PC платформата наградена со „најдобра гејминг платформа на сите времиња“

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
2,431
3,736
Битола
Тоа што кажува насловот. Корисниците преку онлајн гласање секоја година гласаат за најдоброто во гејминг сферата. Оваа година за 50 годишнината на гејмингот, организацијата воведе две нови категории: најдобра гејминг платформа на сите времиња и најдобра игра на сите времиња:

Discuss.

Praise Lord Gaben
 
Последна промена:

Dajman

Gaining Experience
19 септември 2020
234
401
  • Best Storytelling - Life is Strange: True Colors---------> Немам мислење.
  • Best Multiplayer Game - It Takes Two---------> Немам мислење.
  • Best Audio - Resident Evil: Village---------> Фер
  • Best Visual Design - Ratchet and Clank: Rift Apart---------> Ваљда.
  • Best Game Expansion - Ghost of Tsushima: Iki Island Expansion---------> Фер.
  • Mobile Game of the Year - League of Legends: Wild Rift---------> не ме занима.
  • Best Gaming Hardware - PS5---------> Безвезе, буквално истиот хардвер го има и xbox.
  • Best Indie Game - Death's Door--------->Заслужено, иако имаше доста јаки контендери.
  • Studio of the Year - Capcom---------> хаха.
  • Best Performer - Maggie Robertson (Lady Dimitrescu)---------> Заслужено.
  • Breakthrough Award - Housemarque--------->немам коментар.
  • Best Game Community - Final Fantasy 14---------> Поштено.
  • Still Playing Award - Final Fantasy 14---------> шознам.
  • PC Game of the Year - Hitman 3---------> Ваљда? Vallheim е добар контендер, еве и форза 5 за Тајлерите на светот. Се на се греота година за гејминг.
  • Nintendo Game of the Year - Metroid Dread---------> Се слагам.
  • Xbox Game of the Year - Psychonauts 2---------> Можеби, немам коњ во таа трка.
  • PlayStation Game of the Year - Resident Evil Village--------->Греота. Ratchet and Clank: Rift Apart дефинитивно.
  • Most Wanted Game - Elden Ring---------> Дискутабилно.
  • Critics Choice Award - Deathloop---------> Мех
  • Ultimate Game of the Year - Resident Evil Village---------> Metroid Dread требаше да биде според мене (крајно субјективно)
  • Ultimate Hardware of All Time - PC---------> очигледно.
  • Ultimate Game of All Time - Dark Souls---------> Laughable до КРАЈ, како дошле до овој заклучок стварно не знам. Изглеа им треба очајно поише хајп за елден ринг.
    Тоа е шо се однесува до Game Awards, а за пц дека е најдобра гејминг платформа искрено нема шо да се дискутира. Тоа е суровата вистина и затоа толку е болен gpu шортиџот.
 
Последна промена:

Weeaboo

On your way to fame
23 февруари 2020
660
673
Струга
греота година за гејминг.

Ова болеше. Стигнаа и предлозите за Steam awards, и во категориите не знаев што да внесам од толку што беа тиња сите игри годинава. ААА гејминг индустријата е во тотален хаос. Речиси сите издавачи почнаа да исфрлаат игри со менталитет "Извади ја сега, закрпи ја покасно, ако е воопшто возможно". Ова повеќе се запримети од Декември кога CDPR извадија полу-завршена игра.

  • Studio of the Year - Capcom---------> хаха.
Тоа е, стварно нема која компанија да застане позади оваа титула. Ubisoft, EA, Bethesda, се тоа има фатено тешка удолница и стварно се надевам дека пандемијата и работа од дома е една од поголемите пречки кои што целосно ја укочија оваа индустрија.
Во 2021, маркетингот продаде игри.
 
Лани пак имаше солидни игри како doom eternal и hades, оваа година е пиши пропало. Мислевме cyberpunk дека е срање... Шо да се кажи тогаш за battlefield 20-40 fps? Halo infinite исто недовршена, starfield само сликички (коа иронија еј, bethesda да го прават coming when its ready муабетот); silksong, elden ring и dying light 2 delayed... Едино gow ме успокојува,али тоа не се брои. Можда треба да си ги намалам очекувањата и да бидам задоволен од форзите и far cry refresh-овите.
 
Weeaboo

On your way to fame
23 февруари 2020
660
673
Струга
Лани пак имаше солидни игри како doom eternal и hades, оваа година е пиши пропало. Мислевме cyberpunk дека е срање... Шо да се кажи тогаш за battlefield 20-40 fps? Halo infinite исто недовршена, starfield само сликички (коа иронија еј, bethesda да го прават coming when its ready муабетот); silksong, elden ring и dying light 2 delayed... Едино gow ме успокојува,али тоа не се брои. Можда треба да си ги намалам очекувањата и да бидам задоволен од форзите и far cry refresh-овите.

За на крај повторно ќе биди modding community да им ги закрпува игрите. Еве битно Skyrim по 3-ти пат излезе годинава, но прашање што ме мачи е го имаат модот Unofficial Skyrim Special Edition Patch, кои ги закрпува 90 % од баговите во официјалната игра, мислам, имаат патоказ што и како да фикснет, да го направет официјален после цела деценија и да им дадат награда/кредит на дечките кој им ја направија играта игрива. Зошто не го сторат тоа кога веќе извадија верзија со модови?
Elden Ring пола од PC гејмерите изгубија интерес поради што ќе биде локната на 60 FPS (no high refresh rates) а Dying Light 2 на последото гејмплеј видео ми изгледа платонска, голем број работи што беа интересни во ќецот како night chases ќе ги нема затоа што наводно на играчите не им се допаѓало. Од друга страна ќе видиме како ќе реагира светот на изборите што ги нуди играта, што делува интересно. Рано е да и судам, но не очекувам дека ќе биде "wow".
Со GoW веќе влегуваме во 2022 и заедно со Uncharted серијалот. Исто и S.T.A.L.K.E.R 2 изгледа ветувачко, но времето ќе каже.
 
Dajman

Gaining Experience
19 септември 2020
234
401
Да точно, моа грешка. Се маанав дека во декември излегува gow. Elden Ring и со 60 фпс не ќе е лоша реално, али смешно е шо у 2022 сеуште прават игри кај што фрејмовите се врзани со физика. Макар да мислам дека имаше нешо клучно во механиката и темпото шо бара да биде со 60,али не се разбирам од тоа.
Ми врие крвта коа ќе чуам дека повторно ја издаваат Skyrim или gta v,до кога ќе се молзат тие крави...
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,020
Мислења
870,302
Членови
30,356
Најнов член
JanaTrpkovska1
На врв Дно