пари имаш RX570 и 580 на старо).

    За SSD земи си обично со повеќе капацитет, шо ќе ти е NVMe за веб браусинг? Исто не ти треба ПРО модел пошо нема да осетиш разлика во тие сценарија.

    Куќиште - какво и да ти фаќа око. Вентилатори барем еден intake и еден издувен и доволно е секако нема да грее машинава.
     
    На ТАТА_МАТА и smole им се допаѓа ова.
  4. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    Нека има, немам намера на пола година/година да докупувам ствари.

    Одеднаш комплет и чао.

    PS Ќе разгледам и Mini-ITX опција, ама обично кај нас малце/ич такво плочи нема.
     
    Последна промена: 18 Септември 2019
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,100
    4,159
    18 Септември 2013
    Машко
    Ако најдеш некоја евтина солидна ITX B450 плоча опција кажи ми!
     
  6. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,969
    12,277
    23 Јануари 2008
    Манга
    „Ефтина“ и „ITX“ во иста реченица може да стојат само со негација, особено и ако во реченицата се наоѓа и „солидна“, „добра“, „ентузијастичка“ и слично.

    Што се однесува до предлогот, штом планираш да го користиш со години и да не се замараш тогаш:

    MB: Gigabyte X570 GAMING X
    CPU: AMD Ryzen 7 3700X
    RAM: Kingston HyperX Predator 2x16GB DDR4-3200 CL16
    SSD: Samsung 970 EVO plus 1TB
    HDD: 2x Western Digital RED 4TB
    VGA: Gigabyte GTX 1650 4GB WindForce OC
    PSU: EVGA G+ 1000W 80+ Gold Modular
     
    Последна промена: 19 Септември 2019
    На PC_GAMER, PandaBomber, Tenny и уште 6 други им се допаѓа ова.
  7. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,100
    4,159
    18 Септември 2013
    Машко
    Памтам коа требаше да правам Хасвел билдот шо уште го терам дека B85 ITX плочите за интел од MSI беа околу 3500-4000 али за жал ги немаше кај нас па морав да фрлам околу 8000 за Z87 од која немам ни О од оверклок и остали опции искористено у годиниве.

    Со оглед дека B450 е платформа која е излезена веќе некое време, не е толку абсурдно да се бара нешто во ценовен ранг на останатите микро ATX или фул ATX просечни плочи. Коа правиш ITX најчесто не мислиш на оверклок (има исклучоци) па затоа за мене солидна плоча е онака бербоун шо ќе го вози процесорот без да крашнува на сток (а такви се сите B450 плочи, па дури и A320 кои имаат значително полош VRM ко шо читав).

    Така што да рефразирам - солидна ITX B450 евтина плоча е веројатно било која B450 плоча се дури не е осакатена на некој начин или нешто ептен да имаат утнато со неа производителите, и да не биде со надувана цена. Јас така гледам на тоа.

    На страна тоа Fatal1ty и останати набилдани модели кои се top of the line и секако препуни со функционалности. Тие си оправдуваат цена, ама и се наменети за екстремни ITX системи - нешто шо не е у описот на темава а ниту во мој ум коа правам ITX конфигурација.

    Конфигурацијата со X570 која ја предложи е извонредна но (според мене) веројатно оверкил за фотошоп и браузинг па макар било предвидено да трае со години.

    Јас ете колку години веќе иам хасвел компјутер со и5 процесор (4 јадра 4 нитки) и за фотошоп и браузинг и 1080п гејминг не ми затребало да апгрејднам уопште. Сценариото на @smole е многу незахтевна ситуација што се дури стави бајаги рам и земе било каков солиден процесор ќе помине добро.

    Така шо ја би земал поевтина плоча, солиден процесор, и би вложил остатокот од буџетот во хард дискови (пошо очигледно сака да ја користи и за сториџ) и рам (пошо веб броузинг веќе јаде многу повеќе рам).

    EDIT: али гледам сеа по нет дека едноставно нема поевтини модели на ITX плочи од производителиве за B450 чипсетот пошо не ни има многу модели уопште, така шо да се надеваме за B550 и A520 или како и да се викаат ќе има пошо сеа повеќе плочи почнаа да прават за АМД отколку што правеа порано.
     
    ТАТА_МАТА, PC_GAMER, smole и на уште 1 им се допаѓа ова.
  8. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,969
    12,277
    23 Јануари 2008
    Манга
    Освен Fatal1ty другa B450 ITX варијантa од Asrock нема. Слично е и со другите брендови, нема да најдеш под 110 евра ITX (AM4) матична плоча.

