1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Пц за архитект

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од Fiend, 2 Септември 2019.

  1. Fiend

    Fiend
    Gaining Experience

    40
    70
    31 Јануари 2015
    Машко
    Не сум некој експерт за пц али со гуглање успеав да склопам нешто, би бил благодарен за совет и дали е ова во ред и сите делови се копматибилни?
    GPU 2060 6gb
    CPU i7 8700
    mobo h310m MSI
    PSU 750W deepcool 80+gold
    SSD samsung 860 evo 500 gb
    HDD 1 TB random
    RAM 16 GB kingston 3200 mhz. матичната поддржува до 2666mhz, али овој би бил ок така?
    И предлог за монитор до кај 10к како за почетник
     
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,169
    8,417
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    За каков вид на архитектура се работи?
    Дали ќе се користи за 3д рендерирање на простор?

    Напојувањето изгледа како оверкил, сосем доволно ќе му биде 600w напојување. Наместо 750w Deepcool, земи 550w EVGA SuperNova или друго поквалитетно.
     
    Psycore, Fiend и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  3. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    166
    195
    3 Јануари 2019
    Машко
    Лично, би идел со 2060 Super, наместо со стандардната 2060.

    Додека за процесор, можеби поисплатливо би ти било да идеш со Ryzen 3600.
     
    gOJDO, Pane-G и на Fiend им се допаѓа ова.
  4. Fiend

    Fiend
    Gaining Experience

    40
    70
    31 Јануари 2015
    Машко
    2д и 3д цртање и рендерирање во програмите Autocad, archicad, 3dsmax, lumion, allplan...
     
  5. Fiend

    Fiend
    Gaining Experience

    40
    70
    31 Јануари 2015
    Машко
    Најверојатно ќе земам ryzen 3600, подобар е за рендерирање, али тогаш би требало да сменам и матична и рам така? Предлог за какви, дека стварно не се разбирам за амд воопшто?
     
  6. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,398
    12,534
    2 Август 2012
    Машко
    PSU ќе земеш добра марка од добра серија. Дечките тука ќе ти предложат
    HDD рандом не. HDD треба Western Digital
    Земи Seagate на пример и ќе го спомнуваш Flegma

    Не штеди на монитор! Ова е прво и осоновно правило. Особено за твојата професија

    И кажи буџет за да не нагаѓаме
     
  7. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    166
    195
    3 Јануари 2019
    Машко
    B450 Tomahawk матична од Анхоч (или нешто друго што ќе ти препорачаат, не сум упатен за AMD процесорите премногу). Само гледај да е флешната или Ryzen 3000 ready.

    За рам можеш да тераш и со истиот.

    Парите што ќе ги заштедиш на процесор, вложи ги за монитор. Само прочитај ревјуа за овој на TFT Central ili Rtings. Овој модел ти е буџет варијанта.
    Anhoch PC Market Online - Monitor 24" BL2420PT Benq IPS Designer 2560x1440 QHD, VGA,DVI, HDMI, DP,USBx2,Speakers, Black

    Додека ако решиш, да дадеш повеќе пари за монитор, разгледај ги овие два модела:


    25 ичниот модел од овој монитор. Најверојатно можеш да го нарачаш во Анхоч.
    Anhoch PC Market Online - Monitor 27" Dell UP2716D UltraSharp PremierColor


    Ако пак решиш за 4К монитор овој модел:

    Anhoch PC Market Online - Monitor 27" Dell U2718Q UltraSharp IPS 4K 3840x2160 60Hz 16:9/5ms/VESA/HDMI/mDP/DP/5xUSB

    Јас го имам овој модел, се бавам со дизајн и фотографија и е доста добар за таа намена.

    Овие монитори не се баш добри за гејминг, ама ако ти е првенствено архитектура, не се замарај да биде добар за гејминг.
     
    Последна промена: 2 Септември 2019
  8. Astro

    Astro
    Guru

    6,169
    8,417
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Кај мене во фамилија се работи професионално архитектура на обични i3-ки со обични графички како 1050Ti, 950, 16Gb RAM и SSD.

    За архитектура нема потреба од не знам каков процесор и не знам каква графичка. Во архитектура се рендаат статични 3Д модели, а за тоа не треба јак хардвер.

    Колку ти изнесува буџетот?
     
    На SmartGuru му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,123
    571
    9 Мај 2012
    Машко
    Подобро оди на интел пошо од каде да знаеме дали АМД подржува некои работи какво што го имаат кај интел


    Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
     
  10. Astro

    Astro
    Guru

    6,169
    8,417
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Кои работи му фалат на AMD?
     
    На Vlatzki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,123
    571
    9 Мај 2012
    Машко
    Првин види спецификациите на Интел и Рејзен па ќе видиш разликите околу supports


    Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
     
  12. Astro

    Astro
    Guru

    6,169
    8,417
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ти сакам да ми објасниш.
     
    На Vlatzki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,772
    11,801
    23 Јануари 2008
    Манга
  14. Serko

    Serko
    Gaining Experience

    59
    99
    30 Август 2018
    Машко
    Тоа се повеќе јадење гомна.
    Користам АМД со години и не му фалело ништо, буквално секоја апликација што работи на Интел работи и на АМД.
    Ова се повеќе фалш муабети и намерно го убедуваат човекот да не купи АМД.
    Зошто?
    Бидејќи моментално АМД гази на пазарот и има премногу тригеред Интел фанови.
     