    1) Го познавам човекот со децении и знам дека неќе компромисни заштеди.
    2) Претходниот компјутер го користи повеќе од 10 години и така ќе биде и со овој. X570 и Ryzen 3700X колку и да изгледаат оверкил во моментов, за 10 години ќе имаат комични перформанси за намената. X570 му остава простор за (компатибилни) надградби во иднина.
    3) Кога се иде на 32GB RAM, 1TB top of the line SSD, 2x top of the line RAID HDD, во oфис конфигурација не гледам буквално никаква поента, ниту смисла да се уштеди 5% од цената на системот и да се оди со медиокритетна матична плоча.
    4) Ако одиме од по логика на тоа што ти затребало, ете некој сеуште пишува и на куцача машина и пресметува со хартија и дигитрон. Тој сигурно ќе каже дека е тотална безсмислица тоа што имаш компјкутер со и5 хасвел со нитики и витки. Исто кога идеш у кафана и нарачуваш квалитетно вино од 100 евра флаша некој пијаница ќе каже дека можеш исто да се начукаш и со Kавадарка од 100 денари. Тоа не значи дека треба сите да пијат Kавадарка.
     
    Последна промена: 19 Септември 2019
    Macedonian97*, toshex, M.Pix и на уште 1 им се допаѓа ова.
  9. shifty

    shifty
    Модератор

    998
    1,297
    5 Септември 2009
    CPU: AMD Ryzen 5 3600 (~15 бодови под 9700К и ~110 бода под 9900К во photoshop, а многу пониска цена)
    Cooler: Ако е цена во прашање ќе ти брка работа и stock кулерот, мој личен фаворит e NH-C14S иако е неадекватно поскап :) ако се додава пари за скап кулер веќе можеш да размислуваш за поскап процесор
    Термална паста: МХ-4 (мислам дека имаше во Neksio) имаш и други опции зависи од каде ќе пазариш
    MB: Да е Gigabyte (тука нема отстапки) - во тој случај B450 Aorus Elite/Pro, доколку размислуваш за нешто друго освен Gigabyte погледни ја MSI B450 Tomahawk (ако одиш со RAID поставки барај MAX верзија незнам дали ја имаат донесено)
    RAM: 32GB (барај мемории 3000CL15 и подобри)
    SSD: NVMe Samsung 970 Evo Plus, погледни ја и Blue/Black серијата на WD
    HDD: 2x2TB или 2x4TB Raid 1
    GPU: Можда некоја nVidia слаба за да ја се најде за Cuda во PS (за гејминг ќе правам посебна конфигурација, во друга тема тоа) 1050/Ti/1660/Ti
    PSU: доколку ти е за работа ти сугерирам да додадеш +2-3К и да си земеш посолидно напојување од тоа што ќе дадеш на entry серииве.
    Case: ATX формат, треба да разгледам што ми фаќа око, последно имам земено Fractal Design и супер е. - Појди и купи си на лице место, тоа ти е повеќе и лична преференца кое ти прави мерак :)
    Ако одиш на ITX варијанта, оди со Intel платформа.
     
    Последна промена: 19 Септември 2019
    Speedster, toshex и на smole им се допаѓа ова.
  10. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,969
    12,277
    23 Јануари 2008
    Манга
    Зошто???
     
  11. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,181
    3,246
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Staj mu i 1tb ssd za storage
     
  12. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,969
    12,277
    23 Јануари 2008
    Манга
    Во иднина се ќе биде минато...Ај донт гет јор поинт!
     
  13. shifty

    shifty
    Модератор

    998
    1,297
    5 Септември 2009
    Неадекватно ладење* на VRM секциите како кај „поефтините“, така и кај премиум матичните можеби нема да биде проблем со R5 3600, меѓутоа не би експериментирал. Иако верувам дека ќе се истрае фабричката гаранција, јас би одел со Intel варијанта во случај да се оди со ITX.
     
  14. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,969
    12,277
    23 Јануари 2008
    Манга
    Не разбирам зошто мислиш дека ITX матичните на Intel имаат подобро ладење од оние ITX на AMD. До сега сите ITX AM4 што сум ги видел изгледале релативно многу солидно во делот за VRM и неговото ладење.
    Патем, Intel се поголеми потрошувачи и се позахтевни од VRM аспект.

    И уште нешто, мемории за Ryzen 3000 исклучиво 3200MHz или побрзи ако се сака да се оверклокува. Контролерите се специфицирани на stock на 3200MHz. Не гледам поента да се оди со 3000MHz и да му се крати проток на IF.
     