    На StefAngel и CBB_6 им се допаѓа ова.
  15. AleksandarCaki

    AleksandarCaki
    Practice makes perfect

    606
    1,431
    19 Јуни 2015
    Машко
    Архитект
    Ха ха :)

    Шала на страна. За архитектура не треба брз процесор ако вадиш дневно по еден рендер. Во околина каде што истовремено црташ аутокад, имаш пуштено рендер на Vray, 10 таба на Хром, и треба да извадиш дента 10-15 ентериерни рендери, најмалку на медиум квалитет, фул ХД, јас препорачувам минимум и7 4790 или било кој сличен во перформанси на тој.
     
  16. Astro

    Astro
    Guru

    6,169
    8,417
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Тоа не е веќе само архитектура. 15 таба на хром? Рили? Тоа ти е веќе тежок мултитаскинг. У тој случај Рајзен 5 секако
     
  17. AleksandarCaki

    AleksandarCaki
    Practice makes perfect

    606
    1,431
    19 Јуни 2015
    Машко
    Архитект
    Па кога работиш архитектура не црташ само на еден фајл. Имаш 300 други раобти во позадина, инспирација, how-to, детали, итн итн. :)
     
    На gOJDO и Astro им се допаѓа ова.
  18. Serko

    Serko
    Gaining Experience

    59
    99
    30 Август 2018
    Машко
    Не ми е јасно како од сите можни рајзен процесори на пазаров, ти му го избра баш i7-4790.
    Како што рече човекот му треба за рендер и архитектура каде што во случајот рајзен е многу подобар од интел.
    Како прво процесорот е стар веќе, како второ е 4 cores 8 threads, како трето незнам како тој процесор би му помогнал за Heavy Multitasking без губиток на перформанс.
    Олабавете малце со Интел, при толку избор на пазарот му препорачувате неколку генерации стар процесор кој е дупе во рендер/мултитаскинг во споредба со Рајзен.
     
    На itstheigyg и StefAngel им се допаѓа ова.
  19. AleksandarCaki

    AleksandarCaki
    Practice makes perfect

    606
    1,431
    19 Јуни 2015
    Машко
    Архитект
    Батка, јас му ги препорачав перформансите на тој процесор, ако убаво читаш пишува или било кој процесор сличен во перформанси на овој. Тоа значи и и5 8400 и соодветен Рајзен. Му го дадов како споредба дека го користам процесоров на работа, и брка работа за буквално се што треба да сработи еден архитект.

    Поздрав.
     
    На gOJDO и Astro им се допаѓа ова.
  20. Astro

    Astro
    Guru

    6,169
    8,417
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Па може човекот има искуство со баш тој процесор и архитектура, одговорот му е баш на место. Многу поквалитетен одговор добиваш од човек што работи баш на таа проблематика и има искуство со стар процесор, отколку што ќе добиеш од човек со искуство со најновите Рајзени а што нема искуство со архитектура ;);)

    и зенски со сиски! :oh::oh:
     
    Последна промена: 16 Септември 2019
    На Глупав му/ѝ се допаѓа ова.
  21. StefAngel

    StefAngel
    On your way to fame

    1,168
    716
    28 ноември 2015
    Машко
    Core i7 4790 (8M Cache, up to 4.00 GHz) 10k
    Ryzen 5 2600 Anhoch PC Market Online - CPU AMD Ryzen 5 2600 Six-Core 3.4GHz AM4 BOX w/Wraith Stealth Cooler 8600
    Интел или се преценува или луѓево не се во тек со технологијата.
     
    На Serko му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Serko

    Serko
    Gaining Experience

    59
    99
    30 Август 2018
    Машко
    Фала за коментаров, заборавив ова да го напоменам.
    Зошто некој би купил процесор од 2014 што е и послаб и поскап за разлика од процесор кој е нов, многу подобар и покомпатибилен за работата која ја работи @Fiend .
     
  23. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,123
    571
    9 Мај 2012
    Машко
    Така ли? Ок ,си знаеш


    Sent from my iPad using Tapatalk
     
  24. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    358
    159
    20 Април 2008
    Машко
    се извинувам што се мешам у кавгата, ама докажување на нешто без аргументи е без веза, најпросто кажано...
    имено јас сум фан на Intel ама морам да кажам дека да не беа AMD сиве овие години и Intel ќе стоеше у место и тоа повеќе време...
    Имено низ годиниве повремено на сцена настапува AMD чисто ради бланс у универзум, а и мотивација на Intel...
    Сеуште имам Phenom дома кој одчично си ја врши работата и после 10 години...
    Моментално не знам какви се перформансите на Ryzen
    ама не се сомневам дека се далеку пред Intel како што повеќето со интегритет кажуваат на форумов...
    Приказнава е: Nike немаат поима, Adidas први почнаа...
     
    На Pane-G му/ѝ се допаѓа ова.
  25. AleksandarCaki

    AleksandarCaki
    Practice makes perfect

    606
    1,431
    19 Јуни 2015
    Машко
    Архитект
    Ако јас би купувал на ново во овој момент стрикно за рендер, секако дека би земал Рајзен. Мојата потреба да го спомнам Интел во однос на перформанси беше само поради тоа што го користам тој процесор за работа во моментов и брка работа без проблем. Процесоров во случајов како бренд е небитен- битни се неговите перформанси во однос на работата која треба да ја врши. Дали тоа денес ке биде 4 јадрен, 6, 10, 12 е мање-више битно. Е сега поентата на Серко изгледа му е да се докажува како јас сум фенбој на Интел и ги мразам од дното на душата АМД што во моментов просто кажано газат во таа сфера. :)
     
    toplel, Astro и на gOJDO им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. cede11
    Одговори:
    11
    Прегледи:
    704
Вчитување...

Сподели

Вчитување...