    На toshex и CBB_6 им се допаѓа ова.
  15. shifty

    shifty
    Модератор

    998
    1,297
    5 Септември 2009
    Од рецензиите кои ги имам читано за ITX плочи за Ryzen, VRM/SoC се заедно од лева страна, термална слика на пасивните ладњаци 80+C, MOSFET-ите 80+C (и нагоре зависно од плоча) и тоа надвор од куќиште на testbench, во mini itx куќиште не ни сакам да размислувам какви би биле температурите, дополнително X570 е доста потопол чипсет споредено со претходниве. Најчесто одат со 4+2 дизајн за VRM/SoC, дури и при користење на премиум компоненти за изработка на овие секции потребно е добро ладење на истите (премиум моделите користат 30mm вентилатори на самата плоча за да ја изладат оваа секција).

    Што се однесува до Intel процесорите можеби се поголеми потрошувачи со тековниот нанометарски процес, но VRM секцијата е поладна (секако зависно од компонентите кои се коистат).

    Што се однесува до рамот во право си, јас ги гледам постариве модули кои се непродадени и барам подобри мемории печатени по RAM модуливе (*нема Sam. B-Die кај новиве модули.) :)
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  16. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    Добри предлози.

    Предложената конфигурација од @gOJDO е супер, но за моите потреби е оверкил. Реков дека барам офис конфигурација (конф од горе може да вози јаки игри) а и пишав дека во план ми е посебна конфигурација која ќе биде за гејминг - Flight Simulator (со HOTAS) и некоја игра со возење со волан (која и да е најдобра во моментов).

    За моите потреби и Dell-ов од 32000 ден ќе ми врши работа во наредниве пар години. Не дека него ќе го купам ама за мене 3х повеќе пари да дадам за нешто што исто ќе ми врши работа е расипништво. Можеби преентузијастички делови излистав во првиот пост, не знам.

    Како и да е прво ќе инсталирам сè што ми треба на мојот NUC6CAYH со 120GB SSD / 8GB Ram и ќе видам како ќе работи. Ако ми брка работа ќе го одложам/баталам склопувањето на офис конфигурација.

    Ако се решам за склапање на компјутер тоа ќе биде од почетокот на Ноември, најрано.
     
    На damil му/ѝ се допаѓа ова.
  17. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    Како изгледа конфигурацијава:

    CPU: Amd Ryzen 3600
    Cooler: Stock
    Термална паста: MX-4
    MB: Gigabyte X570 Gaming X
    RAM: 32GB (2x16GB) 3200MHz G.SKILL SNIPER X F4-3200C16D-32GSXFB
    SSD: Samsung 860 Pro 1TB
    HDD: 2x2TB WD Black
    GPU: Овде не знам што да ставам (предложете), би распалил некоја пуцачина на 1080p, не сум баш во тек со новиве наслови
    PSU: Evga Supernova G3 550W
    Case: NZXT H510i
    Case fans: ќе видам понатака
     
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,969
    12,277
    23 Јануари 2008
    Манга
    X570 ти е вишак расфрлање пари
    Зошто 860 evo, а не nvme ssd?
    VGA: 1660
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  19. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    На 860 Pro сум мислел.

    Sata а не nvme пошто негде читав дека нема да се осети (примети) разлика, а можда и треба да ставам nvme...
     
  20. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,969
    12,277
    23 Јануари 2008
    Манга
    Неоправдано скапо е pro, можеш да забршиш работа со samsung oem pm981, побрзо, поефтино и подеднакво доверливо
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    574
    742
    25 Февруари 2016
    Машко
    Таа плоча со тој процесор нема смисла, нвме ти е инвестиција за идно време
    Јас би ја задржал таа плоча и би одел по советот на Гојдо за и7 3700х.
    Не штеди сега, цените се сосема коректни на хардверот денес.
     
  22. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,969
    12,277
    23 Јануари 2008
    Манга
    А што ќе добие со таа плоча во однос на 60% поефтина b450?
     
  23. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    574
    742
    25 Февруари 2016
    Машко
    Подобра плоча, ако се одлучи за 8 јадрениот процесор. Дури х470 аорус ултра би била одличен избор за тој процесор.
    Инаку за р5 3600 нема потреба да фрли толку пари за мб., и б450 би вршела работа идентично.
     
  24. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,969
    12,277
    23 Јануари 2008
    Манга
    Солидна B450 брка работа и за 3700x, па и 3900x. X570 се неоправдано прескапи и во моментов и во блиска и средна иднина немаат што да понудат во однос на x470.
     
    Последна промена: 8 ноември 2019 во 19:52
    На toplel и Avid им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...